зошто кога некој со вивакс има проблем даваш совет што конкретно да направи а ако друг има проблем со грее одма советот ти е викај одма сервис?
секој ама секој кој има било каков ќар од поединечен бренд јавно да се произнесе за тоа за ние останатите членови да ги земаме неговите коментари со доза на резерва и да ја проверуваме изјавата од него на минимум две места, затоа што форумов стана место за скриен маркетинг и продажба на клими а не место за споделување искуства,
во последно време почнувам да мислам дека секој втор член на темава е дилер или монтер овде (се извинувам на чесните исклучоци) кој сака нешто да ќари од луѓе кои не се баш искусни на темава, а најчесто и им успева.
ова ми е заклучено по многу стручни изрази кои најчесто просечен корисник нит го знае нит ги разбира што значат во реалноста:
зафатнина на компресорот,
количина на фреон,
капилара/експанзионен вентил,
потрошувачка во вати (уште малку ќе почнете и ампери да пишувате во желба купувачите да се донесат во поголема заблуда),
де било тезгере, де било лесно ко пердув...
најверојатно поединци имаат и повеќе профили за да си фалат свое а да оцрнуваат туѓо, да не набројувам натаму ми се качува притисокот веќе и ве молам ослободете ја темав за нормални корисници за реклама има други начини.
п.с се извинувам за долгиот пост