Абе викни ти и нека ти даде цена за објект без квадрати и други палци ако ти одговара цената арно ако не барај друга понуда. Ти сакаш дневницата да му ја сметаш колку ќе земел (македонска работа) . Кога одиш во продавница се караш за цената на јаболката? Му викаш тебе те кошта 8 денари килограм да го произведиш ти мене 20 ми го продаваш. Многу пари ти се тоа. Хахаха. Ти што работиш кажи и јас за твојата професија ќе дадам пример дека не вреди за сработеното.
Sent from my Mi A2 Lite using Tapatalk
Мене ме интересира на крајот квалитетно сработено и цена како што си ми испратил во понудата, ако ти ми напишеш мене дека цената на квадрат стиропор заедно со вградување кошта 1400 денари за м2, јас ќе ти барам доказ дека си поставил толку, нема лутиш тука, јас плаќам, а ти си должен да ми дадеш оправдување каде се количините кои ми ги имаш напишано на пресметката, а како инвеститор во нормална држава е правилно и да добиеш комплет документација и извештај за сработеното. Ако ти мене ми дадеш понуда за м2 стиропор, а ми калкулираш бруто ѕид со се дупки од прозори и врати тогаш сигурно има некоја опција да ти закачам пријава во пазарен инспекторат или агенција за заштита на правата на потрошувачите (не знам точно кој се занимава со ова), фактички ти ме мамиш при давање на понудата, јас не сум баба ванѓа да ви ги знам математиките дека и прозорите и вратите ги калкулирате како да сте поставиле изолација.
Околу дневницата ич не ме интересира, брзината на завршување на работите уште ми е во корист, побрзо ќе ангажирам некој што има 2-3 екипи и ќе го сработи во 2 дена целиот проект, отколку некој што ќе го гледам да ми се мафта низ двор цел месец.
Друга работа, од такт се вадам кога ќе ми направат лом низ дома и ќе ја збришат, тие што ми местеа абриб кога се договарав ми ветија дека на крај ќе си исчистат комплет и дека ќе си постелат најлон врз паркетот и ламинатот да не капи никаде, јас не бев во државата тие неколку денови, моите дома уште со крсто на чело, кога го завршиле абрибот овие им платиле 100% со доверба дека следниот ден ќе дојдат за да си исчистат, од тогаш око не им видов за чистење, а постелката што ја правеле била најлон од 9 квадрати и повеќе паѓало на паркет отколку на најлон, цела недела не можевме да го исчистиме паркетот дома од што го ишлакале, а на телефон веќе не ми дигаа кога му ѕвонев пичлемињата.
Е од такви заебанции е неопходно да се постави добра регулатива и строги инспекции во оваа област, прецизен договор со обврзување кој што треба да направи, чиста сметка, долга љубов.