Ако тргнеме да ги анализираме сликите на колешката Дида, ќе најдеме многу пропусти. Како што кажав, медиокритетска монтажа, но 90% се такви, излишно е да се коментира...
Изолацијата кај Дида е нова за мене, јас се водев според стари информации:
Прегледај го приврзокот 183774
Секогаш останува опцијата да се јави во сервис и да се провери стручно. Ова нашево е повеќе како "прва помош", дали е пациентот (климата) за на клиника или може да помине со амбулантска терапија.
Што се однесува до тие десетина сантиметри гол бакар ... повеќе боде очи него што прави беља, како што кажа и
@tzlatko.
Секако, најдобро е да си е се скоцкано по П.С., ама ете, ако нема малку балкански шмек, нема да знаеме каде живееме.
Има монтери/сервисери што намерно ги оставаат тие 10цм голи за идна одокативна детекција на кварови (мрзне или не и кое црево).
Тоа теоретски може да ја намали ефикасноста на климата за некој промил, ама му доаѓа како едно екстра отворање на прозор или врата од 1 минута дневно. Никој од нас не се замара толку за многу покрупни работи, а тек за ова не е вредно дефинитивно.
Ако правиме анализа на губитоци на тоа поле, најголем проблем се изолациите што ги покриваат бакарните црева. Тие се ептен шкарт, брзо ги губат изолациските својства, прони се на надворешни влијанија. Иронично, ама таа самолеплива трака со која ги обмотуваат монтерите е многу потрајна, воедно и единствена нивна заштита.[DOUBLEPOST=1516016201][/DOUBLEPOST]
@sasemkd
Ако треба одбери и атомска енергија, само не дрва. Луѓе сме, заслужуваме чист воздух.
Имаш избор на мулти сплит варијанти, една надворешна единица, неколку внатрешни (според потребите). Ако сакаш да заштедиш, тогаш ќе правиш екстра компромис. Една квалитетна моќна клима и сите врати отворени.
Ова се како опции за размислување. За конкретни идеи, предлози, треба да пратиш скица на просторот со информации за изолација и се како што е редот. Добрите луѓе тука на форумов ќе се обидат да ти помогнат, на крајот сепак ти ќе си одлучиш што е најдобро за тебе.