Z
zmej gorjanin
Гостин
Не сум повикан во дискусијава али зборење за објективни стандарди кои ќе мерат дали уметноста е уметност или една уметност е на повисоко ниво од друга уметност/уметничко дело е целосно промашување на поентата на уметноста. Стварно не сакам да звучам ко да делам памет некому и постов го пишувам само ради тоа што сум размислувал на оваа тема (не сум читал теории, ниту сум читал за правци во уметноста). Пред се, уметноста е релативна категорија. Релативна е во однос на културата во која се создава, временскиот период/епохата во која била создадена, бекграундот на нејзините конзументи и креатори (образовно-едукативен, физиолошки, психолошки, општествено-социјален) итн. Најдобар пример е ако земете ситуација во која на повеќе луѓе ќе им покажете уметничка слика од Мона Лиза и платно на кое има закачено мртва птица и ги запрашате кое од овие две ствари е уметност. Нормално, поголемиот дел од луѓето ќе се сложат за првата слика, додека реакциите за втората би биле дека е дело на некаков си артси-фартси исфорсиран ванаби авангарда лик. Но, што доколку сликата му ја покажете на некој си ловец кој рецимо убил милион такви птици, или пак човек кој одгледувал таква птица ко милениче кое имало животна важност за него? Која слика ќе има поголемо значење во овој случај? Нормално дека втората, втората слика ќе биде сликата која ќе разбуди некаква емоција кај овие луѓе, а уметноста го прави баш тоа и пред се ја базира својата главна игра на манипулација со емоциите со цел да ја пренесе подобро пораката/значењето. Кога ќе размислам подобро уметноста е алатката, блендерот кој го цеди сокот/есенцијата од прагматичната и рационалната реалност и го проектира преку нејзините различни форми. Заради тоа и просечниот човек (за каков се сметам и јас) со ограничено ниво на свесност има потреба од уметноста, потребна му е таа алатка која што ги става на пиедестал оние леери на реалноста кои му се недостапни во неговото активно секојдневие како работа,школо, социјален живот, оние леери кои тој ги смета за прекрасни, значајни, суштински, а сепак му се недостижни да ги доживее само на момент. Веројатно постојат и оние освестени мозоци кои веројатно се бројат на прсти, но на разни начини успеале да ја живеат уметноста, да им се радуваат на нештата кои ги опкружуваат (материјални или нематеријални) без да им биде потребна алатка која ќе им го проектира значењето на истите.