Вие си знаете, ама сепак не може да кажете дека затоплувањето на дрва е основен фактор за загадување па тој што се грее на дрва сеа пак да си бара чаре, кога поврзани се тука повеќе фактори... и за сите треба да се бара решение...
Основен фактор е, изгледа помина незабележан линков:
http://www.grreporter.info/en/fireplace_pollutes_air_much_1000_cars/8814
Колите не се ни 1% од загадувањето според мерењево направено во грција. Ние ништо не мериме, само галамиме на твитер.
Tie sto se great na drva a se zalat deka se nema finansii za greenje na drug nacin ili se pravat prosti ili ne im odi matematika 10m3 drva e 30.000den i poveke a so tie 30 + iljadi den ke zemat kvaliteten klima ured inverter primer vivax aeri gree lclh haier tundra i drugi taka da nekoj koga e spremen da dade 30 i kusur iljdi den za drva da ne true so tie pari moze da kupi kvaliteten inverter !!!
Vie kako vikate kako da drvata se bez pari a drvata se 3.800 den za m3 ( m3-metar kuben) ispaga 10m3 metri kubnix3.800=38.000 den
Иако се греам исклучиво на струја, претежно на инвертер клими, не можам да се сложам со изнесеново.
-дрвата чинат 6*2600=15600 денари. Заокружи на 20.000 денари. Ќе згреат една соба 3x посилно од Уруру 24ка
-климата од 30к е многу слаба. На ниски температури не можеш да се грееш со неа ако си во куќа. Ти треба реално некоја 24ка Фујитсу од 80к.
-климата троши струја. Ако си дал 50.000 за клима, не ти е беспари греењето. Си плаќаш сметки месечно. Греето ми потроши 1154 денари од 13.11.2017-31.11.2017 и 1014 денари од 01.12.2017-15.12.2017. Може да очекувам минимум од 2200 денари за декември. Но ова не е зимо, сабајле 9 степени беше. Сеуште е топла есен. Очекувам 4000-5000 денари месечно за една соба кога ќе паднат температурите на -10. Да ставиме 1000 октомври, 1500 ноември, 2500 декември, 4500 јануар, 4000 февруар, 2500 март, 1500 април, 1000 мај, тоа се 18500 денари. Дрвата колку чинеа уште еднаш?
-климата не загадува во моето маало, но РЕК кој ја прави струјата за климата го загадува Прилеп на големо. Загадувањата се огромни, без мерење може само да претпоставуваме колкави се.
Сепак климиве се идеално решение за благи зими (до 0 степени), релативно малку трошат и нудат голем комодитет.