За мобинг секаде имам слушнато дека се жалат, најмногу во Рептил. Буквално кога и да отидам по некоја вработен/а си има отидено, бидејќи не може да издржи. Знам другарче работеше не издржа ни 2 месеци, цело време константно останвуање после работа списоци, пописи глупости, нит ти плаќаат нит ништо, ако се украде нешто вработените плаќаат им кратат, а секакви будали има, нит имаат обезбедување нит ништо. Исто од Стокомак знам, во Карпош 2 жално ми е некогаш да влезам во тој Стокомак, споени 2 гаражи се, со по 2 вработени, хаос е, некогаш цела продавница е ред и нема како да стигнеш до продуктите туку си чекаш од врата и како поминуваш (ко змија играта) собираш и така оди редот. Цело време нова роба, па овие трчаат главата не знаат кај им е, на 5 секунди трчаат робата, па на каса, па продукти ако некој праша покажвуаат, премногу ми е жал за луѓето, и таму цело време различни гледам. Истата фора ја користат повеќето, дека цело време ќе има нови вработени бидејќи живееме во тешка немаштија и затоа им одговара таков начин на игра, профитабилен за нив, со максимално експлатирање, а жален и болен за просечното Македонче, кое гледа леб да обезбеди за утре, струја да плати и лекувања за неговите дома и стварно последно што му текнува е да даде отказ и да пријави за мобинг (ако воопшто не е корумпирано и тоа).
Во Веро цените на акција се исти како Кам и Стокомак. Има продукти што се 30-40 денари разлика во цена, некој цени во Веро не прават никаква логика, пример има рендана салата зелка, сокче некое ко смути или овошна салата парчиња, по 200-300 денари мали канчиња. Нонсенс тотално. Единствено да купуваш на акција, па да користиш поени и да собираш или пак ти треба нешто специфично ко пример специфична водка, 10 видови гледам има во овој во Тафталиџе. Во секој друг случај не би влегол во Рамстор/Веро. Тинекс исто пазарам само на акција, на враќање од Стокомак ако во Стокомак нешто нема, па ако нема и таму идам во Веро (пример пред некој месец немаше марула низ цел град и само во Веро имаше, а недела беше).

Последно уредено: