Најдобрите серии укинати после прва сезона

  • Креатор на темата Креатор на темата Io Sono Interista
  • Време на започнување Време на започнување
Ги има многу, кога нема да ми се спие толку многу ке ги пишам моите најомилени откажани серии после само една сезона ама сега засега како најсвеж пример кој сеуште ми е во глава е новата Британска серија Дирк Џентли правена по комичните дела на Даглас Адамс а која не ни доби целосна сезона.

images

Се работи за холистичкиот детектив Дирк Џентли кој ги решава детективските случаеви водејки се по зен методологија. Се води по квантни механики ама се што набројав досега како што ни ја не разбирам ниту еден збор што значат, он па уште помалку.
Пилотката се снимила 2010 и беше урнебесно добра и тек сега во 2012 и дадоа уште три епизоди да се снимат. Новите епизоди не беа добри како пилотот, изгледа писателите сеуште се обидувале да се снајдат со серијата, што поточно да прават со ликовите и така натака и заради тоа паташе серијата со слаби рејтинзи. Да и беше дадена поголема шанса ке оставеше поголем впечаток. Штета по мое мислење, барем добра актерска екипа имаа собрано.

А да, и Американски Готик со Гери Кол што беше.

images
Прво, го обожавам Гери Кол, по мое мислење еден од најпотценетите актери во Холивуд. Човекот кој од драмска улога лесно може во комедија да се префрли без проблем. Воедно оваа улога што ја имаше во серијава и најдобра во кариерата му е по лично мислење. А серијата е пред свое време, 1995 година е снимена и верувам дека е инспирација на неколку серии што се снимени после 2000 година. Се работи за шериф на мало градче во Америка, Лукас(Кол) кој е корумпиран, убиец, и воедно има натприродни моќи и околу неговиот илигитимен син Калеб кој е производ од силување направено од Лукас. Ако некој не ја гледал, да не расипувам понатаму. Доста добро гледачко доживување е серијава. Безправно откажана пред 16 години а за која доколку побарате сеуште има фанови по нетот.
 
Firefly, можеби и Caprica(мада biased сум поради BSG)
 
Flash Forward и The Event според мене се две Sci-Fi серии кои имаа потенцијал да бидат многу гледани. Имаа ептен јаки стории и настани но ете за жал не го постигнаа успехот што го заслужуваа.
 
Happy Town две-три епизоди беше мислам... ветуваше, вистинска мистерија, Lost meets Twin Peaks беше серијата...
 
:pos:
http://forum.kajgana.com/threads/awake.58574/page-4#post-5037629

До каај си?

Инаку, Happy Town, непосредно после LOST се деси, а памтам суша беше, па ми беше единственото онака.. и ја укинаа. :icon_lol:

Ај да га јебу. Ама стварно се изнервирав. До 7-ма си стигнав таман ликовиве ми се допаднаа, очекувам подобро да биде и што не, и одеднаш БАМ! Ваква вест. А VLJ ми ја препорачуваше пред неколку недели и од него се погоди да дознаам дека ја скинале....... VLJ го кривам за ова!

shakingfist.gif
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Да, и затоа на NBC им посакувам се' најлошо, да не видат хит серија повеќе. You bastards!
Не ти е на место клетвата. Ја ги колнев кога ја укинаа Persons Unknown и што се деси...? Ја укинаа Awake :pos:
 
Не ти е на место клетвата. Ја ги колнев кога ја укинаа Persons Unknown и што се деси...? Ја укинаа Awake :pos:
Па тоа им е финтата, укинуваат колку-толку квалитетни серии со верна база на обожаватели, а оставаат секакво друго ѓубре да им се шета по програмата.

Едит: Кога сме веќе кај NBC и серии укинати после една сезона, мора да ја спомнам Studio 60 on the Sunset Strip. Последната серија која сум ја гледал на телевизија, и тоа на А2. Серијата е типична драма, со одлични дијалози, реални ликови и плус, Чендлер во поинакво издание.
 
Па тоа им е финтата, укинуваат колку-толку квалитетни серии со верна база на обожаватели, а оставаат секакво друго ѓубре да им се шета по програмата.

На третиот твој линк кога кликнав, кога го видов насловот очекував да биде серија со Мајкл Дудикоф. Многичко си сех разочарах шо не е такој.
 
Уште Доналд Трамп избира ученик ? Како не го одбра веќе еднаш, одеше едно такво шоу на една од нашиве телевизии, на времето.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom