Знам дека веќе претерав и дека ризикувам бан за спамирање, ама ми е гајле:
Awake
Не сакам да се повторувам бидејќи доволно пишував на
темата, ама на кратко да кажам зошто ми е криво.
Пред се' серијата има(ше) интересна и специфична приказна. Обработуваше тема која можеби до некој степен ја имало во некои други серии, но овде беше во центарот. Зборувам за темата „Што ако...“, односно, кој тек би го имале настаните откако ќе се случи некаква трагедија. Специфично во овој случај, настаните добиваат два тека и го гледаме главниот лик како (не)успешно балансира помеѓу две реалности. Awake е делумно и детективска серија, но таквите дејства се во спореден план и служат само за привлекување на поширока публика.
Нормално, Џејсон Ајзекс. Моментално во сериите кои се прикажуваат има неверојатни актери, како на пример, Питер Динклиџ, Хју Лори, но според мене Џејсон е врвот. Едноставно во секоја сцена те тера да се соживееш со ликот кој го глуми и да сочувствуваш со неговата болка. Цар.
Друга работа, играта со различните бои во двете реалности. Совршен начин гледачите да знаат која реалност ја гледаат.
Исто, режијата, саундтракот, дијалозите - сето ова совршено се вклопува во една целина.
Ептен ми е криво што серијата ја укинаа бидејќи имаше огромен потенцијал и бидејќи ваква серија ретко се снима. Awake има само тринаесет епизоди и е обавезна препорака од мене.