Најдобра музичка декада?

  • Креатор на темата Креатор на темата Erich Zann
  • Време на започнување Време на започнување

Најдобра музичка декада


  • Вкупно гласачи
    71
  • Гласањето е завршено на .

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.655
Поени од реакции
31.885
Возраст
34
Во склоп со темата Деолуцијата на музиката, ја отворам оваа тема каде ќе може да се гласа и образложи која декада по вас ја даде најквалитетната музика и зошто сте се одлучиле околу истата. Имате неколку одговори, со право на глас за само еден. Потоа ќе ги споиме двете теми во една.
 
70's all the way, најголемит легенди се од ова декада.
 
Гласав за 70-ти, иако фокусот го поставувам некаде втора половина на 70-ти, па и на кај крајот, и почетокот на 80-ти години. Од 75 до 85 пример :)
 
70's ми се all time favorite. Али непристрасно гледано мора да се 80ти. Рокот беше добар, поп рокот беше одличен, попот го достигнува врвот, панкот е во неверојатен подем и што уште не. Декада исполнета со промени, кичерај, нови размислувања, револуции итн итн се тоа прикажно низ секој различен жанр на музика.
 
Тесен е изборот на музички декади. Другите декади се елиминирани, на пример ако јас мислам дека 1790-тите се најдобра музичка декада, го нема тоа во изборот. :(
А ја фанбој на Моцарт и Бах...
Замисли симпатизери на свинг џезот, плачат што не се стаени 30-тите.
Еве ја гласав за пост 2000-та.
Немам рационална причина, не верувам дека може да постои рационална причина во ваков тип на гласања.
 
Последно уредено од модератор:
Постмилениумска. Затоа што има избор. Порано немало радиостаници на секој чекор. Интернет и телевизија....my ass. Луѓето слушале тоа што ќе му се сервира. Исто така и немало многу артисти спрема денес.
Но затоа музиката од минатите декади е поквалитетна, бидејќи тогаш се пробивале талентираните. А денес со пари можеш да изградиш било каква кариера. И тие што знаат да пеат се засенети од тие што продале нива.
2004-та и 2009-та не можев да се одделам од радио.
Фала, чао и пријатно.
 
Можностите денеска да се направи добра музика се како никогаш до сега, нормално заради компјутерите. Арно ама толку глуп народ без слух немало никад. И толку кич музика не се фурала по ТВ и радио ни приближно како сега. Врв е балканов нормално, со слух за музика 0.
Темата е најдобра музичка декада, и нормално тоа е 2000 па навака. Ама кој нешто од таа музика слушнал е друго прашање.
 
Коа ја видов темава, си помислив: леле, Турви ќе го изруга дечково, кој и да е. Гледам, Турви ја отворил темата. Океј. :D
Сме праеле ја и ти муабет за ова, сме се сложиле оти нема декада у која немало добра музика. Денес имаш прееемногу одлични артисти.
До 90ти години немало таква широка лепеза на експериментирање со музика, пошто и немале многу достапна музика.
Со појавата на интернетот, музиката станува лесно достапна и секој може да биде под влијание на секого, па со тоа и многу поекспериментален е креативниот процес.
Коа ќе видиш до пред почетокот на новиот милениум и колку бавно се развивала музиката.
Еве пример еден од моите подраги жанрови, пост рокот, не би постоел со толку голема различност да не би би бил интернетот. Техното исто. Денес има повеќе поджанрови на техно отколку шо имало до 90ти години севкупно поджанрови у сите жанрови, а техното е релативно нова музика дури.

Така да, да, пост-милениумска музика all the way.
 
До крајот на 80-ите е периодот кога се правела оригинална и квалитетна музика, и каде парите се во втор план. Ок, може неколкумина да се издвојат и денес, ама со помош на компјутериве сите гледаат со малку труд да направат брдо пара :D.
Инаку, најголемиот број (легендарни) артисти се од 70-ите. Период кога се поставува основата за денешнава музика.
:kajgana:
 
80-те и 90-те се правеше најдобра музика.
 
Пуштивме едно гласче за осумдесетите. Мојот глас се однесува конкретно на рок музиката, и сите нејзини правци. Во осумдесетите излегле навистина добри песни, никнале бендови од кои некои и денеска свират, а некои не свират ама имаат голем придонес во самата рок музика.

Иако се мислев меѓу 70ти и 80ти, некако окото повеќе ме носеше накај вториве
 
Со оглед на тоа што и ден денес си слушам олд скул рап на Биги, ТуПак, Изи И, Ајс Ти, Биг Пан и да не ги набројувам уште 10тина сигурно екстра квалитетни рапери, си гласав за 90тите.
 
Со оглед на тоа што и ден денес си слушам олд скул рап на Биги, ТуПак, Изи И, Ајс Ти, Биг Пан и да не ги набројувам уште 10тина сигурно екстра квалитетни рапери, си гласав за 90тите.
стриктно за овој правец, 80ти до 96/97ма. Освен тие што ги спомна, Beastie Boys, Public Enemy, De La Soul, Gangstarr, Big Daddy Kane, ATCQ, Eric B, Run DMC итн, многу многу артисти.
 
стриктно за овој правец, 80ти до 96/97ма. Освен тие што ги спомна, Beastie Boys, Public Enemy, De La Soul, Gangstarr, Big Daddy Kane, ATCQ, Eric B, Run DMC итн, многу многу артисти.

Изгледа и двајцата сме фејкери, штом не слушаме рок4е од осумдесетите :D

Чисто да те поздравам :D

Creep with me, as i cruse in my beemer...
 
Сега секое време си има своја музика, и добра и лоша. Ама веќе кога бирам најдобра музичка декада, тоа нека биде постмилениумската. Порано се слушале многу помалку жанрови, а денес се прават различни жанрови, мешавини од веќе постоечките, од што има различни видови песни за сечиј вкус. Така да од крајот на 90ите, па навака според мене ја има најдобрата музика, а и многу хитови излегле.

:)
 
И електрониката, посебно bigbeat-от имаше огромен подем од 80 до крај на 90ти кои години му беа и дефинитивен пад. На почеток со The Cure, New Order, Depeche Mode итн, и вториот дел со The Prodigy, Fatboy Slim, The Crystal Method, The Chemical Brothers итн.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom