Најдобар SMART TV?

  • Креатор на темата Креатор на темата riki pilot
  • Време на започнување Време на започнување

најдобар SMART TV

  • Вкупно гласачи
    65
И по квалитет е така ;)

:D Од кога Филипс произведува екрани? Ова му доаѓа како да ми фалиш Nokia, а 1 дел не е произведен од нив :ROFLMAO: Panasonic не го бројам, затоа што е прескап за нас. Ако споредиме еден Samsung и еден Panasonic, разликата во цена ќе биде +30%. Ако не и повеќе :(
 
Со што споредуваш IPS Panel?

Со LED или LCD двете се исто ,а со iPS е поддруго инаку iPS го има и кај панасоник ,пионер па дури и шарп ,а ете го еЛЏи каде каде е пониска класа со панасоник ,сони и шарп па види сега .
 
Со LED или LCD двете се исто ,а со iPS е поддруго...

Чекај малку :) IPS и LED не се споредува. IPS e тип на екран, а LED е осветлувањето. Исто и LED и LCD :D IPS е LCD! Имаш и LCD осветлен со LED :P Муабетот, дека имале и другите "посилни", па и LG сега е "силен", не држи. И фиќо е кола, ама не е BMW нели? Samsung има Super PLS и дава многу подобри перформанси, а е поевтин за производство. Први со IPS почнаа Hitachi, за да ја пренесат технологијата на Panasonic. Ако веќе споредуваме LCD со OLED(AMOLED) екран, тоа е веќе друго. Генерално, LCD е добар за графика (линии) и текст. За видео, анимации и слично...OLED. Има посилни, поживи бои, потемна црна, посветол е, и троши помалку струја.
--- надополнето: 21 декември 2013 во 15:17 ---
пионер па дури и шарп...па види сега .
Инаку Pioneer купува екрани од Sharp, па види ти сега :D
 
--- надополнето: 21 декември 2013 во 15:17 ---

Инаку Pioneer купува екрани од Sharp, па види ти сега :D

Обратно батка:D Pioneer е тој прв што применува со iPS Panel ама не му оди бизнисот оти беше многу скап над 5000 долари и се откажа производство за ТВ,а шарп го купија патентот за iPS од Pioneer и со тек на време кога паѓаа цените за изработката на iPS Panel и ете шарп го има .А тиа што кажуваш приказни за ЛЕД и Олед и се друго прашај ги другите поупатени од мене бидејќи сега нешто не сум во тек :D
 
Слободно нека каже некој технички спремен, дали сум во право или не? LCD и LED немаат врска едно со друго. Едното е тип на екран, другото тип на осветлување. Различно е, не можеш да споредуваш. Земи во рака два телефона, еден со каков сакаш LCD (нека е и iPhone5) и еден Galaxy 3/4. Сам ќе ја видиш разликата.
 
Добро изгледа си во право,сепак нешто сме побркале за Pioneer оти специјалност му е плазма ,a не iPSPanel или LCD бидејќи Pioneer секогаш праваат само плазма и ништо друго :D
 
Добро изгледа си во право,сепак нешто сме побркале за Pioneer оти специјалност му е плазма ,a не iPSPanel или LCD бидејќи Pioneer секогаш праваат само плазма и ништо друго :D

Ова ќе испадне дека имам акции во Samsung, па сега го бранам :D За плазма екран сум и јас, само што рок на траење е фиксно 3 години.
 
Пиши си до која цена бараш,па да ти препорачаме нешто.Инаку имам дома самсунг од 8 серијата.Нешто незамисливо е и ми се чини дека нема нешто подобро на пазарот.
Е сега со овие поевтините незнам како е.Пред некое време гледав евтин филипс кој беше смарт и со 3д за под 20000 денари.
 
Со критериум - цена - е друг муабетот. Тука се споредува однос цена - квалитет и може да победи било кој модел. Тоа што го добиваш за една цена кај еден производител, кај друг го добиваш за двојно поголема/помала...
 
Слободно нека каже некој технички спремен, дали сум во право или не? LCD и LED немаат врска едно со друго. Едното е тип на екран, другото тип на осветлување. Различно е, не можеш да споредуваш. Земи во рака два телефона, еден со каков сакаш LCD (нека е и iPhone5) и еден Galaxy 3/4. Сам ќе ја видиш разликата.
Само LCD на кажува ништо. Она што кај нас се подразбира под LCD е всушност LCD CCFL, односно LCD екран осветлен со неонки, а LED e LCD LED, односно LCD екран осветлен со диоди.
 
Само LCD на кажува ништо. Она што кај нас се подразбира под LCD е всушност LCD CCFL, односно LCD екран осветлен со неонки, а LED e LCD LED, односно LCD екран осветлен со диоди.

Тоа и јас го пишувам цело време :)
 
Пиши си до која цена бараш,па да ти препорачаме нешто.Инаку имам дома самсунг од 8 серијата.Нешто незамисливо е и ми се чини дека нема нешто подобро на пазарот.
Е сега со овие поевтините незнам како е.Пред некое време гледав евтин филипс кој беше смарт и со 3д за под 20000 денари.

до 20 илјади денари ми се дава не барам некојси којзнае што тв мислам на оние што велат 3д биле добри па земај од 40 инчи па нагоре подобар бил и ред др раб натака, смарт мислам дека е најдобро бар ке имаш youtube facebook i skype и не мора секогаш да сум на компјутер и мислам дека ми одговара 32 инчен тоа за мене е доволно е само ме интересира која марка е подобра издржлив тв некој од вас ако има искуство со тв слободно нека каже
 
Back
На врв Bottom