Најдобар македонски метал бенд?

  • Креатор на темата Креатор на темата Devil-King
  • Време на започнување Време на започнување

Најдобар Македонски Метал Бенд?


  • Вкупно гласачи
    133
Мешуга, добро сервирана поента :)

Иначе, јас сите што ги познавам ме убедуваат да ги откажам ДфЛ и засега никој не успеал да ме замисли за нивната неинтелигенција, плагијаторство или гејство. Сите се вадат на некои банални моменти како девојчињата што трчаат по нив, лукзусноста на изданијата и што знам јас што. Да, да, многумина префрлаат како ДфЛ биле дечиња на чорбаџии, па можеле да си дозволат врвна продукција.Не знам што ќе слушнам следно, можеби членовите ја потплаќаат неколку-стотната публика што постојано ги прати на настапи? Преку клит од вакви патетични муабети. Жими се, понекогаш мислам дека лајнава се плод на некоја глупава завист.
Туку да ве питам бе деца, како можам да ги набавам изданијата на Нихилист?

Нема потреба од потплаќање на публика која што сака тренди музика, а тренди публиката е увек мнозинство. Настрана муабетов, неможам да одолеам на дискусија за ДФЛ. Зошто тоа се збори само за ДФЛ? Зашто имаат два албума? секако не...
 
Бидејќи ти се допаѓа нивната музика :)
Санаториум се стварно бенд за респект
Точно! За мене Санаториум е најјака метал група во Македонија. Кога почнував со метал, тогаш ги запознав и нив.
 
Холокауст не се лоши...лани коа тепаа на тоа винер фест бев ги гледав и за нив гласав..

Иначе...нема споредба на македонската сцена со група како САНАТОРИУМ !!
Најдобри на сите времиња!!
 
апсолутно се согласувам за САНАТОРИУМ...тоа што беа предгрупа на SOULFLY (Max Cavalera) во СК пред 5 год.,доволно кажува колку вреди овај black metal бенд.Само малку не ми се допага религиозната определенст на оваа група.Наликуваат по малце на Cradle of filth... :oftopic: Бев на концертот на SOULFLY и закон поминав :vozbud:
 
Санаториум е треш - метал. Не знам дека биле предгрупа на Соулфлај, но знам дека беа предгрупа на Моторхед, во Софија. Требаше Ајрон Мејден да бидат наместо Моторхед, но Јаник Герс, на некој концерт во Германија, си ја скршил раката.
 
Нема потреба од потплаќање на публика која што сака тренди музика, а тренди публиката е увек мнозинство. Настрана муабетов, неможам да одолеам на дискусија за ДФЛ. Зошто тоа се збори само за ДФЛ? Зашто имаат два албума? секако не...
„Убав е Кирил :back: Ај ќе слушаме ДФЛ :back:“
Поради ваквите гнасни појави како оваа групите се генерализирани како шит....

Инаку што се дешава моментално со Санаториум ? Никој не ги спомнува, нигде ги нема. Општо постојат ли веќе?
 
Постојат, чинам имаат снимено и демо, али ете тоа демо никако да излезе на виделина, патем Сaнатаориум беа предгупа на Соуфлај во Белград, овде предгрупа им беа Point Blank.

Да Јоки за истиот Дарко правиме муабет, види како ќе се снајдеш, мислам треба да го имаш Another Dispersion of Hate.
 
Нема потреба од потплаќање на публика која што сака тренди музика, а тренди публиката е увек мнозинство. Настрана муабетов, неможам да одолеам на дискусија за ДФЛ. Зошто тоа се збори само за ДФЛ? Зашто имаат два албума? секако не...
Гижо беее, не ме терај пак да почнам да ја тупам :)
Што е тренди во музиката на ДфЛ? Точно е дека има многу модерни моменти, но модерни дет елементи што тренди светот не може да ги поднесе. Кога веќе се споменува "публиката", мораш да земеш впредвид дека пола од нив не слушнале ништо потешко од Никелбек, па сега гледајќи фини фаци трпат тешка дисторзија и мислат дека се експерти за метал. Аман, тргнете ја настрана гнилата фан зона (што ја има секој бенд) и гледајте ја музиката на бендот. Е сега премногу е субјективно што за поединец е добра музика, затоа не дискутирам за фактот што не ја сакате ДфЛ-овата.

Иначе, кај се зборува само за ДфЛ? По локалните збиралишта? Или на форумов? Зад добриот коњ секогаш прашина се крева ;)
 
Прв пат слушам за Formless Terror?
Нешто Myspace или слично имаат за да се чуе што се како се?
 
http://www.myspace.com/formlessterror
Повели линкче. Иначе се работи за бенд во кој членуваат дел од дечките на Ембриотоми, кои пичат некој мрсен дет/грајнд шо знам јас што е :) Пребрутално е во секој случај :)
 
Заборавив, Fusnota се крцкав бенд (по мои критериуми). Само уште да извадат парче официјален матерјал и мрсно ќе биде :)

Во план е да се случи вадењето на официјален материјал доста наскоро.
Инаку, на темата, Jeckyl и покрај тоа што можеби не се вклопуваат во најстрогата дефиниција на `метал` се доста океј бенд, жал ми е што само еднаш ги имам гледано. Останати бендови кои мислам дека заслужуваат место на темава се Forbidden Apple, Storm, Totem...
 
Добри се Formless Terror, заборавив да ги набројам во мојот пост погоре. Заради Formless Terror и Last Act Of Defiance се вратив на делови од Струга :)
 
Dobri se formless terror sakam da kazam po4nuvam da se z brutaluvam na nase zatoa mi se dobri i edno prasanje za blind dali infected mushrooms se trans ili poveke li4i spored mene kako Psychedelic metal so primesi na trans
 
Добри се Formless Terror, заборавив да ги набројам во мојот пост погоре. Заради Formless Terror и Last Act Of Defiance се вратив на делови од Струга :)
Last act of Defiance ми се допаѓаат но покрај настапот на Пиволенд ги немам сретнато на друго место :toe:. Имаат интересен crossover звук и солиден вокал :)
 
Last act of Defiance ми се допаѓаат но покрај настапот на Пиволенд ги немам сретнато на друго место :toe:. Имаат интересен crossover звук и солиден вокал :)
Првпат ги слушнав на Дојди Веслај фестивалот во Струга и многу ми се допаднаа нивните песни. За жал, немаат ни сајт ни myspace за да ги слушнам и дома. :toe: Најверојатно дечките спремаат албум, па сакаат да не изненадат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom