Прва победа на шампионот Работнички во пролетната полусезона од Првата фудбалска лига на Македонија. По три последовни порази актуелниот фудбалски шампион на Македонија, Работнички се израдува на победа.
Првата пролетна дојде на „Градски“ против Пелистер со 2:0, на отворањето на 23-то коло.
Со новите три бода „Романтичарите“ барем до утре ќе скокнат до четвртото место. Пелистер не направи ништо да се мрдне од дното.
Моментално, Работнички има 31 бод, исто колку и градскиот ривал ФК Вардар.