Т
Триптико
Гостин
Овие во Македонија се?Солун, Петрич, Благоевград, Воден....
Другово у курац отишло....

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Овие во Македонија се?Солун, Петрич, Благоевград, Воден....
Другово у курац отишло....
Токио, Вавилон, Каиро, Њу Делхи, па и Сиднеј,Мелбурн,Чикаго и секаде каде што живеат Македонци кои имаат донирано по 5 долари за знамето...........Па би можело да ги уклучиме и овиеМакедонски градови се,покрај под странска окупација шо се моментално,еден ден ќе бидат пак македонски
Ако бил некој нека ги брои,Солун,Кавала и даље .Малку нека има појќе избор на темава
![]()
Таму е убаво да се отиде на одмор 10 дена. Повеќе од 10 дена ќе те фати сафра, тоа ти го гарантирам. Фино и идилично звучи се што си напишал. Ама... Берово е место кое е скоро расселено. Само старци живеат таму. Пред некоја година, во прво одделение, во ОУ Дедо Иљо Малешевски, беа запишани 32 првачиња. Тоа е греота. Замисли да се преселиш таму, и родиш деца таму. Со кој твоите деца ќе се социјализираат, со кого ќе се дружат, и со кого ќе растат? Со бабите и дедовците од по 80 години. Јас имам многу близок случај од моето најтесно семејство, што е од Берово, и има работно место за кои пола млади од Македонија сонуваат, ама, џабе е се, кога излегуваш на улица, и само кучиња и коњи гледаш. Ни луѓе, ни млади, ни со кој да проговориш.Берово
Мирно, тивко место надвор од целиот гратски метеж и збиднувања во Македонија.
Одлична природа, околина и чист воздух, умерена клима во лето со малце пониски температури во зима.
Гостољубиво население, воглавно надпросечно едуцирано за наши стандарди, претежно од македонски етникум, каде што криминал е непознат збор.
Може овака изгледа како да е на крај на свет, но сепак беровци се добро поврзани со Струмица, а и со Бугарија.
Главниот проблем би бил финансиите, но ако си финаниски обезбеден, тогаш е рај на земјава.
Мирно, идилично место со прекрасна природа, и има најубаво македонско сирење,. Што повеќе треба?![]()
Зошто?Темава треба да се прекрсти "Од кој град или од кое село сте?" и ќе имаат смисла одговориве...
Во Маќедонија нема планина Пелистер!!!Битола,
Блиску има езера Охрид. Преспа, планини Пелистер , река Драгор, историски споменици, Хераклеа, убава чаршија. убав парк убав пазар. Блиску е Грција, блиску е Скопје., блиску е Кавадарци и понатаму Неготино, Валандово или Прилеп Велес или Демир Хисар ,Кичево итн се е блиску. Еве и пригодна песна
https://www.youtube.com/watch?v=ci_oFkL-KhA
Инаку да појаснам - јас не сум роден во Битола, ниту некогаш сум живеел во Битола
Единствена мана му е ЗОНСКО
Во Маќедонија нема планина Пелистер!!!
Скопје и не е толку блиску
Инаку битола е убав град само има премногу Турски обележја а ниту едно Македонко обележје.
Башка во Битола е создадена Албанската азбука, со што ....
кој да те сфати кој да те разбери шо кажа
битола е еден од поважните градови во отоманската империја,има оставено доста белези од тој значаен период за регионот,тука поминувал виа игнација и се арно само поделбата на мкд и ставањето граница значи смрт за овој регион,дотогаш голема територија на села и помали градчиња зависеле од овој град и имал големо значење во секој план и во секој сегмент на живот...........
не знам што очекуваш да има во градот,град е како град и тоа не како секој,тука е Хераклеа создадена од кралот Филип2 татко му на Александар Македонски,тука се безброј цркви и манастири од најстари времиња на христијанството,џамиите што ги примети се изградени на темели,тука е градскиот часовник кој те работи механички и со звуци кои ги поседува те не работи,од поново време можеш да уживаш на убавините на Пелистер во хотелот Молика кое е солидно издание,да се релаксираш на езерото Стрежево кое ги снабдува градот со вода и РЕК Битола кој ја напојува твојата држава бар со 70% од електричната енергија,можеш да се воодушевуваш на битолското “зелено море“ кое го храни твојот народ,можеш на кратко време да тркнеш на кратко и брзо време кај нашите комшии на југ на едно еспресо,гиро,метакса,да испазариш нешто што го нема во нашата сиромашка држава и да биде поквалитетно,но и поскапо се разбира,не знам до кај можам да ја должам,ете да скратам на Битола и треба стандард,повеќе отварања на работни места за посолидни плати со кои можеш достоинствено да проживееш и да одгледаш фамилија без да се вбркаш и криеш од инкасаторите,друго имаш скоро СЕ,имаш и ноќен живот до раните утрински часови итн итн.........значи најважното ни фали,не сме страдни од градби и слично.............Ќе бидам појасен, мојот коментар беше дека во Македонија не постое планина Пелистер туку тој сигурно мисле на планината Баба. Второ да Битола некогаш била голем центар под Турското ропство, но кога ја отворив темата јас мислев за најдобар град за живеење во Македонија во денешно време. Битола уште сака да се ваде на стара слава на слава од Турското ропство и ние место да го скриме тоа, ни е се повеќе го спомнуваме, на мене лично ми смета што Битола го форсрираат тоа. Со други зборови, тубме кафе (македонски: кафе на ридот), широк сокак (македонскиЧ широката улица), безистенот (макеодоски: затворен пазар) чаршијата и еден куп џамии се турски обележна од Турското ропство. Или создавањето на албанската азбука е во Битола со што си имаат свој датум што си го слават.
Ти кажи ми едно македонско одбележле во Битола но што е значајно за Македонската државност, или некој значаен датум значен за Македонците.?