Најдобар град за живеење во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата NonameMacedonia
  • Време на започнување Време на започнување
Проблем? Ми нудат за 16.000ден. работа во Скопје чисто онака. Кој му стиска нека рента стан и нека живее со 16.000 у Скопје. Мене не ми стиска.
Што е проблематично толку да се најде работа во град од 1.000.000 жители? А да егото и преценетоста на вашиот труд. Упс. Стандардниот Скопски синдром. "Што се замишља он/а"
Ќе си најдеш цимер/цимерка па може ќе ти стиска
 
Проблем? Ми нудат за 16.000ден. работа во Скопје чисто онака. Кој му стиска нека рента стан и нека живее со 16.000 у Скопје. Мене не ми стиска.
Што е проблематично толку да се најде работа во град од 1.000.000 жители? А да егото и преценетоста на вашиот труд. Упс. Стандардниот Скопски синдром. "Што се замишља он/а"

Нема никаков проблем и ич не е тешко да се најде работа во главен град. Едноставно излегуваш на улица и најмалку три компании ти нудат работа, како во Охрид што нудат соби.


Sent from my GT-I9300 using Tapatalk
 
Ќе си најдеш цимер/цимерка па може ќе ти стиска
Да само кога наближуваш 30ка а живееш во таков студентски филм почнуваш да се запрашуваш What a fuck am i doing with my life?!

@Дињата на Анчо
Дај бе што е проблем. Невработен си? Да ургирам имам врски за Тинекс, или понижување е да се работи таму?
 
Берово
Мирно, тивко место надвор од целиот гратски метеж и збиднувања во Македонија.

Одлична природа, околина и чист воздух, умерена клима во лето со малце пониски температури во зима.
Гостољубиво население, воглавно надпросечно едуцирано за наши стандарди, претежно од македонски етникум, каде што криминал е непознат збор.
Може овака изгледа како да е на крај на свет, но сепак беровци се добро поврзани со Струмица, а и со Бугарија.

Главниот проблем би бил финансиите, но ако си финаниски обезбеден, тогаш е рај на земјава.
Мирно, идилично место со прекрасна природа, и има најубаво македонско сирење,. Што повеќе треба? :)
 
Мене вака Куманово фино градче ми се виде, нема многу различни етникуми и религии само Срби, Албанци, Роми, Македонци, Христијани, Муслимани, сите сложно живеат, работа има колку сакаш, доаѓаат дури од Авганистан овде да работат, пошто градот има многу да понуди. Урбано уреден град, плански граден, многу ми се допадна поготово тоа диво насеље, исто така одлична автобуска имаа, музејска вредност, баш како да застанало времето таму. Многу сум воодушевен, се гледа дека многу се вложило во овој ни прекрасен, мултикултурен, втор по големина град во Македонија.
 
@Vori
Не знам зошто, ти го нема постот на кој си ме цитирал, сеедно ќе го напишам постот кој го планирав :D.

Од страна на местоположбата и природата која го опкружува, Прилеп е прекрасен град. Климата е ок, ретко студовите и топлотните бранови се екстремни, ниту пак сме загадувани од фабрички погони. Се во градот е блиску, 15 минути со точак ти се потребни од едниот крај на другиот. Архитектонски градот живна ( :bravobe: за мацко и паркчињата негови), Могилата се среди како шо доликува, никнаа нови згради, новата автобуска е многу полична и пофункционална од старата, влезот во градот тип-топ се изгради....

Е сега потешкиот дел :D. Сообраќајот на прво место е хаос. Имаме само 2 улици со по четири ленти, од кои едната се користи и како паркинг па имаш само 2 достапни ленти за возење. Премногу тесни улички има, во кои е тешко и една кола да помине, а не пак две да се разминат.Сообраќајната култура е на најниско можно ниво. Почитување на правила? Какви правила бе, не заебавај во Прилеп сне ебаго. Пешаците се исто така минимално обзирни кон околината и сообраќајот, ко муви без глави претрчуваат. Паркирањето....:cenzura:. Дупките по улиците исто излишно е да се коментираат, капак на се и водоводот цела година скоро го менуваат, уште толку се раскопа и се растури уличната мрежа,

Луѓето - претежно малограѓанство и традиционализам. Никаква желба за себеспознавање, издигнување и образование. Буквално стадо овци, водени од бледо копирани трендови. Како шо е тргнато, во градов ќе останат само учениците, пензионерите и тие со книшка, другото сето е разбегано, посебно летово, секој втор е заминат Америка или Германија.

Културата живурка, морам да го пофалам театарот кој според мене е веднаш за МНТ и Драмски во секаква смисла, освен финансиска и инфраструктурна, и е водечка културна гранка во градот, заедно со театарскиот фестивал. Изложби има редовно, галеријата си е постојано отворена, а пак киното е загревотно. Од страна на кафичи и клубови, во моментов работат само 6, од кои Вирус чат-пат и тоа секогаш со турбофолк бенд, Калипсо кој е "шемата" моментално и си е мејнстрим клуб шо ја збира рајата, без разлика дали бил диџеј или Тропико бенд, Арт кој нема никаква врска со старата Апореа и претежно збира средношколци(крем-рокери) и тоа ексклузивно во сабота(петок е chill out night :pos:), ВИП кој е единствен клуб отворен после 1 навечер и си тера стандард турбофолк шема, со ретки испади на диџеји и "рок најт" со Бени Шакири, Имиџ, кој еднаш на 3 месеци вика бендчиња и Таке 5, за мене омилено место, со најкултурна и најискулирана клиентела и со супер настани во петок и сабота(од џез квартети, до ZAA).

Спорт до лани немавме скоро ич, фудбалот сите знаат на кое дереџе дојде, ракометот конечно колку-толку се врати годинава, кошарка нема ни школи, а не пак клуб.

Од страна на бизнис, има и фабрики и погони, ама џабе. 10 фамилии го крепат Прилеп, богатејќи се на работниците кои примат 150-200 евра плата, а најчеста професија е келнер и продавачка. Продавници/мали бизниси има колку ти душа сака, ама куповната моќ на населението знаме сите колкава е и колку често инспекциите ни идат на гости. Многу среќа ти треба за да се снајдиш и да влезиш дали канцелариски работник, дали менаџерче во некоја фирма, а и тука може да те спречи факторот врски/фамилија/книшка.

Во 5 сабајле, толку ми текнува :D.

Јас лично, нормално е да сум сентиментално врзан за Прилеп, ама ниту посакувам ниту замислувам овде да живеам цел живот. Скопје >>>>>>>>>>>>Прилеп.
 
Јас од секогаш сум сакал да живеам во Струга. Секогаш ми било желба, едвај сум чекал како мал да идам кај роднини за лето:)

Езеро, чаршија, дрим, све е блиску и убаво. Единствено што од порано малце е по не чишто. И народот е исто така супер, иако има многу албанци.

Охрид ми е некако многу по пун и по не убав. А за Битола не сум бил од дамна па немам многу зборови.
 
Скопје

За 24 сати наоѓаш работа
Во радиус од 10км ти се 95% од збиднувањата во Македонија од културен политички забавен спортски и секаков карактер.
Сиот здраствен систем.
Сите институции,
Целиот капитал од државата се слева на тоа место.
Сите трговски центри и брендови.


Значи ебеш ти ако за еден филм треба да патуваш 120км
Ебеш ако за еден концерт треба да патуваш 120км
Ебеш ти ако за еден документ треба да патуваш 120км
Ебеш ти ако за еден контролен преглед треба да патуваш 120км
Ебеш ти ако за да се исексаш со некоја/го а да не знае пола град треба да патуваш 120км.

Тоа што не ви чинело Скопје ви било жешко и не се дишело а на зима ви пречела маглата.
Е*ете си пиперот продајте капитало и ојте Мак Брод и Виница да дишите чист воздух и да се фрустрирате или одговара секој викенд на Матка и Водно и Мариово и Мавров.....
Ебеш ти ако земаш иста мизерна плата ко од провинција, а плаќаш 5х поскапи цени ко да си у Минхен.
 
Македонска Каменица, Демир Капија, Делчево, Берово, едноставно сакам мали гратчиња со мал број на жители. Скурчено ми е веќе од Скопјево, понашањето на луѓето е дно-дна... недајбоже услуга да побараш, како фамилија да си им опцул (n)
 
како бе нема? Има како нема , не си го видел ти. Реално гледано Драчево има подобри услови за се‘,а и е поголемо од 70% од градовите низ МКД. Сеуште не ми е јасно како не станавме самостојна општина до сега.
Тоа беше шега ! На база на сличен разговор од типот Драчево е село , како бе село не е село , епа ако не е село има ли центар ?? Има ! Каде ? Па на сред село :) !
Инаку јас сум поврзан многу години со Драчево , сум живеел таму , до скоро работев таму и јасно ми е дека има повеке атрибути за град отколку некои градови !
 
Прво и основно е дека Скопје си е Скопје и е најдобар град за живеење. Ако некој друг град беше подобар од Скопје немаше сите да се пикаат во него.

После Скопје други градови добри за живот се Струмица, Гостивар, Битола, Прилеп, Куманово, Штип и да речеме Охрид и Струга. Поразвиени градови се, го имаат она што ти треба за денешен живот, градовите имаат добар ноќен живот, можеш да најдеш работа............, но ако во некој од овие градови не најдеш работа, бегаш за Скопје.

:)
 
Пехчево.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom