Најдобар дневен весник

  • Креатор на темата Креатор на темата duffy_f
  • Време на започнување Време на започнување

Најдобар весник

  • Дневник

    Гласови: 38 18,2%
  • Утрински весник

    Гласови: 11 5,3%
  • Вест

    Гласови: 81 38,8%
  • Ден

    Гласови: 12 5,7%
  • Македонски Фокус

    Гласови: 3 1,4%
  • Нова Македонија

    Гласови: 19 9,1%
  • Вечер

    Гласови: 13 6,2%
  • Македонски спорт

    Гласови: 31 14,8%
  • Не читам весник

    Гласови: 1 0,5%

  • Вкупно гласачи
    209
Tatko mi kupuva vreme, taka da vreme si go citam. Jas kupuvam mak sport ali samo u ponedelnik:)
 
Нова Македонија е најдобар дневен весник и е нај обемен и различен од другите. Другите сите си личат еден на друг.
 
не ми се допаѓа што сите весници кој имаат он-лине издание се Цензурирани (од самите уредници), па или нема можност за коментирање илчи коментарот ПРВО се одобрува...можам и да сватам да се цензурираат коментари против Грујо или Бране, но се штитат локалните нмокници, спонзори, итд... и тоа самите новинари, а после ќе кукааат немало слободи на печатот
 
Веќе 3 години и кусур ги пролистувам сите весници што се печатат во Скопјево (освен спортските и рамковните) и малку е тешко да се избере најдобар. Гласав за Нова Македонија од едноставна причина што има Пусто Турско :pos:

Ајт сеа со ред секој весник посебно. Ќе гледам редоследот да биде според тоа колку време излегува секој од весниците.

1. Нова Македонија - имаше комплетен ремонт пред 3 години кога смени скоро цела редакција, и формат на печатеното издание, се појави и онлајн. За почит е тоа што гледаат мошне реално на работите и пишуваат во тој стил. Не се воздржуваат од критикување, меѓутоа се и многу расположени за фалење доколку нешто заслужува пофалба. И да ја поздравам другарката Р.З. А вистинските рокери нека читаат секој вторник, колумна од Киро Трачер.

2. Вечер - весникот на Бојо Андрески уредуван од страна на Латас. Сосема очекувано со пофалби за секој владин проект, и целосна поддршка за активностите на општините каде што градоначалниците се од ВМРО. На страна сето ова имаат одлична екипа. На средната страница ја објавуваат ГОЛАТА ВИСТИНА (се друго лага е). И да ги поздравам другарчињата Џото и Батев. п.с. вебмастерот е бифш кајганџија кој се одзиваше на јузерот motaro

3. Дневник - првиот весник во независна Македонија. Обемен, полн со содржини. Полн со додатоци. Едноставно полн :) Инаку дел од МПМ управуван од Керим и соодветно негативно настроени кон власта. Топла препорака од мене за сите кајганџии да ги погледаат фотографиите кои за Дневник ги прави Маја Златевска.

4. Утрински Весник - весникот на Трифке наш, голем маш. Комплементарно издание на Дневник (исто така дел од МПМ) Единствено ми се допаѓаат стриповите на претпоследна страница ХОГАР и Гарфилд. Петр Стојановски е најдобриот папарацо во Македонија.

5. ВЕСТ - читај и мисли слободно, ама буквално :) Има највеќе забавни содржини, интересни вести од светот. Има и „Зграпчи го денот“. Групациски потпаѓа под МПМ меѓутоа јасно се одвојува од другите 2 весника од истата групација. По формат најмал, но со највеќе страни. Идеален за да го ставиш во џеб и да си читаш кога ќе имаш слободно време. Огнен Теофиловски е фотограф воедно и на Ројтерс.

6. Време - грепка весник, во сопственост на газда Велија. Цело време препукување со власта, со другите редакции... за жал ми спаѓа во обврски да видам што се пишувало таму. Да не е тоа никогаш не би го ни погледнал весникот. Мислам дека ако се забрани ставањето грепки во весници ќе пропадне овој весник.

7. Шпиц - најмлад по стаж и најлош по квалитет. Вториот весник од газда велија, бонус е тоа што главен уредник е блоГЕРО - Бранко Геровски. Долго време го даваа беспари за да шири разни пропаганди па откако секнаа некои средства решија да го прават таблоид, но тоа се покажа како неуспешен обид, па на крај рештија да го прават класичен весник за 5 денари. Во меѓувреме во него го вклопија и неделникот Сега па доби на број на страници. Доколку ви се читаат колумни од кајганџии купете го во сабота. Топол поздрав до Радослав Вујовиќ, затоа што е добар момак и е канонџија.
 
Дневник се разбира, најмногу ми се допаѓа што во последо време има фелјтони.
 
Вест.Најмалку политика содржи
 
Со новиот дизајн „Дневник“ потврдува дека е водечки весник на пазарот. Одличен ребрендинг, а посебно ми се допаѓа саботниот број, каде што покрај „Дневник“ има „Дневник 2“ (нешто како што беше додатокот „Викенд“ порано, кој сега го нема) и политички магазин „Публика“.
Покрај „Дневник“, „Вест“, „Утрински весник“ и „Нова Македонија“ не ми е јасно како уште излегуваат крнтии од весници како „Вечер“, „Време“ и „Шпиц“, кои се одвратни во секој поглед.

06F0849D6BFB174EB0272CFB8CD02814.jpg
 
Дневник го уништија со новиов изглед. Не беше којзнае што, ама сега е катастрофа. Инаку најдобар според мене е Вест.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom