Најдобар бурек според вас прават во...

  • Креатор на темата Креатор на темата Necrophilia
  • Време на започнување Време на започнување
Само мене ли не ми се свиѓа бурекот кај Рамче :(

Па изгледа само тебе...:icon_mrgr: Да не му беше убав, немаше да има редици дури надвор од локалот. Викам дека корите и на симитот и на бурекот му се милина, ни премногу мрсни, ни премногу суви. Го имаат тој сенс торбешиве што знаат да трефнат бурек како за душа, за тоа им симнувам капа.
И да, геврекот исто е топ.
Се му е топ
 
Многумина од вас ја немаат фатено Ванила на времето,тој бурек беше 10ка од 10.Последен пат јадев од тој бурек 98ма у војска,у касарна Илинден.Фантазија беше.Едно време и оние трујачине Цујо имаа перфектен бурек,али дека го правеа со ронки од сирење на времето
п.с од мене доста е веќе со буреци,на 9ти Април дојдов до сега 6 кила сум накачил :D
 
Во Топанско Поле, во трговскиот бурекџилница Босна, јадев Сараевски бурек (на ленти и на мерење), најдобро нешто што го имам пробано до сега во Скопје. Врв беше и со месо и со урда/спанаќ. Кој го носи патот натака обавезно да застане да проба.
Бурекот во Босна е солиден да али за парите што го плаќаш дава премалце т.е 3 ленти да не се лажеме. Последните 5-6 пати јадеме со колеги од таму и прилично малце е за 75-80 денари по нашки четврт, а за споредба во Маче или Силбо за тие пари реално си ок најаден. :)
 
Последно уредено:
Пред неколку дена, на ул. Московска во Тафталиџе, спроти пазарот е отворена пекара Кисми Ванила. Бурекот наликува како порано што се правеше, со повеќе слоеви тесто, растресит, богат. Што е најважно, не се осеќа вкус на палмино масло, како што, за жал, е во другите бурекџилници. Побрзајте, додека не го расипале. Имаат и солидни симит погачи
 
10ка во Сингелич е за пофалба
Да, ако потекнуваш од Етиопија или Уганда и не си јадел 2 месеци. 10ка беше добра пекара пред едно 7-8 години, од тогаш навака се тешко дно а со цени се прилично солени за локацијата. Дезо е измислено за 10ка, до душа за бурек не можам да зборам зашо од Дезо едино бурек немам пробано, али судејќи според другите производи веројатно и бурекот им е топ. Кога сме кај бурекот, One and only БУЦКО на автобуската кај кино Маџари, кој пробал знае. Мада сеа начув муабет дека стариот починал па син му ја преземал работата така да од него немам пробано како е, али додека беше жив стариот бурекот беше ПОРЊАВА.
 
Веќе 2 години како е починат стариот и не е ист бурекот, премногу е мрсен и го нема тој вкус што го имаше на времето, за жал. Неколку пати имам земено за да видам дали се има опраено ама едноставно не е тоа тоа.

А за 10ка не би коментирал, можда бил ѓубре пијан па затоа му се допаднал бурекот иначе у глобала се дно дна, имаш празно лиснато и лиснато со шунка и кашкавал таму, а во реалноста и двете се празни.

Дезо за лиснати и отворени пици е врв, бурекот и јас го неам пробано па не би можел да искоментирам.
 
Веќе 2 години како е починат стариот и не е ист бурекот, премногу е мрсен и го нема тој вкус што го имаше на времето, за жал. Неколку пати имам земено за да видам дали се има опраено ама едноставно не е тоа тоа.
Претпоставував :( Штета, култен бурек беше тој во Буцко, стариот правеше нешто што е баш уникатно. Син му е посебна легенда, ЃОЦЕ се вика, едноставно сонува братот, имаше ситуации кога сме си иделе камен пијани од град и ајде да лапнеме бурек со јогурт кај Ѓоце, идеме и му викаме дај четвртина со кулен и едно јогуртче и братот вика земи си сам јогуртче од фрижидер и идеме да земеме гледаме 3423423 дена поминат рокот. :ROFLMAO: Му викам абе брат поминат рокот ептен и он мртов ладен ааа епа батали го бе земи си друго ќе го земе тоа некој друг. :icon_mrgr::icon_mrgr:

Иначе и за Дезо претпоставував за бурекот зашо никој не го ни збори, сите го зборат за лиснатите, кроасаните и слично. Леле тие со кашкавал што им се лиснатите, ауууууууууууууууфффффф, вријат кашкавал.
 
Вегера во карпош карши бензиската окта има добар бурек со шунка/павлака, квалитетна исполна а и корите се ОК, не е најдобар на свет али не разочарува никогаш.
 
Пред неколку дена, на ул. Московска во Тафталиџе, спроти пазарот е отворена пекара Кисми Ванила. Бурекот наликува како порано што се правеше, со повеќе слоеви тесто, растресит, богат. Што е најважно, не се осеќа вкус на палмино масло, како што, за жал, е во другите бурекџилници. Побрзајте, додека не го расипале. Имаат и солидни симит погачи

Јадено денес после подолго време, одев на времето во првиот нивни дуќан во Маџари додека беа уште со 2 маси само и потврдувам пишаното.
 
Вака така тоа Маџари само за пекари и сендвичари го читам , мора да се отиде да се проба здравје кога ќе дојдам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom