Надминување себеси?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
277
Возраст
38
Колку често ви се случува во позитивен и негативен контекст да се надминете себеси?

Дали ви се случува со некоја постапка неочекувано да се изненадите од своите способности и карактеристики, или пак да се разочарате од вашите "неочекувани„ мани?


amazement_2.jpg
 
Се случува да се надминам себеси... пример идам у теретана, вежбам. Стаам ненормална килажа за мене. У позадина некоја бесна песна и дигам ко луд :)))
 
Не многу често, но сепак ми се случува да се надминам себеси без разлика дали позитивно или негативно.
Се имам позитивно изненадено во однос на издржливоста и борбеноста и тоа неколку пати до сега.
Негативно се имам изненадено на тоа колку фригиден можам да бидам кон некои работи а понекогаш и доста злобен без око да ми трепне.
Ми се сфиѓа што ете сепак имам нешто кај себе што понекогаш може да ме изненади.
 
Сабајле ја отворив темата онака случајно, попладневно видов дека сум положил 2 испита за кои бев сигурен дека ке ги паднам. :)) и тоа едниот со 9ка :)
 
Мислам дека како во љубовта - како на ниту едно друго поле - се надминувам себе си ... од ден на ден во се покомплицирани врски влегувам
 
Па не го гледам тоа надминување на себеси туку на ниво како што треба, не се изненадувам затоа што отприлика знам што можам и како можам.
 
Досега не сум се осеќал така ..мислам дека се што сум направил , ми било на ниво , не дека сум се надминал сам себе
 
Последниот проект кој го сработив! Навистина се надминав себе, но и другите. Проектот беше премногу успешен и затоа сега ќе се проширува. Секогаш кога работам нешто гледам да бидам подобра од минатиот пат, од последниот проект. Премногу ги анализирам работите кои сум ги завршила, сакам од она што го работам да бидам задоволна. Работата која сум ја завшрила зборува за мене а не зборовите, не сум некоја фалбаџика, ама кога ќе кажам јас сум го направила тоа и тоа и сум го постигнала тој резултат сакам мојот успех (животот не е баш приајтен :pos:) да го споредам со другите за да знам до каде сум.

Значи се надминав себе со последниов проект!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom