Надал vs. Федерер

  • Креатор на темата Креатор на темата јас
  • Време на започнување Време на започнување

Навивам за:


  • Вкупно гласачи
    393
Вака значи:

Отсега па натаму, во овој подфорум, поточно во ваквите теми што се исполнети само со еден збор, ќе бидат воведени нови правила.
Сите што ќе постирате на оваа тема, освен ако не сакате вашето мислење биде избришано, ќе морате да дадете и причина ЗОШТО баш Федерер/Надал. Постови кои содржат само Nadal zver, Federer pu6i mu go kurot! или па Federer - Pederer:tapp::tv::pos2::tapp::tv::salut::nesum::back::baeh: вклучувајќи милион смајлиња и постови составени само од смајлиња, ќе бидат избришани. Ако сепак ве мрзи да пишувате пост за вашиот фаворит, има анкета, гласајте слободно.
Знам дека мислењата во Играчница не се бројат и дека се бараат теми во кои може да се постира по принципот колку да се стропа нешто. Затоа, ако имате нешто против новиве правила, слободно кликнете тука. Никој нема да ви прави проблеми да пишувате еднозборни мислења да бесвест.

Мислам дека бев јасна. Постов не бара реплика.

Благодарам на разбирањето.
 
Федерер повторно испратен дома. Денеска го доживеа и вториот пораз на тенискиот Masters Cup. Ова му е првпат во 7 настапи да не се квалификува во полуфиналето.
По поразот на US Open Andy Murray успеа да му се одмазди и на Masters-от во Мадрид и денеска во Шангај. Murray во втората половина од годинава играше во животна форма, па така се најде на четвртото место на ATP ранг листата.

Разликата меѓу него и тенисерот број еден во светот Рафаел Надал (кој не учествуваше на овој Мasters Cup поради повреда на коленото) ќе се зголеми за уште 300 поени.
 
По завршувањето на денешното финале во Masters Cup-от и победата на Новак Ѓокович, Федерер е најблиску до губење и на второто место. Разликата меѓу него и Ѓоковиќ ќе се намали на само 10 поени.

Надал останува сo значителна предност пред Федерер од преку 1800 поени.
 
Надал и Федерер ќе ја отворат новата сезона, играјќи меѓусебно на Катар Опен во Доха. Катарската тениска федерација објави дека учество на овој турнир кој започнува на 5ти јануари ќе земат и Енди Мареј и Енди Родик.
Ова ќе биде 17-ти Катар Опен турнир. На првиот, во 1993, во финалето, Борис Бекер го победи Горан Иванишевиќ.
 
Уште немаше информации, барем пишале дека на 5-ти почнува :)
 
Во Doha и двајцата кикснаа, ама мора да се пофали Andy Murray (не само поради тоа што го тепаше Federer). Сеуште игра под полна пареа. Toj денеска го победи Andy Rodick во финалето.
 
и двајцата се одлични:olee:
ама јас сум за Федерер сепак, а мојата сестра е за Надал, така да интересно е ко ќе гледаме нивни дуел
 
Искрено ме фати носталгија за темава,пошто секогаш имало јаки и аргументирани препуцавања,такада повторно имаме тема за дебатирање а тоа е Австралија Опен,каде што лани и Федерер и Надал изгубија во полуфиналето.Годинава уште двајца се во во игра за титулата како фаворити Џокович и Мареј.Мое мислење,а тоа и статистиката го покажува,а тоа е дека Надал не верувам дека ке ја освои титулата,со оглед на традицијата во последните години.Јас нормално типувам на Федерер и гледајќи го неговиот премиерен натпревар против Сепи,реално ќе биде најголем претендент за титулата.За него важни се гренд слемовите,уште таму го брка рекордот на Сампрас,каде му фали уште една титула да го израмни,а со 15 ќе стане број 1 на сите времиња.Па сеа видете вие дали има потреба да се мачи со останати турнирчиња.
 
Marej e nadvor za sreka. Verdasco igra odlicno na pocetokot n ova sezona, Federer - Del Potro 4 finale i odime vo polufinale so podobriot od Rodick-Djokovic i vo finale so Nadal sakam da mu go raskazeme tenisot
 
Малце фалеше да загуби Федерер од Бердик.
 
И самиот Федерер имаше изјавено дека му се потребни долги мечеви за да се уигра за новата сезона, е сеа се разбира не како оној со Бердих али што е можно подолго.
Федерер што ќе ми биде мерак да го тепа она србинон леле лее. само нека тепаат сеа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom