Напишано од Ханзо
Нацистите се инспирација за јака фикција и Баба Рога приказни веќе 60 години. Точно е дека многумина од нацистичкиот врв биле окултистички забеготини, но тоа не значи дека си играле Charmed по дома. Од таа „нацистиве се мистериозни окултисти и лошотии од кои треба да се плашиме“ карма што се создава веќе 60 години од модерното не-нешто-поарно општество сосема природно е да излегуваат приказни за застрашувачки работи: летечки чинии, временски машини, оживување мртовци и други Баба Роги кои се толку за верување зашто нели, Нацистите беа толку лоши.
Секако, ниту еден од овие проекти не постои, или останал само идеја. Ете, војната завршува, Америка како наследник на злобната наци империја ја краде цела технологија и научници што може да ги украде од Германија, како фон Браун и неговите ракетки, повеќе напредни дизајни на авиони, и меѓу другото краде технологија за летечки чинии, патување во времето, и оживување мртовци. Ракетите ги користи, авионите ги користи, ни трага од тањирите и мртовците (за патувањето во принцип не можеме да знаеме дали се случува и дали нешто се променува). Тука е нејасното. Зошто Америка ги користи сите благодети на нацистичката технологија, освен оние најфенси научно фантастични плашила за деца?