На што се палат тинејџерите? Цеца, Лукас, Џогани, Миле и компанија

  • Креатор на темата Креатор на темата .Sky.
  • Време на започнување Време на започнување
Да брат. Доаѓа Кеба, му идеме на настапот, ја распалува (pun intended) Запаличу Пола Града, и сите у шутка со боксови си влагаме.

Самиот наслов поттикнува насилство, е сеа кој како ја сфатил некој пола зграда може да запали некој пола град
 
Да брат. Доаѓа Кеба, му идеме на настапот, ја распалува (pun intended) Запаличу Пола Града, и сите у шутка со боксови си влагаме.

Ееее не беше на концертот да го видиш со пламенофрлачи како не тера се да палиме. Среќа што има снимка.

Да, затоа во Охрид на стадионот „Билјанини Извори“ во 1987 имаше 60.000 + публика и десетици повредени (од качување на рефлекторите на стадионот за подобар поглед и прием на “Ја сам Југословенка“.

Аргументов ти е турбофолк самиот по себе.

Ханка Палдум и Лепа Брена се две различни пејачки. Толку околу аргументите.
 
Абе нека си слушаат луѓето што сакаат. Кога бев помал слушав турбо и после сфатив што пропуштам од музичкиот свет. Онака сите што си го бранат турбото ги спомнуваат Ники Минаж, Питбул итн на форумов... Епа неможе секој изведувач и секоја негова песна да е прекрасна. Моментално си слушам MAGIC!, Sam Smith, Capital Cities, Gorgon City, Jessie J итн. ама секако не секоја нивна песна, си имам фејворитс ;) Сакам да кажам има добра музика ако сакаш да си слушаш. Не во секоја песна се збори за пијаници и опасни работи во секој турбо, исто не се збори за пиштоли, коли и жени во секоја "странска" песна. Позз и хев а најс деј.
 
Турбо фолкот не ги привлекува агресивните девијации, тие веќе постојат па како резултат на нивното постоење се создава соодветна вибрација како реакција на акција - бучава (турбо фолк) или хармонија (музика).
Во субкултурните кругови најчести предизвикувачи на безредија се дечишта позери кои кога ќе потпораснат се пребацуваат на Турбо, стара прича.
 
Квазипоп и Турбофолк како сакаш кажи само по себе е тапа.

Повеќето ќе кажат за вкус не се зборува а нема врска сите зборуваат за убави, добрина, квалитет, уметност. Но, реално доколку човекот не би зборувал за овие работи за што и зошто воопшто би зборувал. За вкусови јас мислам треба да се зборува доста, повеќето си ги кријат оние лица (втори) и тие се повеќето оние кои слушаат турбофолк, тогаш кога ќе им кажете дека турбофолкот е кич,шунд, квазипоп или пак шит од музика, тогаш тие ќе ви се обратат со: За вкусови не се зборува, автоматски кажано со тоа клише се бранат.

Културно шунд и неквалитет кој долго време кај нас владее и се повеќе ни се појавува и ни се случува околу нас луѓето само ги труе се повеќе бидејќи додека кај нашите соседи доаѓаат оние големи музички ликови кај доаѓаат и се најавуваат како нешто невидено до сега во Македонија Миле, Цеца, Лепа брена, Цвија и уште многу други...

Кај соседите пак доаѓаат легендарни имиња како: Металика, Стинг, Масив атак, Моби, Роби Вилијамс и уште многу други.

Додека кај нас се зборува дека нашите соседи појма немаат од музика, посебно е нагласено дека Бугарите се тапа за музика но затоа кај нив доаѓаат навистина квалитетни имиња е сега истото се случува и во Србија што останува пршањето дали Македонија е најзатруена од вирусот наречен Турбо фолк - лепи? Повеќето пати сум размислувал да зборувам за ова но сум си рекол дека можеби ќе навредам многу луѓе, ќе останам како човек кој само знае да критикува каде што на крајот ќе испадне дека јас сум тој кој не ја разбира музиката и незнам да слушам, нормално тоа ќе го добијам како одговор од тие што слушаат турбо фолк, и вооедно ќе се воведам во непотребен конфликт.

Инаку секој си има право и можност да избира од она што е на уметничката понуда, но ние имаме обврска таа понуда да биде балансирана, да биде врз база на општоприфатливи вредности и цели кои треба да ги достигнеме, да не биде под постојан и агресивен напад на неколку балкански шунд-супкултури кои ниту во своите држави не се прифатливи, да биде квалитетна и да ги одразува нашите вредности или да ги согледува вистинските вредности на сите други култури околу нас.
 
Глупости. Глупости. Глупости. Пушти еднаш ДМ Сат кога имаат маркетинг, и спореди ги настапите на турбо-фолкерите во тие држави, со настапите кај нас. Кога ќе ги споредиш, ќе видиш дека кај нас е како да не идат, пошто низ балканов обавезно во секоја држава, во било кој град, секој ден има по некој кој настапува некаде. Кај нас доаѓаат еднаш месечно у текот на годината, на Пивофест и на крај на јули/почеток на август у Охрид. Толку. На погрешно место го бараш проблемот што кај нас не доаѓаат "квалитетни" музичари. Како може кажи ми, соседните земји секој ден да имаат организирано настап на турбо-фолкери, а пак да им доаѓаат тие легендарни имиња што ги напомена? Ако стварно тоа беше проблемот, зашто тогаш кај нив одат? Повеќе слушаат турбо-фолк отколку кај нас, повеќе такви настани има, а пак им доаѓаат ѕвезди. Македонија на Балканов е најнезастапена земја и по турбо-фолк, и по секаква друга музика, што автоматски значи дека турбо-фолкот има 0% вина за ова. "Вината" за тоа, барај ја у други области.
 
Уште не можам да сфатам како од толку квалитетна и добра музика тие одлучват да слушат шабанарија.. Страв ми е деца ко ќе имам да не ги слушат Китич и компани ќе ги откажам јавно :place::cautious:
 
Тоа е, свикуваме конгрес и одлучуваме да ги сереме сите квалитетни музики и да се труеме со шабанско. Нема врска со тоа дека такви сме си, тоа ни се свиѓа. Од инат носиме одлука. Не ни можете ништо.
 
Сеуште сум во дилема што е полошо да ти каже детето „се дрогирам„ или „слушам турбо фолк„. Сепак мислам дека од дрогата има лек од турбо фолкот тешко.
 
Рокни ја.
 
И да не заборавам еве еден цитат од Владимир Четкар а во однос на кич музиката

Турбо фолкот е како брза храна, ако предолго ја конзумираш телото почнува да ти пати. „Владимир Четкар„

Има и уште еден феномен кај турбо фолкот. Јас досега никогаш не сум слушнал некој јавно да каже кога ќе го прашаш дека слуша турбо фолк. Незнам дали е до мене дека знаат како реагирам но таков ми е впечатокот. Од друга страна било која шабанарија да се појави на било кој плоштад во Македонија неможе игла да падне а оние што неслушат ги гледаш цели во делириум песните на памет мислиш во школо ги учат.
 
Тоа е, свикуваме конгрес и одлучуваме да ги сереме сите квалитетни музики и да се труеме со шабанско. Нема врска со тоа дека такви сме си, тоа ни се свиѓа. Од инат носиме одлука. Не ни можете ништо.

Абе разбирам.. мора да има кој и чаши да крши, инаку како ќе имаат ќар кафаните кој ќе им ја троши ракијата и виното. Сето тоа си е поврзано :D
Него.. јас сметам не е до личен избор работата, се е до тоа во каква средина се растени децата.. Ако од мали години ги научиш што е добра музика ќе знаат да препознаваат.
 
Затоа за инат ги учиме на лоша музика. Денес јас рокам флаши од кафани и ракијата ја повраќам секое второ сабајле, утре децата мои. СЕ е до музиката.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom