На крајот на денот, кој е вистинскиот начин за одмор и релаксација?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Возраст
37
Да конкретно како го завршувате напорниот и мачен работен ден. Ден целиот исполнет со обврски дома или на работа/школо.

Според Вас, кој е вистинскиот начин за убаво завшрување на денот. Кој е вистинскиот начин за релаксација или одмор?

Дали одењето директно во кревет е вистинскиот решение? или можеби убава книга е вистинскиот начин?
Конкретни пример како го завршувате напорниот работен ден, кој поминал.
 
Ако сум имал цел ден физичка работа тогаш најдобро еден туш и во кревет со книга. А ако сум бил на школо, сум учел, читал удирам една прошетка по кеј - да ми се излуфтира мозокот и после тоа туш, во кревет, без книга.
 
Komshivkata! ama shteta shto shto ne sum veke vo Kisela voda. Od koga se preseliv vo noviot stan sekoj den sum se poumoren i pomrzeliv! :kesa:
 
Топло чоколадо или чоколадно млеко,пижами,и некоја добра комедија или книга.
 
По напорна психофизичка работа цел ден, на крајот од денот јас практикувам туш и гледање на некој добар филм по пижами во кревет се додека не заспијам
 
Колку и да сум имала напорен и тежок ден,не пропуштам да отидам на кафенце со некој за да се поприкажеме.Тоа ми е баш онака фин начин за опуштање.
Откако ќе се вратам после кафето дома,пуштам музика и се излежавам,ама онака мерачки и најмрзливо на свет и не станувам од креветот.Не спијам,само лежам и се вртам од едната на другата страна и тоа ми е дефинитвно нај нај убаво средство за опуштање.
 
На крајот на напорен ден..туширање, какао или кафе, пижамчиња и добар филм.
 
Излежавање во кревет, слушалките на уши и телевозор пуштен колку да не ти е монотоно у собата :smir: Или пак ако на пример денот ти бил напорен (си учел) - психички си исцрпен, добро е да свртиш некој круг со точак низ град или на некое место каде нема и баш голема фрекфенција на луѓе (покрај езеро најубо) ...
 
По напорен ден одмор би значело за мене хмм да си ја гушна перницата и да си спијам, пошто многу малку спијам, или да се играм со кучето тоа ме расположува и после ќе си заспиеме оно задоволно јас уште позадоволна.:helou::helou:
 
ќе се оптегнам на кревет,ќе си пуштам музиче...и уживам
 
мавам еден туш,се оптегнувам во кревет пуштам некое филмче или музиче ждерам нешто благо,кафе,сок....и чекам да ми се приспие :pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom