На кој дневен весник/телевизија најмногу му верувате?

  • Креатор на темата Креатор на темата alek34
  • Време на започнување Време на започнување

На кој медиум најмногу му верувате?

  • Вкупно гласачи
    124
Веќе на никој не верувам :)
 
не знам зошто ама на А1 најмногу им верувам , а весници не читам. ако земам само за вицеви и крстозбор
 
Најнеутрални според мене се Телма затоа и има верувам највеќе а и не даваат глупости на вестите.
А од весници Нова Македонија
 
nemas opcija "na nikoj"

прашањето е на кого НАЈМНОГУ веруваш.

па не може на никој да веруваш „најмногу“. еден мора да биде најмногу, а од такви луѓе БЕЗ СТАВОВИ македонија пропаѓа.

но гледам дека имаш многу следбеници, па дури и некој кој во МОЈАТА тема додал некои весници, меѓу кои и весникот „на никој“.
 
На никој не им верувам ама ај да речеме на А1... Некако најреални ми се.
Се останато е катастрофа...посебно Сител. Многу ми се одвратни, една секунда да застанам да гледам вести на Сител и одма почнуваат да ми ги дигаат живците. Како можеше секој изустен збор да им биде политички ја незнам.
 
Ќе нагласам и овде затоа што летнаа 8 постови. Од сега нагласувајте зошто баш на тој електронски/печатен медиум верувате најмногу. Во спортивно, ако немате нешто што сакате да го споделите доволен ќе биде и вашиот глас на анкетата.
он:Јас порано најмногу верував на А1, меѓутоа сега на Канал 5, затоа што имаат најорганизирани и најапдејтирани вести. Во однос на печатените медиуми кога би морал да издвојам, би ги одбрал Дневник и Вест. Од секогаш ми биле најверодостојни.
Ах ќе си умрам...:) Вест е далеку од веродостоен извор. Не знам како може да се палите на сензационалистичка политика.
Инаку, најверодостоен извор во Македонија е Нова Македонија. Штета е што повеќето ве интересира дизајнот, отколку содржината. Кога Нова Македонија би го намалила форматот, кога би го освежила логото, би била светски весник. Содржините се најразновидни што може, корисни... Покрај дневните актуелности и хроника, бизнис и економија-информации, весникот е адаптиран како своевиден магазин за здравје, занимливости... Секој може да се пронајде во него, кога само би замижал пред дизајнот...
 
Инаку, најверодостоен извор во Македонија е Нова Македонија. Штета е што повеќето ве интересира дизајнот, отколку содржината. Кога Нова Македонија би го намалила форматот, кога би го освежила логото, би била светски весник.

Океј ај реално, она е домаќинка, добра, поштена.. ама кого ќе го заинтересира тоа ако е грда и дебела? :)
Ако се толку добри, нека направат нешто и во таа насока, крајно време е ;)
Инаку вестите на А1 се океј, ваљда и веродостојни.
 
Инаку, најверодостоен извор во Македонија е Нова Македонија. Штета е што повеќето ве интересира дизајнот, отколку содржината. Кога Нова Македонија би го намалила форматот, кога би го освежила логото, би била светски весник. Содржините се најразновидни што може, корисни... Покрај дневните актуелности и хроника, бизнис и економија-информации, весникот е адаптиран како своевиден магазин за здравје, занимливости... Секој може да се пронајде во него, кога само би замижал пред дизајнот...

Не знам што е толку лошо во дизајнот на Нова Македонија.
Иако мал минус им е што насловната е апла земена од The Guardian. :toe:
Можеби е малку бледа бојата на хартијата, но мене останатото ми е ОК. Фонтот можеби треба да го сменат, но ни вака не ми е лош.
Башка и сајтот им е добар. Тој што го имаа пред овој (новиот го ставија пред месец дена) беше за нијанса подобар.
Тие беа и првиот весник што направи портал и што ставаше нови вести од дента на истиот.

Така да, тоа е тоа. А за другото што го спомна се согласувам. :smir:
 
Океј ај реално, она е домаќинка, добра, поштена.. ама кого ќе го заинтересира тоа ако е грда и дебела? :)
Ако се толку добри, нека направат нешто и во таа насока, крајно време е ;)
Инаку вестите на А1 се океј, ваљда и веродостојни.
Шундот и кичот направи читатателите да ја заборават првичната идеја на весникот-да информира веродостојно со што помалку шпекулирање. Во последно време големината на Нова Македонија е намалена, ама треба уште работа. Нормално, никако во правецот на шундот и сензационализмот, кој ја пали незрелата читачка таргет група. Газдата на ,,Свет" се гордее со фактот што на факултетите за новинарство го спомнуваат неговиот магазин во делот ,,како не треба". Тоа му правело реклама. Во сличен правец се движи и ,,Вест".
 
А ми ја сфати поентата? Се однесуваше на дизајност и насловната, затоа што ова е време на силна конкуренција, ТВ медиуми, интернет. Џабе “XXX весникот“ да е внатре добар ако не те привлече да го купиш бидејќи ретко кој купува повеќе од еден дневен весник..

И ако си ти сопственик на одредена дневна штампа или списание ќе ти значат бројот на читатели и тиражот или мислењата и оценките на некој професор од факултетот за новинарство?
 
Мојата поента е дека џабе ти ќе купиш нешто кое те привлекува визуелно, кога внатре нема да најдеш релевантни податоци, туку само шпекулации, изразени во формата ,,Блиски пријатели на Благица Павловска, ја видоа како се лапа со ротвајлерот на Боки 12+1".

Јас да сум сопственик на дневен печат, истиот ќе го направам со содржина од Нова Македонија, и најџебен дизајн што постои. Профитот не би ми бил првостепен, затоа што јас ќе бидам иден новинар, за разлика од сопствениците на денешните медиуми кои не се новинари туку бизнисмени. Нив ги интересира профитот. Затоа ви шиткаат третостепено ѓубре во убава амбалажа. Ако имаш многу читатели, не мора да значи и дека си добар, туку дека имаш добра маркетиншка агенда, ланец на медиуми, моќ, тираж или одиш на евтина сензација(Вест)...
 
Нит читам, нит гледам.

Се што ќе прочиташ на интернет после два дена го има во весници и на телевизија. Мене политика не ме интересира така да
 
ајде да видеме можда се имат нешто променето со верувањето?!!!

иначе јас не верувам ниту во еден медиум
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom