Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
nemas opcija "na nikoj"
Ах ќе си умрам...Ќе нагласам и овде затоа што летнаа 8 постови. Од сега нагласувајте зошто баш на тој електронски/печатен медиум верувате најмногу. Во спортивно, ако немате нешто што сакате да го споделите доволен ќе биде и вашиот глас на анкетата.
он:Јас порано најмногу верував на А1, меѓутоа сега на Канал 5, затоа што имаат најорганизирани и најапдејтирани вести. Во однос на печатените медиуми кога би морал да издвојам, би ги одбрал Дневник и Вест. Од секогаш ми биле најверодостојни.
Инаку, најверодостоен извор во Македонија е Нова Македонија. Штета е што повеќето ве интересира дизајнот, отколку содржината. Кога Нова Македонија би го намалила форматот, кога би го освежила логото, би била светски весник.
Инаку, најверодостоен извор во Македонија е Нова Македонија. Штета е што повеќето ве интересира дизајнот, отколку содржината. Кога Нова Македонија би го намалила форматот, кога би го освежила логото, би била светски весник. Содржините се најразновидни што може, корисни... Покрај дневните актуелности и хроника, бизнис и економија-информации, весникот е адаптиран како своевиден магазин за здравје, занимливости... Секој може да се пронајде во него, кога само би замижал пред дизајнот...
Шундот и кичот направи читатателите да ја заборават првичната идеја на весникот-да информира веродостојно со што помалку шпекулирање. Во последно време големината на Нова Македонија е намалена, ама треба уште работа. Нормално, никако во правецот на шундот и сензационализмот, кој ја пали незрелата читачка таргет група. Газдата на ,,Свет" се гордее со фактот што на факултетите за новинарство го спомнуваат неговиот магазин во делот ,,како не треба". Тоа му правело реклама. Во сличен правец се движи и ,,Вест".Океј ај реално, она е домаќинка, добра, поштена.. ама кого ќе го заинтересира тоа ако е грда и дебела?
Ако се толку добри, нека направат нешто и во таа насока, крајно време е
Инаку вестите на А1 се океј, ваљда и веродостојни.
Мојата поента е дека џабе ти ќе купиш нешто кое те привлекува визуелно, кога внатре нема да најдеш релевантни податоци, туку само шпекулации, изразени во формата ,,Блиски пријатели на Благица Павловска, ја видоа како се лапа со ротвајлерот на Боки 12+1".А ми ја сфати поентата? Се однесуваше на дизајност и насловната, затоа што ова е време на силна конкуренција, ТВ медиуми, интернет. Џабе “XXX весникот“ да е внатре добар ако не те привлече да го купиш бидејќи ретко кој купува повеќе од еден дневен весник..
И ако си ти сопственик на одредена дневна штампа или списание ќе ти значат бројот на читатели и тиражот или мислењата и оценките на некој професор од факултетот за новинарство?