Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Тешко прашање - да оставиш, или да те остават...Kрајот на една врска и не е баш лесен (освен ако не спаѓате во група на безчувствителни говеда).
Според вас која ситуација е потешка - да оставиш или да те остават? Колку пати сте биле оставени/ве оставиле? Сте пателе ли кога сте биле во ситуација да го оставите партнерот или ви било сеедно?
Излегува дека денес те цитирам секаде, не ми е намера да те напињам али ете во твоите зборови наоѓам повод за репликаКај долгите врски, од година до повеќе години, се случува и двајцата да знаат веќе некое време дека ќе дојде до крај. Се останува во врска поради тоа што постоел период во кој имало силни чувства, поради тоа што добро веќе си ги запознале меѓусебните карактери и навики, поради тоа што може им е смачено од поминувањето низ цела процедура повторно со некој друг, а да го даде истиот исход. Тогаш веќе и не е толку важно кој ќе ја донесе или изрече конечната ,,пресуда,, која премолчано лебди во воздухот, не дека е сеедно, ама не е ист шокот и афтершокот кој настанува при ненадеен прекин од едната страна.
Кај долгите врски, од година до повеќе години, се случува и двајцата да знаат веќе некое време дека ќе дојде до крај. Се останува во врска поради тоа што постоел период во кој имало силни чувства, поради тоа што добро веќе си ги запознале меѓусебните карактери и навики, поради тоа што може им е смачено од поминувањето низ цела процедура повторно со некој друг, а да го даде истиот исход. Тогаш веќе и не е толку важно кој ќе ја донесе или изрече конечната ,,пресуда,, која премолчано лебди во воздухот, не дека е сеедно, ама не е ист шокот и афтершокот кој настанува при ненадеен прекин од едната страна.
Излегува дека денес те цитирам секаде, не ми е намера да те напињам али ете во твоите зборови наоѓам повод за реплика
Можеме ли да бидеме сигурни дека и другата страна мисли дека е ненадеен прекин? Дали можеби некои знаци се лошо прочитани, дали се било ок од двете страни или едната страна си направила филм дека е се совршено?