На кого му е потешко?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Дај да не се праиме сите чувствителни, секогаш полесно е да оставиш отколку да те остават. Секогаш е полесно кога ти правиш нешто што некој друг не го сака, логички е, нема никаква врска со емоции и личност.
 
исто ти е и во двата случаеви ке ти биде лошо
 
Соодносот во мојот случај е 70-30% во смисла сум оставил-ме оставиле. Значи повеќе сум бил откачуван. Поголемиот дел од откачувањата биле непланирани па сум се осеќал тапа после тоа, значи неспремен добиваш клоца. Додека пак кога оставаш веќе си спремен, знаеш дека нешто ќе направиш, ти ги држиш конците и имаш готова одлука.
Затоа каде каде полесно е да оставиш отколку да те остават.
 
Кај долгите врски, од година до повеќе години, се случува и двајцата да знаат веќе некое време дека ќе дојде до крај. Се останува во врска поради тоа што постоел период во кој имало силни чувства, поради тоа што добро веќе си ги запознале меѓусебните карактери и навики, поради тоа што може им е смачено од поминувањето низ цела процедура повторно со некој друг, а да го даде истиот исход. Тогаш веќе и не е толку важно кој ќе ја донесе или изрече конечната ,,пресуда,, која премолчано лебди во воздухот, не дека е сеедно, ама не е ист шокот и афтершокот кој настанува при ненадеен прекин од едната страна.
 
Јас ги оставам и они мене ме оставаат , ама ко ќе видиш пак тука се околу мене со контакти .
 
Kрајот на една врска и не е баш лесен (освен ако не спаѓате во група на безчувствителни говеда).
Според вас која ситуација е потешка - да оставиш или да те остават? Колку пати сте биле оставени/ве оставиле? Сте пателе ли кога сте биле во ситуација да го оставите партнерот или ви било сеедно?
Тешко прашање - да оставиш, или да те остават...

Немам апсолутен одговор.
 
Кај долгите врски, од година до повеќе години, се случува и двајцата да знаат веќе некое време дека ќе дојде до крај. Се останува во врска поради тоа што постоел период во кој имало силни чувства, поради тоа што добро веќе си ги запознале меѓусебните карактери и навики, поради тоа што може им е смачено од поминувањето низ цела процедура повторно со некој друг, а да го даде истиот исход. Тогаш веќе и не е толку важно кој ќе ја донесе или изрече конечната ,,пресуда,, која премолчано лебди во воздухот, не дека е сеедно, ама не е ист шокот и афтершокот кој настанува при ненадеен прекин од едната страна.
Излегува дека денес те цитирам секаде, не ми е намера да те напињам али ете во твоите зборови наоѓам повод за реплика :)
Можеме ли да бидеме сигурни дека и другата страна мисли дека е ненадеен прекин? Дали можеби некои знаци се лошо прочитани, дали се било ок од двете страни или едната страна си направила филм дека е се совршено?
 
Потполно се согласувам. Кога крајот е тука, станува небитно кој ќе го изговори.
 
Излегува дека денес те цитирам секаде, не ми е намера да те напињам али ете во твоите зборови наоѓам повод за реплика :)
Можеме ли да бидеме сигурни дека и другата страна мисли дека е ненадеен прекин? Дали можеби некои знаци се лошо прочитани, дали се било ок од двете страни или едната страна си направила филм дека е се совршено?

Ако ме цитираш, форум е место за дискусија, а и не се напнувам така лесно, и посебно не ако е стимулативна дискусијата :)...

Искрено, најтешко е да ја видиш цела слика објективно кога си субјективно засегнат. Филмот или илузијата повеќе се прави во првобитната фаза на заљубеноста, тогаш повеќе проектираме слика која е најблиску до идеалот кој сме го замислиле. Има и луѓе кои се способни цело време како давеници за сламка да се држат до лажната слика, ама тоа е многу самодеструктивен чин.

Кај долгите врски мислам дека веќе доволно се познаваат двајцата и нема заблуда дека љубовта исчезнала или дека постојат непремостливи пречки или дека едноставно нема услови таа врска да премине кон наредна фаза. Не верувам дека едниот не успеал да осознае барем дел од сето тоа, невозможно е :)...
 
Многу реално објаснување. Во оние почетни фази, заљубеноста е најсилна вистина. Речиси и не сум била во кратки врски, така да ме интересираше објаснувањето за ненадеен прекин. Во долга врска се познава со години дека нешто не иде. Не е тоа ден, не е тоа недела или месец туку оди до две или три години нетрпеливост.
 
Кратко и јасно, најмалце од све е битно кој раскинал, битно е како ќе се случи тоа, Ако врската била на некое солидно ниво, далеку повеќе ќе боли прекинувањето на истата отколку хранењето на егото со моменти од типот на "Еј, ја и раскинав" или обратно.
 
Ниту ме оставиле, ниту сум оставила, но ако веќе бирам, бирам да ме остават.
Кога нешто ќе наумам, до крај се борам за истото, па веројатно последна ќе го напуштам бродот што тоне.
Колку и да е безнадежно, би дала уште една шанса. И уште една. И после уште една.

Морам да бидам оставена за да сфатам дека е крај.
 
Патев само по првата љубов.
Со сите наредни се радував кога ме оставаа, се радував бидејќи завршуваше без драма :)
Најлесно е да ти раскинат, така немораш да му објаснуваш на новопечениот туѓинец како е и зошто е тоа така.... едноставно треба да си објасниш само сам на себе зошто те оставиле, а објаснувањето е лесно...таа е кучка или гледано од женска страна тој е педер :)
Нема потреба од толку стрес, не се умира од раскинување. Главата горе и ќе се најде нов партнер... или ќе си останеш сам до крај на животот (y)
 
Сум била оставена но сум се нашла и во ситуација да оставам.
Борец сум, ми крварат рацете за да спасам нешто што ми значи.
И двете одлуки се тешки. Пред да бидам јас таа која ќе посака крај, сум пружила борба, сум анализирала со денови пред да се одлучам по кој пат да одам, вадејќи ги и позитивните и негативните карактеристики на врската. Сум се анализирала и себеси, да не случајно сум почнала да спиздувам со моите каприци и барања без да отворам очи и да видам дека другата страна всушност има се' што мe исполнува. Сум давала шанси затоа што не сум сакала да кренам раце толку лесно во нешто во кое се вложувало толку многу. Секогаш сум била и ќе бидам фер кон партнерот, отворено ќе му направам муабет. Доколку и покрај сите мои обиди да ја спасам врската, согледам дека и понатака само си ја продлабочувам дупката во која пропаѓам, ќе ставам крај за да се спасам себеси а потоа да го спасам и него.Пред финалето, секогаш и другата страна воочувала дека нема друг излез освен ставање точка и почнување нов ред.Никогаш, ама баш никогаш не сум и не би ставила неочекуван(за партнерот) крај.
Да бидеш оставен е потешко од тоа да оставиш.Како што рече Пумата, ја сум последната која го напушта бродот кој тоне, која се бори до самиот крај.Најбед е кога крајот е неочекуван, кога си мислел дека се' се одвива онака како што треба.Како гром од ведро небо те удира јако и те срамнува со асфалтот, па посакуваш да останеш во него затоа што нит си бил прашан ти како се чуствуваш во врска со тоа, нит си бил предупреден директно или индиректно.
Не за џабе врската се состои од две единки. Идиотско е кога само едната страна решава за крајот а ти остануваш на mute без шанса да се изјасниш, да разговарате за проблемите. Иднината на врската која двајцата сте ја граделе, во која двајцата вложувале е себично и бесчуствително да ја реши само едната страна. Како другата половина да не постои/постоела, како партнерот да бил сам во таа врска. Во тие моменти јас го скокам mute-от и правам жртви, се погазувам, се понижувам, правам се' што е во моја моќ, само за да му покажам и докажам дека нашата врска вреди, дека сето вложено не е залудно. Доколку сепак не ми биде дадена шансата која ја барам покрај толку мои обиди, реалноста и особено паметот ми чукааат на врата кажувајќи ми дека е време да се освестам. Да станам свесна дека тоа е веќе решено, сакала јас или не, без разлика на што се' сум спремна, и дека единствено нешто што ми преостанува е сама да продолжам напред.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom