На кого му е потешко?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Полесно му е на тој што остава дефинитивно но само ако е решен на раскин...А оставениот секогаш пати зашто сакал да продужат чим не раскинал..
Има само еден исклучок кога не му е полесно на тој што раскинува, а тоа е кога го прави тоа на сила, избрзана реакција, афект, нервоза, бес, љутина а ја сака таа особа и сеуште има емоции за неа..и не е сигурен во тој чекор што го превзема....
Но многу лошо е кога имаш прејаки емоции а некој ти вели крај ..Тоа е најлошото што може да ти се случи...
Кога немаш чувства сите раскини се лесни и неважни..И небитно е кој на кого раскинува. Сеедно ти е......
 
тие што раскинуваат имаат мала грижа на совест и тоа е тоа на оставениот му е далеку потешко, е сеа ова не важи доколку тој што остава е изваран па ради тоа става крај :)

у принцип на сите ни се слични одговорите, конечно за нешто да се слагаме :icon_lol:
 
Јас не би можал тукутака да ги ставам работите на кантар и да го измерам интензитетот на тежина кај обата партнери после прекинувањето на врската. Има тука многу параметри и аспекти за разгледување, причините поради кои дошло до одлука за прекин на врската. Никој не донесува одлука преку ноќ за раскинување, освен крајно емоционално недозреани ѓубриња кои биле заведени од друга личност па самата ситуација во некој степен им ја олеснува одлуката. Клише е можеби да се каже дека полесно поминува тој што раскинува, но не смееме да ги изземеме факторите кои довеле до тоа, психичката состојба која зреела со текот на времето за да падне одлука кон таков чекор, сето ова си има своја тежина. Потребна е храброст но доколку си доблесен потребни се и причини за да и дадеш клоца на личноста со која си ја делел љубовта. Единствено факторот изненадување и убитачен кај партнерот кој добил клоца и го доживува сето тоа како гром од ведро небо па потоа нормално дека ќе се замајува и ќе бара одговор на прашањето-"Зошто,што направив,абе до вчера се си беше супер?" Епа не,добредојде во реалноста, ништо не е случајно и паднато од небо, кој ви е крив што не сте обрнале внимание дур имало време и простор да се исправат работите.

Обично,доколку си малку паметен и ја негуваш интуицијата можеш да го предвидиш исходот од врската која не функционира некое време. Можеш да го тестираш партнерот, да му го опипуваш пулсот, да знаеш отприлика на што си.

Ќе се повторам уште еднаш, да, доколку неизживениот и за дунда изгорен дечко ти даде клоца за првата девојка која му се насмеала после 3 години, тогаш да-ти си таа што повеќе ќе патиш, тој ќе пати но не душевно туку ќе се чувствува како гомце смрдливо но сепак утеха ќе му биде топлата постела на новата девојка.

И пак си е индивидуално, има особи кои полесно се справуваат со раскинот без разлика од која страна на приказната се а има и личности кои сечат вени кога ќе останат сами.
 
Мене ми е сеедно кој раскинал. Досега не сум имала прилика да почувствувам како е да бидеш оставена, но затоа па имам почувствувано како е да бидеш изневерен. Најискрено мислам дека многу подобро ќе беше да ми раскинел па да прави што сака, него да дознавам од други како ме изневерува, а во меѓувреме упорно тврди како ме сака и не може без мене и како се ќе направи за да останеме заедно.
 
Нормално дека потешко му е на тој што е оставен.Да оставиш некого значи дека ти е планирано и дека веќе не ти е убаво со истата особа.Тие срања во стилот "те оставам ама многу ми е тешко" се живи гомнарии.Ако му раскинуваш на некого значи не ти било веќе убаво и тоа е тоа.

Не се надајте дека ако ве остават и на тие ќе им биде тешко.Може ќе се осеќаат глупаво малце,грижа на совест,сожалување(недај боже)...Ама тој што е оставен го јаде.

До сега ми раскинувале,сум раскинувал,ама секогаш било ради тоа дека љубовта пукнала и дека немало хемија меѓу мене и неа.Кога сум оставал тешко не ми било буквално никогаш,кога ме оставале само еднаш патев.Ама тоа беше патња тешка...пиев на песни од Тома(Тужно лето,Еј Бранка Бранка,Испод Палме,Ночас ми срце пати),ама ми помина!Ми помина и ич кур не ме боли сеа за неа.Тотално небитна персона у животот мој.Не е ова ради тоа дека ме оставила,туку ради сите работи што бев спремен да ги напраам за неа,ороспијата си играше ташаклии со мене.За неа ќе идев на раце до Пичковец,за неа ќе убиев човек од што ја сакав толку.Беше ладна,камен,лед,газеше се пред себе.

У случаевите кога сум раскинувал,осеќав огромно олеснување,ама во исто време и некоја горчина,пошто една девојка стварно патеше по мене.Ама кога ќе ги земам да ги споредам двете чувства,дефинитивно олеснувањето и слободата беа најубави.

Оставениот секогаш пати,тој што остава го планирал и го сакал тоа.Се разбира збориме за врски кои биле сериозно и во кои што имало взаемна љубов некој одреден период.
--- надополнето: 24 декември 2013 во 03:15 ---
Мене ми е сеедно кој раскинал. Досега не сум имала прилика да почувствувам како е да бидеш оставена, но затоа па имам почувствувано како е да бидеш изневерен. Најискрено мислам дека многу подобро ќе беше да ми раскинел па да прави што сака, него да дознавам од други како ме изневерува, а во меѓувреме упорно тврди како ме сака и не може без мене и како се ќе направи за да останеме заедно.

Види Некоја...Има еден вид на мажјаци(курајбери),кои реално се пичкици у душа(поголеми дунди од жените),што имаат девојки а пак идат по смрдливи ороспетини.Е сега тој си сакал да си шара со други девојки,а сепак после дома да си легне до топло газе.Најтешко е кога ќе бидеш изневерен,на страна да ги ставиме чувствата и љубовта твоја што ги изневерил,ама и гордоста паѓа во овој случај,пошто реално кое е тоа смрдле да прави будала од некого.

Верувај дека таква особа е подобро што не е со тебе,сигурен сум дека заслужуваш подобро.И мене ме има изневерено едно калаштурче и знам како ти е (а замисли на машко како му е).

Кога имам девојка ја сакам,си ја чувам,влегувам во врска кога стварно сум спремен и кога знам дека тој период нема подобра од неа.Ваљда и затоа не сум имал и многу квалитетни врски.
 
Не може да се дефинира тоа на кој му е потешко. Некогаш тој што е оставен, чекал и предизвикувал за да биде оставен од другата страна, што не значи дека нему му било најтешко. Додека тој што остава, немал друг избор освен да го прекине односот со тој што 'невреди'. Па сега на кој му е потешко?
Според мене, најтешко му е на оној што повеќе сакал, без разлика дали ќе биде оставен или тој ќе остави. А секогаш еден повеќе сака, тоа е со сигурност. Доколку не е така, можеби тоа е и вистинска љубов.
 
Се чуствувам како да сум на земјата. Оставена и без никој.Затоа девојки еден совет, немојте да се заљубувате премногу како мене, на крај ќе бидите оставени и ќе патите :confused:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom