Хакет Мен
Juventus Till I Die
- Член од
- 23 јануари 2009
- Мислења
- 10.227
- Поени од реакции
- 3.414
- Возраст
- 32
1844.Роден е Илја Ефимович Рјепин, руски сликар, претставник на реалистичкиот правец. Негови најпознати дела се „Бурлаци на Волга“, „Иван Грозни и син му Иван“, „Запорожци“, „Враќање од прогонство“ и портретите на Мусогорски, Пирогов и други. Умрел во Финска, на 29 септември 1930 година.
1850 Роден е Хенри Алберт Ги де Мопасан, француски раскажувач, претставник на европскиот натурализам и автор на околу 300 новели, шест романи и други дела. Меѓу многубројните збирки раскази се истакнуваат "Куќата на Телие", "Раскази и новели" и "Господин Паран". Умрел на 6 јули 1893 година.
1858 Поставен е првиот трансатлантски кабел со кој се воспоставени телеграфски врски меѓу Канада и Велика Британија.
1884 На влезот во Њујоршкото пристаниште е поставен камен-темелник на Статуата на слободата.
1895 Во Лондон умре Фридрих Енгелс, германскиот филозоф, социјалист и научник, соработник на Карл Маркс. Негови најпознати дела се „Дијалектиката на природата“, „Анти Диринг“, „Развој на социјализмот од утопија до наука“, „Лудвиг Фоербах и крајот на германската класична идеологија“ и други. Се родил во Берлин, на 28 ноември 1820 година.
1906 Во Прилеп е роден Ристо Зердески - Зерде, првиот филмски артист во Македонија. Умрел во Загреб, на 1 мај 1970 година.
1907 Во Карнак, Бретања, роден е Ежен Гивик, француски писател, добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата за 1976 година. Најпознати му се делата „Реквием“, „По море и копно“, „Карнак“ и други дела. Умрел на 21 март 1997 година.
1914 Поставен е првиот електричен семафор во Кливленд, во државата Охајо, во САД.
1915 Германците во Првата светска војна ја окупираа полската претстолнина Варшава.
1947 Фубалските клубови од Скопје „Единство“, „Напредок“, „Зафер“ и „Љуботен“ ја формираа фудбалската екипа „Слога“.
1949 Во силен земјотрес во Еквадор загинаа околу 6.000 лица.
1962 Во Холивуд умре Мерилин Монро, северноамериканска филмска артистка. Играше во филмовите "Џунгла на асфалтот", "Нијагара", "Мајмунска работа", "Автобуска станица", "Седум години верност" и други. Се родела е во Лос Ангелес, на 1 јуни 1926 година.
1962 Во Охрид се одржа Првиот светски шампионат во маратонско пливање на слатки води, кој прерасна во една од најголемите спортски манифестации од таков вид во Македонија. Меѓу професионалците победи Абдел Абу Хеиф од Обединатата Арапска Република, а меѓу аматерите неговиот сонародник Небил Шазди. Во женска конкуренција победи охриѓанката Атина Бојаџи. Во професионалната трка од македонските пливачи голем успех постигна Дики Бојаџи - трето место и Климе Савин кај аматерите - четврто место. Од 1992 година шампионатот е именуван како Охридски пливачки маратон, една од трките што се бодува за Светскиот маратонски куп.
1963 Соединетите Американски Држави, Велика Британија и Советскиот Сојуз го потпишаа договорот за забрана на нуклеарни проби во атмосферата, во вселената и под море. По ракетната криза околу Куба, тоа беше првиот симптом на ново попуштање во меѓународните односи.
1974 Американскиот претседател Ричард Никсон, предавајќи му ја магнетофонската лента на истражниот судија, јавно призна дека учествувал во прикривањето на аферата "Вотергејт".
1984 Умре велшкиот театарски и филмски актер Ричард Бартон. Глумеше во филмовите „Клеопатра“, „Бекет“, „Доктор Фауст“, „Сутјеска“ и други.
1992 Русија ја призна независноста на Република Македонија.
1995 Во Скопје умре д-р Вулнет Старова, професор на Медицинскиот факултет во Скопје и поранешен претседател на Собранието на СР Македонија. Се родил е во селото Поградец, на 6 мај 1934 година.
2003 Во експлозија на автомобил-бомба пред хотелот „Мериот“ во Џакарта која ја активирал исламски терорист самоубиец загинаа 14, а беа повредени околу 150 луѓе.