1262.Силите на кастилијанскиот крал Алфонсо X ел Сабио го зазедоа пристаништето Кадис на брегот на Атлантскиот океан, со што ја завршија петвековната маварска окупација на градот.
1321 Умре италијанскиот писател, филозоф и политички мислител Алегиери Дуранте, познат како Данте Алигиери. Изучувал јазици, право и филозофија, а се бавел и со политика поради што во 1302 година бил протеран од неговата родна Фиренца.
1523 Умре папата Адријан VI, единствен Холанѓанец поглавар на римокатоличката црква во нејзината историја. Неговиот понтификат траеше неполни две години во кои не ја оствари својата замисла за обединување на европските земји во борабата против Отоманското царство.
1547 Роден е холандскиот државник Јохан фан Олденбарневелт, татко на модерната холандска држава.
1752 Велика Британија и нејзините колонии го прифатија Грегоријанскиот календар.
1812 Францускиот цар Наполеон I влезе во Москва. Москва беше запалена од самите Руси за да го спречат зимувањето и снабдувањето на трупите на Наполеон.
1847 По низа победи во Американско-мексиканската војна, единиците на САД под команда на генерал Видфилд Скот го окупираа Сиудад Мексико. Со мировниот договор мексиканската влада беше принудена на воено посилниот сосед да му ги отстапи Калифорнија, Јутах, Аризона и Њу Орлеанс.
1851 Умре американскиот писател Џејмс Фенимор Купер, еден од првите пишувачи на историски роман во американската литература.
1852 Умре англискиот војсководец и државник фелдмаршал Артур Велзли Велингтон кој се прослави со војните против францускиот цар Наполеон I.
1886 Роден е чешкиот дипломат Јан Гариг Масарик, шеф на чехословачката дипломатија. Во март во 1948 година изврши самоубиство. Мотивите за чинот не се расветлени, но се знае дека тој не му беше наклонет на комунистичкиот режим на власта.
1911 Рускиот премиер Петар Столипин беше смртно ранет во атенатат извршен во театар во Киев, а по четири дена умре.
1914 Генерал Ерих фон Фалкенхајн го замени во Првата светска војна генералот Хелмут вон Молтке на местото началник на штабот на гермсканската Врховна команда.
1924 Во познатите септемвриски горно-џумајски колежи е убиен Арсениј Јовков, македонски револуционаер и публицист. Своите духовни сили ги посвети на повеќе области во културата, меѓу кои најмногу на журналистиката. Учествуваше во Илинденското востание. Тој е првиот македонски филмски сценарист, според чие сценарио е снимен документарниот филм Македонија на филм во 1923 година. Роден е во селото Селци, Струшко, на 25 март 1884 година.
1927 Во автомобилска несреќа загина американската балерина Исидора Данкан. Таа е една од најзначајните балерини на 20 век.
1937 Умре чешкиот државник и филозоф Томаш Гариг Масарик, прв претседател на Чехословачка од 1918 до 1935 година и професор на Прашкиот универзитет. Од 1907 година како пратеник во австроунгарскиот Парламент се борел против режимот на Хабзбуршката монарија.
1939 Хеликоптерот „VS-300“ на рускиот конструктор Игор Сикорски, кој емигрираше во САД, го изведе првиот успешен хеликоптерски лет во историјата на воздухопловството.
1959 Советската „Луна 2“ стана првиот вселенски брод кој се спушти на Месечината.
1960 Во Белград заврши состанокот на претставниците на земјите производители на нафта на кој е донесена одлука за основање на ОПЕК (Огранизација на земјите извознички на нафта).
1977 Во Хемшајр, во Англија умре Леополд Стоковски, американски диригент од полско потекло, пропагатор на современата музика, еден од најпознатите диригенти во светот. Роден е во Лондон, на 18 април 1882 година.
1982 Ден по сообраќајната несреќа на приодот на Монте Карло, во Франција умре славната холивудска артистка, принцезата од Монако Грејс Кели. Родена е во Тексас, во 1928 година.
1982 Во експлозија на бомба која во седиште на христијанската партија ја подметнаа исламски терористи, загинаа претседателот на Либан Бешир Џемаил и уште 20 лица.
1995 Рускиот претседател Борис Елцин одби да ги потпише законите на Државната дума со кои Русија би се откажала од примена на санкции против Југославија, а ги воведе против Хрватска.
1996 Во Прилеп умре Пеце Атанасоски, македонски инструменталист - гајдаџија. Роден е во селото Долнени, Прилепско, во 1926 година.
1996 Умре Благоја Николовски, македонски вокален солист - тенор. Роден е во 1935 година.
1997 Во пожар во нафтената рафинерија во Висакапата, на југот од Индија, загинаа најмалку 56 лица, а истиот ден во централниот дел на земјата загинаа 81 патник кога експресен воз падна од мост во река.
1997 Во судар на американски и германски воени авиони над Атлантскиот океан близу брегот на Намибија загинаа сите 22 лица во двата авиона.
2000 Високиот функционер на кинескиот парламент Ченг Кеџи е погубен под обвинение дека примил мито од пет милиони долари. Тој е највисокиот кинески функционер кој е осуден на смрт поради корупција од 1949 година.
2001 Умре Ахмад Шах Масуд, со години водечки герилски командант во Авганистан против владејачките талибанци, подлегнувајќи на повредите кои пет дена пред тоа му ги нанесе терорист-самоубиец активирајќи експлозив во Масудовата канцеларија.
2003 Швеѓаните на референдум со убедливо мнозинство се изјаснија против воведувањето на еврото како официјална валута во земјата.
2003 Војската со пуч ја презеде власта во малата западноафриканска земја Гвинеја Бисао.
2004 Во експлозија на автомобил-бомба на преполниот пазар во западниот дел на Багдат, во непосредна близина на полициска станица, загинаа 47, а ранети беа преку 100 лица. Одговорноста за нападот ја презеде бунтовничката група која ја предводи соработникот на Ал Каеда Абу Мусаб ал Заркави.