На денешен ден!

17 мај

- Светски ден на телекомуникациите. Во Париз, во 1865 година за првпат е формирана организацијата која подоцна прерасна во Меѓународен сојуз за телекомуникации.

1395.- Крали Марко, според доста сиромашните историски податоци, загина како турски вазил во битката на Ровина против влашкиот војвода Мирче. По погубувањето на неговиот татко во 1371 година во битката против Турците кај реката Марица, продолжи да владее со областите околу Призрен, Скопје и Прилеп. Епската поезија го идеализира како пример за храброст, витештво и чесност и како заштитник на послабите. Тој е еден од најчесто опеаните личности во македонските народните песни.

1510.- Умре италијанскиот сликар Сандро Ботичели, кој работеше религиозни и алегориски композиции, посебно познат по ликовите на Богородица со малиот Христос. Дела: „Поклонување на кралевите“, „Пролет“, „Раѓањето на Венера“, илустрации за „Боженствената комедија“ на Данте Алигиери.

1749.- Роден е англискиот лекар Едвард Џенџер, пронаоѓач на вакцината против големите сипаници, втемелувач на модерната имунологија. Неговата вакцина набрзо е прифатена во целиот свет како сигурна заштита од смртоносните големи сипаници.

1809.- Францускиот цар Наполеон Први издаде декрет со кој присвои папски територии.

1838.- Умре францускиот политичар Таљеран (Шарл Морис де Таљеран Перигор), човекот чие име стана синоним за бескрупулозност. Беше дипломат, претседател на влада и амбасадор во Лондон.

1866.- Умре францускиот композитор Ерик Сати, противник на импресионизмот и поборник за специфичниот упростен музички израз. Дела: балетот „Природа“, клавирските композиции „Ладни парчиња“, „Исушени ембриони“, „Три парчиња во облик на круша“.

1911.- Родена е американската филмска актерка од ирско потекло Морин О`Саливен, позната по улогите Џејн, партнерка на Тарзан. Филмови: „Тарзан и неговата другарка“, „Тарзан и неговиот син“, „Најголемата авантура на Тарзан“, „Тарзан во Њујорк“, „Висок човек“, „Дејвид Коперфилд“, „Ана Каренина“, „Браќата Маркс на трки“, „Кардинал Ришље“.
 
- 03.11.1992 година: Бил Клинтон е избран за Претседател на САД, другото е историја...

- 1957 година: СССР го лансираше "Спутник 2", првиот сателит со живо суштество во него - кучето Лајка, без повратен билет за назад.

- 1903 година: Колумбијската провинција Панама, после буната која ја исценирале со САД и запловувањето на американскиот воен брод "Nashville" во панамските води, се отцепува од Колумбија и прогласува независност. Само 10 дена подоцна, САД ја признава независноста на Панама и склучуваат договор за отстапување на широк територијален појас поради изградбата на Панамскиот канал. Бидејќи "светот" го критикувал необичното однесување на САД кон Колумбија, во 1921 година на Колумбија и се исплатени 25 милиони долари како оштета за изгубените територии.
super ne sum go zneal ovaa
 
1799 Умре Пјер - Огистен Карон де Бомарше, француски писател. Во своите дела ги критикуваше поткупливоста, подлоста и корупцијата во општеството. Според неговите комедии "Севилскиот бербер" и "Свадбата на Фигаро", композиторите Росини и Моцарт ги напишаа истоимените опери. Роден е на 24.01.1732 година.
1872 Роден е Бертранд Расел, англиски филозоф. Студираше математика и физика во Кембрич. Во 1950 година ја доби Нобеловата награда за литература. Беше на чело на антинуклеарното движење во Британија и претседател на Судот за утврдување на воените злосторства во Виетнам. Умре на 2.02.1970 година.
1908 Умре Карл Колдевеј, германски поларен истражувач. Беше водач на првата германска експедиција на Северниот пол. Роден е на 26.10.1837 година.
1977 Во Москва, за време на Дванаесеттото генерално собрание на ИКОМ, 18 мај е востановен за Меѓународен ден на музеите.
 
1799 - Умре Пјер - Огистен Карон де Бомарше, француски писател. Во своите дела ги критикуваше поткупливоста, подлоста и корупцијата во општеството. Според неговите комедии „Севилскиот бербер“ и „Свадбата на Фигаро“, композиторите Росини и Моцарт ги напишаа истоимените опери. Роден е на 24 јануари 1732 година.

1800.- Умре рускиот генералисимус Александар Васиљевич Суворов, еден од најистакнатите војсководци во 18. век, под чија команда руските трупи извојувале 57 победи. Во Советскиот Сојуз во 1942 година беше воведен орденот Суворов за високи војнички вештини.

1803.- Велика Британија и објави војна на Франција затоа што Наполеон Бонапарта ја продолжи воената кампања во Италија и во Швајцарија.

1804.- Наполеон Бонапарта се прогласи за цар на Франција (на општо изненадување на прореволуционерните кругови во Европа), а во декември истата година, беше крунисан како Наполеон Први.

1814.- Роден е Михаил Александрович Бакуњин, руски револуционер, еден од идеолозите на анархизмот и народништвото. Умре на 1 јули 1876 година.

1868.- Роден е рускиот цар Николај Втори Александрович Романов, последниот монарх на Русија, кој владееше од 1894 до абдицирањето во 1917 година. Со сопругата, петте деца и послугата беа убиени во јули 1918 во Екатеринбург (Свердловск) по наредба на Ленин, по што сите искасапени беа фрлени во необележана гробница.

1872 - Роден е Бертранд Расел, англиски филозоф. Студираше математика и физика во Кембриџ. Во 1950 година ја доби Нобеловата награда за литература. Беше на чело на антинуклеарното движење во Британија и претседател на Судот за утврдување на воените злосторства во Виетнам. Умре на 2 февруари 1970 година.

1897.- Роден е американскиот филмски режисер од италијанско потекло Френк Капра, трипати добитник на Оскар, автор на комедии со сатирични ноти. Филмови: „Се случи една ноќ“ (Оскар), „Господин Дидс оди во град“ (Оскар), „Изгубени хоризонти“, „Запознајте го Џон Дуа“, „Не можете тоа да го понесете со себе“ (Оскар).

1899.- Во Хаг е одржана првата меѓународна конференција против трката за вооружување и спречување на војни.

1908 - Умре Карл Колдевеј, германски поларен истражувач. Беше водач на првата германска експедиција на Северниот пол. Роден е на 26 октомври 1837 година.

1911.- Умре австрискиот композитор и диригент Густав Малер, директор на Државната опера во Виена, кој под влијание на Лудвиг ван Бетовен и Рихард Вагнер создавал композиции со изразит драмски набој и силни емоции. Дела: 10 симфонија, циклуси соло песни за глас и оркестар „Песна за земјата“, „Песни за мртвите деца“...

1919.- Родена е англиската балерина Маргарет Хукам, позната како Маргот Фонтејн, една од најпознатите во 20. век, која на секој лик му даваше посебна драмска сила. Со извонреден успех ширум светот играше низа улоги во класичните балети „Жизел“, „Лебедово езеро“...

1920 - Роден е римокатоличкиот свештеник Карол Војтила, кој под името Јован Павле Втори во 1978 година, по 455 години, стана првиот папа кој не потекнува од Италија.
 
1762.Роден е Јоахн Готлиб Фихте, еден од најистакнатите претставници на германската класична филозофија. Тој изврши големо влијание врз германскиот романтизам. Умре во Берлин, на 27 јануари 1914 година.
1890 Во Глина е роден Пјер Крижаниќ, сликар, графичар и карикатурист од Словенија. Живееше и работеше во Белград. Тој е еден од творците на современата југословенска карикатура, како и еден од основачите на хумористичниот весник „Јеж“. Умре во Белград, на 1 февруари 1962 година.
1890 Роден е виетнамскиот државник Нгујен Тат Тан, познат како Хо Ши Мин, претседател на Демократска Република Виетнам од 1945 до неговата смрт во 1969 година.
1906 Официјално е отворен тунелот Симплон под Алпите меѓу Италија и Швајцарија, долг 19,77 километри.
1910 Во Штип е роден Љупчо Арсов, народен херој на Југославија, од Македонија. Беше член на Второто заседание на АВНОЈ, на Првото, на Второто и на Третото заседание на АСНОМ, потпретседател на првата Влада на ДФ Македонија. Умре во Скопје, на 8 ноември 1986 година.
1945 Со уредба на Народната влада на ДФ Македонија е формиран Државниот металски завод „Тито“ во Скопје.
1965 Умре Марија Домбровска, полска писателка. Продолжувајќи ги најубавите традиции на полскиот класичен реализам пишуваше романи, приказни, есеи и друго. Родена е во 1889 година.
1990 Во Велес е формирано Движењето на екологистите на Македонија (ДЕМ) кое во 1993 година е примено во најпознатите европски и светски асоцијации.
1994 Умре поранешната американска „прва дама“ Жаклина Кенеди Оназис, сопруга на претседателот на САД Џон Кенеди, убиен во 1963 година. Пет години подоцна Жаклина се омажи за грчкиот бизмисмен Аристотел Оназис.
2002 Во Скопје, во салата на СРК „Кале“, во финалниот - реванш натпревар на Лигата на европските шампионки во ракомет, ракометарките на Кометал Ѓорче Петров го победија првакот на Унгарија ХЕРЗ Ференцварош со 26:22 и, надополнувајќи ја негативата од два гола од првата средба во Будимпешта (27:25), станаа европски клупски шампиони.
 
Ден на пожарникарството во Република Македонија. На овој датум во 1836 година во Битола е формиран првиот противпожарен одред.
1498 Португалскиот морепловец Васко де Гама вплови во пристаништето Каликат во југозападна Индија, бидејќи претходно прв успеа да ја обиколи Африка.
1506 Умре шпанскиот морепловец од италијанско потекло Кристифор Колумбо, кој во 1492 година ја откри Америка, но до смртта веруваше дека го открил источниот брег на Индија.
1799 Во Тур е роден францускиот писател Оноре де Балзак, автор на околу стотина книги со повеќе од две илјади ликови. Негови наjпознати дела се романите „Евгенија Гранде“, „Чичко Горио“, „Изгубени илузии“, „Селани и Роднината Бета“. Умре во Париз, на 19 август 1850 година.
1806 Роден е англискиот филозоф и економист Џон Стјуарт Мил, еден од творците на либералната политичка теорија. Негово најзначајно дело е „За слободата“, а останати „Систем на логика“, „Утилитаризам“, „Принципи на политичката економија“...
1875 Во Париз се одржа Дипломатска конференција за метарот, беше основано Меѓународното биро за мерки и тегови. Со тоа започна да се средува хаосот кој владеше во областа на метрологијата на мерните единици на одделни физички големини.
1834 Умре францускиот генерал и државник Маркиз од Лафајет, кој од 1777 до 1781 година заедно со американските колонисти се борел за ослободување на Северна Америка од Британците.
1875 ВО Охрид е роден Методија Патчев, македонски војвода, еден од најпознатите револуционери од пред Илинденското востание на македонскиот народ. Делото на ТМРО му беше над се, а со своите постапки секогаш беше праведен и бескомпромисен. Во Кадино Село, Прилепско, во борбата против турската војска се самоуби заедно со сите борци на својата чета, на 7 април 1902 година.
1876 Во селото Разловци во Источна Македонија избувна Разловечкото востание на македонскиот народ против османлиската војска. И покрај неуспехот на востанието, тоа имаше големо значење за будењето на националната свест и за народноослободителната борба на македонскиот народ.
1896 Умре германската пијанистка Клара Шуман, една од најголемите мајстори на клавир во 19. век. Ширум Европа ги популаризираше делата на Роберт Шуман, за кого се омажи во 1840 година, како и делата на Лудвиг ван Бетовен, Фредерик Шопен, Јоханес Брамс, Феликс Менделсон. Беше врвен интерпретатор.
1908 Роден е Џејмс Стјуарт, американски филмски актер. Беше омилен актер на режисерот Хичкок. Филмови: „Мистер Смит во Сенатот“, „Филаделфиска приказна“ (Оскар), „Винчестер 73“, „Приказна за Глен Милер“, „Најголемата претстава на светот“, „Човекот што знаеше премногу“... Умре на 3 јули 1997 година.
1926 Со мирот во Џеда потпишан со кралот Ибн Сауд, Велика Британија ја призна независноста на Саудиска Арабија.
1947 Грчка жандармериска и воена единица го нападна селото Пателе, Леринско. Притоа беа уапсени 17 Македонци обвинети за соработка со НОФ и со партизаните. Од затворените четворица беа осудени на смрт, а другите беа интернирани на островот Ѓура.
1956 Експлодира првата хидрогенска бомба пуштена од авион, која Американците ја исфрлија врз пацифичкиот остров Бикини.
1956 Умре англискиот писател и карикатурист Макс Бирбом, мајстор за сатира и иронија. Дела: „Божиќен венец“, „Делата на Маркс Бирбом“.
1980 Во Квебек на референдум за независност од Канада 60 отсто од избирачите гласаа против отцепување.
1981 Во Скопје умре г.г. Доситеј, прв архиепископ охридски и македонски, поглавар на Македонската православна црква. Роден е на 7 декември 1906 година.
1990 Во Романија на првите слободни избори по 45 години победи партијата Фронт за национален спас.
2002 Источен Тимор прогласи независност бидејќи мисијата на Обединетите нации, која управуваше со оваа поранешна португалска колонија од 1999, кога земјата ја напуштија индонезиските сили, власта и ја предаде на локалната влада.
2006 Повеќе од 100 луѓе загинаа во тајфунот кој ги погоди Виетнам, Кина и Филипини, а околу 400 се водат за исчезнати.
 
1813 Во Лајпциг е роден Рихард Вагнер, германски композитор, реформатор на операта и централна личност во нејзиниот развој во третата половина на 19-от век. Негови најзначајни дела се "Тристан" и "Изолда" и "Леогрин". Умре во Венеција, на 13.02.1883 година.
1819 Парниот брод "Савана", изграден во Џорџија, САД, пристигна во Ливерпул, во Велика Британија. Тоа беше првиот параброд кој за само 25 денови го преплови Атлантикот.
1885 Во Париз умре Виктор Иго, француски писател, основач на францускиот романтизам во 19 век. Негови најпознати дела се романите "Клетници", "Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз" и "Работници на море". Роден е во 1802 година.
1918 Германските воени авиони го бомбардираа Париз. Во историјата, тоа беше прво авионско бомбардирање на еден град.
1972 Цејлон го доби називот Шри Ланка. Овој ден се прославува како национален празник на Шри Ланка.
1979 Официјално е верификувано основањето на битолскиот Универзитет.
 
1514 Во Унгарија почна селанската буна под водство на благородникот Ѓерѓ Дож. Унгарските селани кои бараа враќање на "старите права", по четири месечни борби зазедоа поголем дел од територијата. Војската на Дож беше разбиена кај Темишвар, загинаа околу 70.000 востаници. Ѓерѓ Дож беше свирепо убиен.
1905 Со ираде-указ на турскиот султан Абдул Хамид, Власите се признати како посебен народ во турското царство. Поради значењето на овој датум, Лигата на Власите од Македонија го прифати како национален ден.
1906 Во Осло умре Хенрик Ибзен, норвешки писател и драматург. Во своите дела го обвинуваше современото буржоаско општество. Негови најзначајни дела се "Нора", "Комедија на љубовта", "Привидение" и "Непријател на народот". Роден е на 29.03.1828 година.
1962 Властите во Израел соопштија дека е уапсен поранешниот нацист, Адолф Ајхман, на кој ќе му се суди како на воен злосторник.
1992 Во Струга, во организација на Сојузот на студентите на Република Македонија, почна Првата македонска универзијада.
1994 Во Лос Анџелес, во САД, умре Џо Пас, прославен американски гитарист, еден од најголемите гитаристи во историјата на џезот. Роден е во Њу Брунсвик, во 1931 година.
1995 Република Македонија и Украина воспоставија целосни дипломатски односи.
 
1939.- Британскиот парламент го усвои планот за создавање независна палестинска држава до 1949 година, во која заедно би живееле Арапи и Евреи.

1945.- Германскиот воен злосторник Хајнрих Химлер, шеф на злогласната нацистичка полиција Гестапо од 1936 година, изврши самоубиство. Еден од најблиските соработници на водачот на Третиот рајх Адолф Хитлер се уби еден ден откако Британците го заробија.

1949.- Основана е Сојузна Република Германија, со Бон како главен град.

1951.- Роден е рускиот велемајстор Анатолиј Евгеневич Карпов, еден од најуспешните турнирски играчи во историјата на шахот.

1960.- Властите во Израел соопштија дека е уапсен поранешниот нацист Адолф Ајхман, на кој ќе му се суди како на воен злосторник.

1971.- Во земјотрес кој го разори градот Бингол во источна Турција загинаа најмалку илјада луѓе.

1992.- Во Струга во организација на Сојузот на студентите на Република Македонија почна Првата македонска универзијада.

1993.- На Градскиот стадион во Скопје се одигра финалниот натпревар на Фудбалскиот куп на Република Македонија меѓу Вардар и Пелистер, 1:0. Голот го даде Жанко Савов во 83 минута. Вардар стана прв победник на Фудбалскиот куп на Македонија.

1994.- Во Лос Анџелес умре Џо Пас, прославен американски гитарист, еден од најголемите гитаристи во историјата на џезот. Роден е во Њу Брунсвик во 1931 година.

1995.- Република Македонија и Украина воспоставија дипломатски односи.

1997.- На претседателските избори во Иран убедливо победи предводникот на умерената политичка струја Мухамед Хатами.

2000.- Израел ги повлече последните војници од јужен Либан.

2004.- Хорст Келер, поранешен директор на Меѓународниот монетарен фонд и претседател на Европската банка за обнова и развој, е избран за деветти повоен претседател на Германија со мандат од пет години.

2004.- Најмалку 34 луѓе загинаа во судирите меѓу американските сили и следбениците на шиитскиот радикален водач Моктад ел Садар во ирачките градови Куфа и Наџаф.

2007.- Изречена е пресудата на дванаесетмината обвинети за убиството на претседателот на владата на Србија Зоран Ѓинѓиќ. Осудени се на вкупно 378 години затвор.
 
Ден на солунските браќа Кирил и Методиј.

Православната црква во 11-от век, во чест на солунските браќа Кирил и Методиј одлучи 24 мај да се прославува, како Ден на солунските браќа Кирил и Методиј, сесловенски просветители. Македонија со посебен пиетет го празнува овој ден, во знак на признание за се она што го направија солунските браќа за самобитниот развиток на македонската култура.
1543 Во Фромборг, во Полска, умре Никола Коперник, полски астроном. Тој докажа дека Земјата се врти околу Сонцето, а не Сонцето околу Земјата, како што се сметаше дотогаш. Роден е во Товин, на 19.02.1473 година.
1905 Роден е Михаил Шолохов, еден од најголемите руски прозаисти. Со светска слава се здоби со своето ремек-дело, романот "Тихиот Дон". Други негови познати дела се "Разорана ледина", "Наука на омразата" и "Човековата судбина". Умре во Станица Вешенскаја, во Ростовската област на Дон, на 21.02.1984 година.
1928 Професорот на Лондонскиот универзитет, Александар Флеминг (1881-1955), го пронајде пеницилинот, прв антибиотик, ефикасен лек против многу болести.
1954 Во Скопје, на сцената на скопската опера е изведена првата македонска национална опера "Гоце", од македонскиот композитор Кирил Македонски.
1996 Во Штип е поставен камен-темелникот на црквата "Свети Кирил и Методиј".
 
1882 Германскиот бактериолог Роберт Кох (1843-1910) на собирот на берлинските лекари соопшти дека го открил бацилот што ја предизвикува туберкулозата и оти пронашол лек за оваа болест - тубекулин. Кох го откри и причинителот на колерата од која во минатите столетија умираа десетици илјади луѓе во светот. За овој труд во 1905 година ја доби Нобеловата награда за медицина.
1905 Во Велес е роден Стефан Гајдов, македонски композитор и музички педагог, еден од организаторите на музичкиот живот во Македонија по 1945 година. Во 1970 година ја доби наградата "11 Октомври". Умре во Охрид, на 17.06.1992 година.
1972 Во Москва е потпишан договор меѓу САД и Советскиот Сојуз за ограничување на стратегиското нуклеарно вооружување.
1994 Весникот на албански јазик "Флака е влазеримит" почна да излегува како дневен весник.
 
1840 Во Ница умре Николо Паганини, италијански композитор и виолинист. Компонира виолински концерти, сонати, камерна музика и познатите "каприча" на соло виолина. Роден е во Џенова, на 27.10.1782 година.
1878 Родена е Исисдора Данкан, прочуена северноамериканска балерина, жена на рускиот поет, Сергеј Есенин. Умре во Ница, во 1927 година.
1957 Пуштен е во погон првиот агрегат на ХЕЦ "Вруток".
1964 Во Њу Делхи умре Џаварахал Нехру, државник кој беше симбол на нова Индија. Со децении се бореше за независноста на земјата и стекна голем меѓународен углед. Тој е еден од основачите на Движењето на неврзаните. Роден е на 14.11.1889 година.
1993 Република Македонија е примена во членството на ООН за индустриски развој.
1996 Република Македонија и Обединетите Арапски Емирати воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасадори.
-
Ден на македонското електростопанство.
 
1805 Во Берово е роден Илија Марков - Малешевски, прочуен македонски ајдутски војвода во втората половина на 19 век. Учествуваше во многубројните битки против Турците и поради своето херојство го нарекуваа Цар Малешевски. Умре во Ќустендил, на 29.04.1898 година.
1937 Невин Чемберлен стана англиски премиер. Беше решителен носител на англиската и на европската политика за смирување.
1971 Советскиот Сојуз во правец на Марс ја лансира автоматската вселенска сонда "Марс-3", со тежина од пет тони.
1993 Република Македонија е примена во членството на Меѓународната организација на трудот со седиште во Женева, специјализирана агенција на ООН.
1994 Во Битола е отворено Првото меѓународно графичко триенале.
 
1986.- Двајца советски космонаути излегоа од орбитната станица „Саљут 7“ и помина неполни четири часа во „вселенска прошетка“.

1993.- Република Македонија е примена во членството на Меѓународната организација на трудот со седиште во Женева, специјализирана агенција на ООН.

1994.- Во Битола е отворено Првото меѓународно графичко триенале.

1995.- Во земјотрес кој го погоди рускиот град Нефтегорск на островот Сахалин загинаа најмалку 1.989 луѓе.

1995.- На филмскиот Фестивал во Кан филмот „Подземје - беше еднаш една земја“ на режисерот Емир Кустурица ја доби „Златната палма“, втора главна фестивалска награда во неговата кариера.

1997.- Русија и Украина потпишаа договор со кој на руската Црноморска флота и е овозможено 20 години да ја користи поморската база во пристаништето Севастопол на полуостровот Крим.

1998.- Пакистан и официјално стана нуклеарна сила, извршувајќи пет нуклеарни пробни експлозии.

2002.- Либијската влада понуди вкупно 2,7 милијарди долари за обесштетување на 270 семејства жртви при експлозија на авионот на американската компанија „Пан Ам“ во 1988 година над местото Локерби во Шкотска, за што беше обвинет официјален Триполи, во замена за симнување на санцкиите кои врз Либија ги наметнаа САД и Обединетите нации.

2008.- Во Непал е укината монархијата бидејќи конститутивното собрание во Катманду изгласа воспоставување република.
 
1220.Роден е Александар Невски, новогородски кнез, руски војсководец, познат руски народен јунак. Ја победил шведската војска на реката Нева во 1240 година, а во 1242 година ги победил германските рицари „мечоносци“ на замрзнатото Чудеско Езеро и така го запре германското напредување кон исток. Умре на 14 ноември 1263 година.
1498 Шпанскиот морепловец со италијанско потекло Кристофер Колумбо со шест бродови исплови од шпанското пристаниште Санлукар на третото патување во Новиот свет, за време на кое ги откри Тринидад и брегот на Јужна Америка.
1539 Англискиот писател Кристофер Марло кој битно влијаеше на Вилијам Шекспир е убиен на мистериозен начин во една лондонска таверна. Дела: „Тамерлан Велики“, „Д-р Фаустус“, „Евреинот од Малта“, „Едвард Втори“.
1640 Во Антверпен умре Петар Паул Рубенс, фламански сликар, еден од најголемите мајстори на барокниот стил. Соединувајќи ги најдобрите традиции на италијанското сликарството и сликарството во северниот дел на Европа, тој создаде слики полни со драматика, еротика, раскош на костимите и сјај на боите. Роден е во Зегин, на 28 јуни 1577 година.
1672 Во Москва е роден Петар Велики, цар на Русија. Беше коренит реформатор на рускиот социјален, економски и општествен живот. Се истакна како војсководец на копно и море. Беше мошне вешт политичар и дипломат. Основа многу училишта. Престолнината ја пресели во новоизградениот Петерсбург, односно Петроград. Умре во Санкт Петерсбург, на 8 февруари 1725 година.
1744 Умре англискиот писател Александер Поуп, претставник на класицизмот во англиската поезија, кој на англиски јазик ги преведе грчките епови „Илијада“ и „Одисеја“. Дела: поемите „Есеј за човекот“, „За критиката“, „За глупостите“.
1770 Умре Франсоа Буше, француски сликар, еден од главните претставници на сликарскиот правец рококо. Роден е на 29 септември 1703 година.
1778 Во Париз умре Франсоа Волтер, француски писател, историчар и филозоф. Негово најпознато дело е филозофско-дидактичкиот роман „Кандид“. Напиша и неколку епопеи, историски дела, трагедии и комедии. Роден е во Париз, на 21 ноември 1694 година.
1814 Роден е рускиот револуционер Михаил Александрович Бакуњин. Дела: „Државност и анархија“, „Кнутогерманска империја и социјална револуција“.
1848 САД и Мексико го ратификуваа договорот, потпишан во февруари 1848 година, по поразот на Мексиканците во американско-мексиканската војна, според кој, за надокнада од 15 милиони долари, во составот на САД влегоа дотогаш мексиканските територии Ново Мексико, Калифорнија, делови од Невада, Јута, Аризона и Колорадо.
1909 Роден е американскиот кларинетист и композитор Бенџамин Дејвид Гудмен, познат како Бени Гудмен, еден од првите бели музичари кој и се спротивстави на расната сегрегација. Во 1934 година формираше џез-оркестар во кој повика и црни музичари. Сними десеттина филмови, а се бавеше и со класична музика, сними концерт за кларинет Волфанг Амадеус Моцарт и свиреше со симфониски оркестри.
1912 Умре американскиот пилот и конструктор на авиони Вилбур Рајт, пионер на авијацијата, кој во 1903 година заедно со неговиот брат Орвил, во авион направен од нив двајцата, го изведе првиот лет во историјата на воздухопловството. Летот траеше 59 секунди, а авионот прелета 285 метри. Браќата Рајт во 1905 година конструираа авион кој прелета 39 километри. Во 1909 година ја основаа „Америкен Рајт компани“ за производство на авиони и истата година на војската на САД и го испорачаа првиот борбен авион „Сингл Корпс I“.
1918 Умре Георгиј Валентинович Плеханов, руски филозоф, политичар, историчар, критичар, естетичар и социолог. Најпознати негови дела се „За улогата на личноста во историјата“, „Нашите размислувања“ и „Уметноста и општествениот живот“. Роден е на 11 декември 1856 година.
1942 Биртанското воено воздухопловство со 1.047 авиони го бомбардираше германскиот град Келн. Тоа беше првиот бомбардерски напад на РАФ изведен со повеќе од илјада летала во Втората светска војна.
1960 Во Переделкино умре Борис Леонидович Пастернак, руски писател. Познати негови дела се „Збирка стихови без бариери“, „Теми и варијации“, романот „Доктор Живаго“ и други. Во 1958 година ја доби Нобеловата награда за литература за извонредните дострели во современата лирска поезија и на полето на великата руска епска традиција. Роден е во Москва, на 10 февруари 1890 година.
1973 Западна Германија и Чехословачка постигнаа Договор за нормализација на односите, ставајќи крај на 32-годишните несогласувања меѓу двете земји.
1981 Во Бангладеш во обидот за државен удар, убиен е претседателот Аиаур Рахман.
1989 Во Њујорк умре Зинка Кунц - Миланов, оперска пејачка, еден од најубавите сопрани во современиот свет. Родена е во Загреб, во 1906 година.
1995 Русија ги формализира односите со НАТО, но го повтори предупредувањето дека ширењето на западниот воен сојуз на исток би можело да ја подели Европа.
1998 Во земјотресот, што ја зафати северната авганистанска провинција Тахар, загинаа најмалку три илјади лица.

2002 Со натпреварот меѓу светскиот шампион Франција против репрезентацијата на Сенегал, кој ширум планетата го следеа најмалку 500 милиони телевизиски гледачи, во Сеул е отворено првото Светско фудбалско првенство одржано на тлото на Азија, кое заеднички го организираа Јужна Кореја и Јапонија. Сенегал приреди изненадување со победа од 1:0.
2007 Умре францускиот глумец и режисер Жан Клод Бријали, кој се смета за еден од столбовите на франуската кинематографија во рангот на Филип Ноаре. Играл во повеќе од 200 филмови, а беше и сопственик и директор на парискиот театар „Ле Буф“. И самиот режирал неколку филмови, од кои последниот е „Господин Макс“, снимен во 2006 година. Исто така, тој има објавени и неколку книги.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom