На денешен ден!

1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач на династијата Јорк во граѓанската „Војна на две ружи“ против поддржувачите на династијата Ланкастер. Престолот го доби со победите на своите сили во 1641 година во клучните битки кај Мортимер Крос и Тоутон. Круната му ја одзеде неговиот претходник на престолот Хенри VI, но со победата над војската на Ланкастер во битката кај Туксбери во 1471 година повторно стана крал и владееше се до смртта во 1483 година.
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс Монро, претседател на САД од 1817 до 1925 година. Во 1823 година ја прокламираше „Монровата доктрина“ под мотото „Америка на Американците“. Основната цел на ова мото беше да се потиснат европските сили на американското тло.
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод „Баунти“ го остави заповедникот, крутиот капетан Вилијам Блај со неговите 18 поддржувачи во водите кај Тахити. Блај по 48 дена драматична пловидба и повеќе од 3.500 милји успеа да стаса до островот Тимор во денешна Индонезија. На уапсените бунтовници подоцна им беше судено во Англија.
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил Иларионович Кутузов, познат руски војсководец, стратег, кој и покрај противењето на царот и на генералот, за време на нападот на Наполеон на Русија ги измами Французите во широките руски пространства, а потоа ги порази. Роден е на 16 септември 1745 година.
1878.- Роден е американскиот филмски и театарски актер Лајонел Блајт, познат како Лајонел Баримор кој уште како дете се прослави со ликот на Оливер Твист. Пред крајот на животот како тежок инвалид, во инвалидска количка одигра повеќе извонредни карактерни улоги. Филмови: „Грант хотел“, „Островот Лагро“, „Дамата со камелии“, „Распутин и царицата“, ТВ-серијата „Д-р Килдер“.
1903.- Во Солун, од 28 до 30 април (група македонски интелектуалци, формирана со цел со динамитни акции да се предизвика интервенција на европските сили во Македонија и да се запознае европската јавност со состојбата во Македонија) ги дигнаа во воздух францускиот брод "Гвадалкивир", Отоманската банка, Поштата, Плинарницата и други јавни објекти. Овие настани, познати како Солунски атентати, извршени неколку месеци пред Илинденското востание, претставуваат најкрупен настан кој предизвика силен ефект во европската јавност и во европската дипломатија.
1918.- Во воениот затвор Терезин, во Чешка, умре Гаврило Принцип, припадник на организацијата на босанската револуционерна младина "Млада Босна". На 28 јуни 1914 година, во Сараево изврши атентат врз австроунгарскиот престолонаследник Франц Фердинанд. Беше осуден на 20 години затвор. Роден е во Велики Обљај, кај Босанско Грахово, на 25 јули 1894 година.
1919.- На мировната конференција во Париз на која учествуваа 32 држави, вклучувајќи го и Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, осоновано е Друштвото на народите. Сите држави потписнички беа обврзани на заедничка акција против агресија, се откажаа од употреба на сила и ја прифатија обврската за мирно решавање на споровите.
1924.- Роден е замбискиот државник Кенет Каунда, прв претседател на Замбија од 1964 до 1991 година.
1936.- Умре египетскиот крал Фуад I, кој на престолот во Египет дојде во 1922 година. Претходно, за време на британскиот протекторат, во 1917 година стана египетски султан, а титулата крал ја зеде кога Велика Британија и даде формална независност на Египет во 1922 година. На престолот го наследи неговиот син Фарук I.
1937.- Роден е ирачкиот диктатор Садам Хусеин. На власт во Ирак дојде во 1979 година, кога како потпретседател на владејачкиот Совет на револуционерната команда го симна од власт шефот на државата Ахмед Хасан ал Бакар, по што користеше диктаторски методи на владеење, вклучувајќи и физичка ликвидација на политичките противници. Тој е обесен во Багдад, на 30 декември 2006 година, откако локалниот суд го осуди на смрт поради убиство на околу 150 шиити во текот на 80-тите години.
1945.- Во Комо, италијанските партизани ја извршија смртната казна врз италијанскиот диктатор, Бенито Мусолини. Роден е на 29 јули 1883 година.
1952.- Јапонија по поразот во Втората светска војна ја врати сувереноста и независноста откако стапи на сила мировниот договор постигнат во Сан Франциско во 1951 година.
1969.- Претседателот на Франција, Шарл де Гол поднесе оставка на функцијата по 11 години владеење. Тој се повлече од функцијата по референдумот за регионализација на државата и укинување на Сенатот, на кој, мнозинство од гласачите се изјаснија против неговите идеи.
1975.- Американците го напуштија Сајгон, со што заврши 20-годишната интервенција на САД во Јужен Виетнам.
1977.- Андреас Бадер и останатите уапсени членови на германската левичарска терористичка група „Бадер-Мајнхоф“ по двегодишното судење во Штутгарт се осудени на доживотна робија.
1980.- Американскиот државен секретар Сајрус Венс поднесе оставка на функцијата по неуспешната мисија на командосите за спасување на американските заложници во Иран.
1982.- Велика Британија воспостави воздушна блокада врз Фокландските (Малвинските) Острови над кои контролата ја презеде Аргентина.
1986.- Советската влада објави дека пред два дена се случи голема нуклеарна несреќа во електраната во Чернобил.
1992.- Во Лондон умре Френсис Бејкон, најпознатиот англиски сликар на 20-от век. Во 1976 година, за една Бејконова слика на аукцијата во Њујорк се платени 140.000 американски долари. Во мај 1990 година, Бејконовиот триптих "Мај - јуни" е продаден за рекордни 6.270.000 американски долари. Роден е во 1910 година.
2001.- На патот меѓу селата Селце и Вејце во близина на месноста Бреза, Тетовско, албанска диверзантско-терористичка група од заседа уби осуммина и повреди шестмина припадници на безбедносните сили на Република Македонија.
2001.- Првиот вселенски турист во светот, Американецот Денис Тито плати 20 милиони долари за да полета со руска ракета кон Меѓународната вселенска станица.
2002.- Во хеликоптерска несреќа загина гувернерот на руската Краснојарска област генерал Александар Лебед.
2003.- Рускиот вселенски брод „Сојуз“, првото вселенско летало со човечки екипаж лансирано по катастрофата на американскиот шатл „Колумбија“, успешно се спои со Меѓународната вселенска станица.
2004.- Американската ТВ мрежа CBS ги објави фотографиите на ирачките затвореници во затворот Абу Граиб каде американските војници вршеа тортура врз нив.
2004.- Во серијата истовремени напади на исламските сепаратисти врз полицијата и силите на безбедност на повеќе места на југот од Тајланд загинаа најмалку 93 исламски бунтовници, четворица полицајци и еден војник.
2005.- Националниот Парламент на Ирак со мнозинство гласови го прифати составот на новата ирачка Влада на Ибрахим ел Џафари, со што првпат по повеќе од 50 години, Ирак доби демократски избрана Влада.
2007.- Во Талин, Естонија, 96 лица беа повредени, а 600 уапсени во судирите поради отстранување на спорниот споменик на Советската армија. Беа демолирани околу 50 објекти, главно продавници.
2007.- Во близина на две шиитски џамии кај главната трговско-деловна улица во ирачкиот свет град Карбала во експлозија на автомобил-бомба се убиени 50 луѓе, а 70 се повредени.
2008.- Најмалку 70 луѓе загинаа, а 420 се повредени во судирот на два патнички воза на исток од Кина. Несреќата се случи кога возот кој сообраќаше од Пекинг кон летувалиштето Кингао скршна од шините и се удри во местото Цибо, во провинцијата Шандонг, со друг воз кој доаѓаше од спротивниот правец, од летувалиштето Јантаи.
 
1492 Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на неколку стотици Французи, кај Поатје ги победи англиските освојувачи и го зазеде градот Орлеан. Во 1430 година беше заробена, а една година подоцна, во Руан, беше запалена. Во 19-тиот век, таа е прогласена за француска национална хероина. Родена е во 1412 година.
1769 Роден е Артур Велингтон, англиски војсководец. Војничката слава ја стекна во војните против Наполеон Бонапарта. По првиот пад на Наполеон, Велингтон беше британски делегат на Виенскиот конгрес. По враќањето на Наполеон во 1815 година, стана врховен командант на сојузничките сили и го порази Наполеон во битката кај Ватерло, на 18 јуни 1815 година. Умре во 1852 година.
1854 Роден е францускиот математичар, физичар и филозоф Жил Анри Поенкаре, кој пред Алберт Ајнштајн ја постави специјалната теорија на релативитетот. Објави повеќе од 500 математички трудови, ја проучуваше аналитичката и небеската механика, хидродинамика, астрономијата, геодезијата, теориската и математичката физика. Ја создаде теоријата на автоморфните функции, еден е од основачите на топологијата, ја разви електромагнетската теорија на светлина, електрицитетот и даде критичка анализа на космогониските хипотези. Во филозофијата се занимаваше со теоријата на науката, теоријата на сознанието и општата методологија. Објави 32 книги. Најпознати негови дела се „Наука и хипотеза“, „Вредност на науката“, „Науката и методите“ и други.
1898 Во Ќустендил умре Илија Марков Малешевски (познат како Дедо Иљо Малешевски), прочуен македонски ајдутски војвода, во втората половина на 19-тиот век, кој учествуваше во битките против Турците. Роден е во Берово, на 28 мај 1805 година.
1899 Роден е американскиот пијанист, композитор и шеф на оркестар Едвард Кенеди „Дјук“ Елингтон, еден од најзначајните џез музичари. Оркестарот што го основаше во 1926 година претставува пример за сите оркестри на џез музиката. Тој напиша околу 2.000 композиции.
1901 Роден е јапонскиот цар Хирохито, кој владееше од 1921 година, кога како регент го заменуваше болниот татко. Крунисан е во 1926 година и беше на престолот до смртта во 1989 година.
1936 Роден е индискиот диригент и виолинист Зубин Мета, еден од најпознатите диригенти на 20 век.
1945 Во Втората светска војна капитулираа германските сили во северна италија, Австрија, Штаерска и Корушка.
1980 Во Лос Анџелес умре Алфред Хичкок, британски филмски режисер, еден од најпознатите автори кој светска слава доби со филмови од криминалистички жанр, со филмови на страв и ужас. Негови најпознати филмови се: "Човекот кој многу знаеше", "Ребека", "Аферата Парадин", "Птици" и "Психо". Роден е во Лентонстаун, во близина на Лондон, на 13 август 1899 година.
1991 Во земјотрес во Грузија загинаа повеќе од 140 луѓе.
1995 Во Шри Ланка тамилските бунтовници соборија воен авион, усмртувајќи 52 лица кои се наоѓаа во него.
1997 Во Лусембург, Република Македонија и Европската унија ја потпишаа спогодбата за соработка.
2000 Умре поранешниот виетнамски премиер Фам Ван Донг, кој до 1987 година повеќе од три децении беше претседател на Владата. Тој беше близок до виетнамскиот лидер Хо Ши Мин.
 
2007.- Умре Ивица Рачан, долгогодишен функционер, поранешен претседател на владата на Хрватска.

2008.- Умре швајцарскиот хемичар Алберт Хофман, творец на халуциногената дрога LSD. Супстанцата која Хофман случајно ја откри во 1943 година најде примена во психијатријата и во неврологијата. До 1971 година се произведуваше во вид на таблетка и амбупла за медицински потреби. Во почетокот на шеесетите години LSD стана омилена дрога на хипи движењето, па заради честата злоупотреба беше забрануван.
 
311.-Римскиот цар Константин Први Велики со Миланскиот едикт го призна христијанството во Римското царство.
1563 Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од Франција.
1777 Роден е германскиот математичар, физичар и астроном Карл Фридрих Гаус, основач на познатата математичка школа и директор на опсерваторијата во Гетинген. Тој отвори нова етапа во развојот на диференцијалната геометрија, ги постави новите основи на небеската механика и астрономија, и го конструираше геодетскиот инструмент хелиотроп.
1789 Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв претседател на САД.
1870 Роден е австрискиот композитор со унгарско потекло Франц Лехар, најзначаен претставник на виенската оперета во првата половина на 20 век. Негови најпознати оперети се „Веселата вдовица“, „Грофот од Луксембург“ и други.
1900 Хаваи станаа составен дел на САД.
1903 Во Солун се самоуби Орце Попјорданов, еден од организаторите на Солунските атентати. По минирањето на Отоманската банка, водеше неколкучасовна борба против османлиската војска.
1944 Во селото Стаевци, кумановско, проширениот Иницијативен одбор за свикување на АСНОМ го одржа првото заседание.
1945 Водачот на Третиот рајх и на нацистичка Германија и еден од најголемите злосторници во историјата на човештвото, Адолф Хитлер, откако ја слушна веста на Радио Москва дека единиците на Црвената армија истакнале црвено знаме на Рајхстагот, изврши самоубиство во својот бункер во Берлин.
1989 Умре италијанскиот филмски режисер Серџо Леоне. Негови најпознати филмови се „Колосот од Родос“, „За грст долари“, „Се викам Нико“, „Беше еднаш на Дивиот запад“, „Се случи во Америка“ и други.
1991 Циклон во Бангладеш усмрти најмалку 125.000 луѓе.
1992 Во Скопје, Редакцијата на весникот "Нова Македонија" и новинската агенцијата Франс прес од Париз, потпишаа долгогодишен договор со кој весникот се вклучува во користењето на генералниот сервис на агенцијата.
2000 Во Земскиот антенски центар Нова Брезница, скопско, е пуштена сателитската програма МРТ-МКТВ САТ, пред се наменета за македонските граѓани што работат и живеат во странство.
2002 Во хеликоптерска несреќа во северен Тунис загинаа 13 високи офицери на туниска армија.
2003 Либија ја прифати одговорноста за урнувањето на авионот на американската компанија „Пан америкен“ во 1988 година кај шкотското место Локерби, кога загинаа 270 луѓе во леталото и на тлото.
2004 Естонија, Летонија, Литванија, Кипар, Малта, Унгарија, Полска, Словачка, Словенија и Чешка станаа полноправни членки на ЕУ, со што бројот на земјите-членки е зголемен на 25, со 450 милиони жители и најголем заеднички пазар во светот.
2007 Во кинескиот град Чангѕоу, во провинцијата Џинјангцу, свечено е отворен за верниците најголемиот будистичкиот храм во светот Тјанинг, кој е симбол на сеопштиот просперитет на Кина, како и на повторното оживување на традиционалниот будизам во оваа земја. На церемонијата на отворањето на храмот присуствувале 108 поглавари на различни будистички асоцијации и храмови од целиот свет.
 
1 мај (МИА)

- Денеска е Меѓународен ден на трудот.

1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач на династијата Хабзбург, кој владееше од 1273 до 1291 година. Во битката на Моравското Поле во 1278 година го победи чешкиот крал Отокар II Пшемисл.

1672.- Роден е англискиот писател и политичар Џозеф Адисон. Повеќето негови моралистичко-рационалистички есеи беа објавувани во весниците „Татлер“ и „Спектатор“. Ја напиша трагедијата „Катон“.

1858.- Се случи битката на Грахово. По победата во 1860 година, меѓународната комисија со поддршка на Франција го одреди разграничувањето помеѓу Османлиското царство и Црна Гора.

1873.- Шкотскиот лекар, мисионер и истражувач во Африка Дејвид Ливингстон, кој ги откри Викториините водопади, е пронајден мртов во местото Читамбо во сегашна Замбија. Прв ја истражуваше пустината Калахари, басенот на реката Замбези, езерото Њаса и други африкански езера и изворот на реката Конго. Повеќе од 30 години помина во Африка. Погребен е во Вестминстерската катедрала во Лондон.

1886.- Во Чикаго, САД, избувна штрајк на околу 40.000 работници кои истапија со барањето за осумчасовен работен ден. На Првиот конгрес на Втората интернационала, што се одржа во Париз, во 1889 година беше решено секоја година на 1 мај, во знак на сеќавање на чикашките работници, да се одржуваат масовни демонстрации. Од 1890 година 1 мај се слави не само во знак на борбата за осумчасовен работен ден, туку како манифестација на класната солидарност на работничката класа во целиот свет.

1904.- Умре чешкиот композитор Антонин Дворжак, еден од творците на чешката национална школа. Беше следбеник на романтичниот неокласицизам на Јоханес Брамс. Дела: оперите „Русалка“, „Јакобин“, „Ѓаволот и Кача“, девет симфонии, вклучувајќи ја и прочуената „Симфонија од Новиот свет“, оркестарската композиција „Словенски игри“, „Концерт за виолончело и оркестар бр. 2 во h-mol“, „Концерт за виолина и оркестар во a-mol“, концерти за клавир и оркестар, камерна музика.

1923.- Роден е американскиот писател Џозеф Хелер. Тој ги напиша романите „Нешто се случило“, „Добар како злато“ и драмата „Бомбардиравме во Њухевн“.

1931.- Официјално е отворен 102 ката високиот облакодер Емпаер стејт билдинг во Њујорк, во тоа време највисока зграда во светот.

1944.- Во злогласниот затвор "Хајдари" во непосредна близина на Атина, германските фашисти стрелаа 200 истакнати македонски и грчки комунисти, меѓу кои и Трифун Хаџијанев, македонски револуционер и борец за остварување на национална и социјална слобода на македонскиот народ. Хаџијанев е роден во Воден, Егејска Македонија, во 1890 година.

1945.- Единиците на Четвртата армија на Народната војска на Југославија во Втората светска војна излегоа на реката Соча и ги зазедоа Трст, Горица и Тржич.

1945.- Во бункер во Берлин самоубиство изврши шефот на германската пропаганда во Втората светска војна, Јозеф Гебелс.

1960.- Длабоко над советската територија е соборен американскиот шпионски авион „U-2“. Пилотот Френсис Пауерс, кој скокајќи од авионот се спаси, беше заробен во февруари 1962 година, а беше разменет за еден советски шпион.

1978.- Јапонскиот истражувач Наоми Уемура стана првиот човек кој успеа сам да допре до Севернот пол.

1991.- Во Македонската радио телевизија почна емитувањето на Музичкото радио - Канал 103. Тоа е првата и единствена алтернативна и некомерцијална медиумска појава во македонскиот етер. Многу македонски групи и артисти, своите почетоци во медиумската промоција ги имаа токму на Канал 103, а и своите први живи настапи ги имаа на некои од многуте концертни активности, што ова радио ги има организирано.

1993.- Умре поранешниот француски претседател на влада, социјалистот Пјер Берговој, кој претходно пукаше во себе.

1993.- Претседателот на Шри Ланка Ранасинге Премадасу во Коломбо за време на првомајската прослава со бомба е убиен од атентатор-самоубиец.

1994.- Во Имола, во Италија, умре Аиртон Сена, еден од најпознатите возачи на автомобилското натпреварување во светот на "Формула 1". Роден е во Сао Паоло, на 21 март 1960 година.

2002.- Во Холандија стапи на сила законот за еутаназија, една година откако Парламентот изгласа одлука со која таа земја стана прва во светот во која е дозволено убиство од милосрдие.

2004.- Во Даблин, Ирска, членки на Европската унија станаа Чешка, Естонија, Кипар, Летонија, Литванија, Словачка, Словенија, Унгарија, Малта и Полска.

2004.- На церемонијата во Брисел на јарбол свечено беа подигнати знамињата на 10-те нови членки на Европската унија, со што беше одбележано историското проширување на ЕУ на исток.

2005.- Во напад на бомбаш-самоубиец на погребна поворка во градот Тал Афар, во северен Ирак, загинаа најмалку 25 луѓе, а 30 беа повредени.

2006.- Исламски екстремисти убија најмалку 35 Хиндуси во индискиот дел на Кашмир. Нападот се случи во две села во областа Дода. Ниту една екстремистичка група не презеде одговорност за нападот.
 
2 мај 2010 (МИА)

1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар, архитект, инженер, пронаоѓач и мислител Леонардо да Винчи, еден од најголемите умови на ренесансата. Направи релативно мал број слики од кои назначајни се „Мона Лиза“, „Богородица во пештера“, „Света Ана“ и „Тајната вечера“. Тој се интересираше за физиката, астрономијата и хемијата. Работеше и на справа за летање. Го напиша „Трактатот за сликарството“.

1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл, основач и теоретичар на модерниот ционизам, кој се залагаше за основање еврејска држава во Палестина и го разработи концептот на таа држава. Тој во 1897 година е избран за прв претседател на Светската ционистичка организација. Негови познати дела се „Еврејска држава“, „Стара Нова земја“ и други.

1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон Рихтхофен, наречен „Црвен барон“, најславниот германски авијатичар во Првата светска војна. Во текот на војната собори повеќе од 80 непријателски авиони, пред да загине во воздушна борба во април 1918 година.

1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна Смилевскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ на ТМРО. За претседател на Конгресот беше избран Даме Груев. Мнозинството на Конгресот се изјасни за кревање востание.

1933.- Германскиот канцелар Адолф Хитлер ги укина синдикатите.

1949.- Во Струмица е формиран Народниот театар "Антон Панов". Во театарот беше изведена првата претстава, "Бегалка" од македонскиот писател Васил Иљоски.

1967.- Лабуристичката Влада на Харолд Вилсон побара членство на Велика Британија во Европската економска заедница, завршувајќи ја долгата дебата за тоа дали Лондон треба да и пристапи на таа групација.

1982.- Британска подморница во Фокландската војна го потопи аргентинскиот брод „General Belgrano“, усмртувајќи повеќе од 350 луѓе.

1994.- Нелсон Мандела и неговиот Африкански нацинален конгрес ги освоија првите парламентарни избори во Јужна Африка, на кои првпат во историјата на оваа земја право на глас имаа сите граѓани независно на нивната раса.

2002.- Русија го спушти знамето во Кам Ран, поморска и воздухопловна база на јужниот дел на Виетнам, напуштајќи ја последната база во странство по завршувањето на студената војна.
 
1469 Во Фиренца е роден Николо Макијавели, италијански политичар, дипломат, поет и комедиограф. Негови најпознати дела се "Владетел", "Историја на Фиренца", "За воената вештина" и "Мандрагола". Умрел во Фиренца, на 20.06.1527 година.
1492 Кристифор Колумбо го откри островот Јамајка.
1945 Народната влада на Демократска Федеративна Македонија, по предлог на Комисијата за јазик и правопис при Министерството за просвета донесе решение за утврдување на македонската азбука која има 31 буква. Азбуката првпат е отпечатена во весникот "Нова Македонија" број 104, четрвти, петти, шести и седми мај, 1945 година.
1979 Со убедлива победа на конзервативците на британските парламентарни избори е извршена смена на кормилото на власта, а Маргарет Тачер стана прва жена премиер во британската историја.
 
1996.- Делегати од 55 земји на конференција на Обединетите нации се согласија за новите правила за користење мини, но не ја прифатија нивната целосна забрана.

2002.- Претставници на 36 од 44 земји на Советот на Европа потпишаа Документ за целосна забрана на смртната казна, дури и во време на војна.

2002.- Најмалку 450 луѓе загинаа кога на реката Мегна, 170 километри јужно од Дака, главен град на Бангладеш, потона фериботот „М.В.Салахудин-2“ со околу 500 патници и членови на екипаж.

2005.- Избрана е првата демократска влада во Ирак, прва по владеењето на Садам Хусеин.

2006.- Авион со 113 патници и членови на екипажот на ерменската авиокомпанија „Армавиа“ се урна во Црно Море, во близина на рускиот туристички центар Сочи. Во несреќата не преживеа ниту еден патник. Авионот од типот „Ербас А-320“ леташе на линијата Ереван-Сочи, а се урна на пет километри од брегот.
 
1903 Во селото Баница, Серско, Егејска Македонија, во борба против османлиската војска загина Гоце Делчев, еден од најголемите идеолози на народноослободителното движење на македонскиот народ кон крајот на 19-от и во почетокот на 20-от век. Роден е во Кукуш, Егејска Македонија, на 4.02.1872 година.
1980 Во Љубљана умре Јосип Броз Тито, претседател на поранешна Социјалистичка Федеративна Република Југославија, претседател на Сојузот на комунистите на Југославија, маршал на Југославија и врховен командант на вооружените сили на СФРЈ. Роден е во селото Кумровец, Хрватско Загорје, во 1892 година.
1993 Република Македонија и ПТТ управата се примени во членството на Меѓународната унија за телекомуникација - специјализирана организација на ООН во областа на телекомуникациите со седиште во Женева.
 
- Денеска е Светски ден на борба против астмата

1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска Македонија, во борба против османлиската војска загина Гоце Делчев, еден од најголемите идеолози на народноослободителното движење на македонскиот народ кон крајот на 19-от и во почетокот на 20-от век. Роден е во Кукуш, Егејска Македонија, на 4 февруари 1872 година.

1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура, Кавадаречко, од турските банди подмолно е убиен Пере Тошев, македонски револуционер и еден од основоположниците на ТМОРО во Битолскиот револуционерен округ и учесник во Илинденското востание од 1903 година. Роден е во Прилеп, во 1865 година.

1928.- Роден е египетскиот државник Хосни Мубарак, претседател на Египет од 1981 година, после убиството на Анвар ел Садат.

1929.- Родена е американската актерка со холандско потекло Еда фан Хемстра Хепберн, позната како Одри Хепберн, амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. Играше во филмовите „Празник во Рим“ (Оскар), „Појадок кај Тифани“, „Сабрина“, „Војна и мир“, „Љубов попладне“ и други.

1970.- Американската Национална гарда уби четворица и повреди 11 студенти од Универзитетот Кент во државата Охајо кои демонстрираа против Виетнамската војна.

1979.- Во Скопје умре Бранко Заревски, македонски поет, критичар и еден од доајените на македонското новинарство. Роден е во Битола, на 19 ноември 1920 година.

1980.- Во Љубљана умре Јосип Броз Тито, претседател на поранешна Социјалистичка Федеративна Република Југославија, претседател на Сојузот на комунистите на Југославија, маршал на Југославија и врховен командант на вооружените сили на СФРЈ. Роден е во селото Кумровец, Хрватско Загорје, во 1892 година.

1993.- Република Македонија и ПТТ управата се примени во членството на Меѓународната унија за телекомуникација - специјализирана организација на ООН во областа на телекомуникациите со седиште во Женева.

1999.- Во Охрид умре Трајан Мартиновски, македонски посет и есеист. Првата книга поезија што ја објави во 1982 година е "Премолчено време", а последниот негов труд, објавен во 1999 година, е "Златен венец на спомените". Роден е во селото Нерези, струшко, на 19 февруари 1951 година.

2001.- Во Скопје умре Васка Илиева, една од најпрочуените пејачки на македонски народни песни. Родена е во Скопје, во 1927 година.
 
1903 Во селото Баница, Серско, Егејска Македонија, во борба против османлиската војска загина Гоце Делчев, еден од најголемите идеолози на народноослободителното движење на македонскиот народ кон крајот на 19-от и во почетокот на 20-от век. Роден е во Кукуш, Егејска Македонија, на 4.02.1872 година.
1980 Во Љубљана умре Јосип Броз Тито, претседател на поранешна Социјалистичка Федеративна Република Југославија, претседател на Сојузот на комунистите на Југославија, маршал на Југославија и врховен командант на вооружените сили на СФРЈ. Роден е во селото Кумровец, Хрватско Загорје, во 1892 година.
1993 Република Македонија и ПТТ управата се примени во членството на Меѓународната унија за телекомуникација - специјализирана организација на ООН во областа на телекомуникациите со седиште во Женева.
 
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон Бонапарта, француски император и војсководец. Во 1804 година е крунисан за император. Сакајќи да го освои светот, а претходно покорувајќи ја половина Европа тргна во напад на Русија во 1812 година, но доживеа пораз. Во април 1814 година беше принуден да абдицира. Во 1815 година, повторно се обиде да дојде на власт и само по 100 дена престој во Париз, интерниран е на островот Света Елена, каде што умре. Роден е во Ајачио, на островот Корзика, на 15 август 1769 година.

1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ, српски композитор, диригент и фолклорист. Познати се неговите опери „Милошевата женидба“, „Кнез од Зета“ и „Коштана“, која се вбројува во виситнско ремек-дело на српскиот музичко-сценски реализам и на националниот стил. Автор е и на делото „Варијации на македонска тема“, како и на други дела. Умре во Белград, на 1 октомври 1870 година.

1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски, учесник во НОВ на Македонија, член на ГШ на НОВ и ПОМ и командант на Втората оперативна зона на НОВ и ПОМ, член на Президиумот на АСНОМ и друго. По Информбирото е осуден и испратен на Голи Оток. Умре во Охрид, на 12 јануари 1980 година.

1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда на генерал Пјетро Бадољо го окупираа главниот град на Етиопија, Адис Абеба.

1948.- Една грчка вооружена терористичка банда го нападна селото Шестеово, Костурско, ја закла Тана Георгиева, ѕверски претепа повеќе жени, изврши грабеж, го истера населението од селото и запали повеќе куќи. Оттогаш убавото македонско село Шестеово, како и многу други, стана пусто.
 
Ја добив првата 5ка по математика во мојот живот. :)
 
1856 Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд, австриски научник, основач на психоанализата. Негови најпознати дела се "Увод во психоанализата", "Кон психопатологијата на секојдневниот живот" и "Толкување на соништата". Умре во Лондон, на 3.09.1939 година.
1889 Во Париз официјално е отворена Ајфеловата кула, една од најголемите знаменитости на градот. Конструктор на кулата е инженерот Густав Ајфел. Кулата е поставена на парискиот плоштад Шан де Марс и е висока 320 метри.
1992 Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското име и е Марија Магдалена фон Лош), прочуена американска филмска актерка од германско потекло. Родена е во Берлин, на 27.12.1901 година.
1993 Умре Велко Силјаноски, редовен професор на Филолошкиот факултет во Скопје, основоположник на дисциплината фонетика на англиски јазик. Роден е во Прилеп, на 27.06.1936 година.
1994 Во Мексико, на Генералното собрание на Светската организација за нумерирање на артиклите (ЕАН), како редовен член е примена и македонската организација ЕАН-МАК.
 
1626.- Холандскиот доселеник Питер Минуит од Индијанците го купи островот Менхетен - на кој подоцна е изграден Њујорк.

1758.- Роден е Максимилијан Робеспјер, еден од најзначајните водачи на Француската буржоаска револуција. Беше водач на јакубинците, најреволуционерна партија во тоа време која се бореше за општо право на глас, внесено првпат во јакубинскиот устав во 1793 година, за укинување на монархијата и за воспоставување република, како и за укинување на ропството во колониите. По контрареволуционерниот пресврт, на 27.07.1794 година. Робеспјер е гилотиниран.

1840.- Пуштени се во оптек првите поштенски марки во Велика Британија - од еден и два пени со ликот на кралицата Викторија Прва.

1848.- Во селото Лазарополе, гостиварско, е роден Васил Апостолов Икономов, македонски учител, фолклорист, етнограф, печатар, преведувач, калиграф и црковен певец. Умре во Лазарополе, на 4 јуни 1934 година.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom