Станоја
The Patriot
- Член од
- 31 јануари 2008
- Мислења
- 1.322
- Поени од реакции
- 29
- Возраст
- 38
Државната изборна комисија едногласно го усвои роковникот за предвремените парламентарни избори кои се ќе се одржат на 1 јуни оваа година. Според роковникот, изборната кампања започнува на 11 мај и ќе трае до 30 мај. Листите на кандидати за пратеници треба се доставуваат најдоцна до 2 мај.
Според роковникот, ДИК врши задолжителна едукација на членовите на општинските изборни комисии и им издава уверенија на начин и свои рокови пропишани со програмата.
Општинската изборна комисија ќе ги објави на видно место описите на избирачките места кои се определени за гласање со назначување најдоцна до 21 мај.
Гласањето, според роковникот, започнува од 7 часот наутро, а гласачките места се затвораат во 19 часот на 1 јуни.
Државната изборна комисија за прв пат изгласа и образец за припадност во заедница. Тоа значи дека секој кандидат за пратеник треба да се изјасни за својата етничка припадност.
Автор на веста: Нетпрес

да не бараш покачување на плата.
