N.C.I.S

  • Креатор на темата Креатор на темата Mlad_man
  • Време на започнување Време на започнување
Многу повеќе акција, повеќе тајни задачи имаат(undercover agent) Ncis LA а и поубава женска е Кензи од онаа Зива.
 
Daj kazite strana kade sto mozam da gledam ...:(:(:(
 
Која беше последната сезона што одеше на сител?:)
5та или 6та.
Јас последно на Сител шо имам гледано беше кога Тони ќе влезе во колата со женска му чиј татко ќе испадне дека е Жабецот
 
5та или 6та.
Јас последно на Сител шо имам гледано беше кога Тони ќе влезе во колата со женска му чиј татко ќе испадне дека е Жабецот

Најдов шестата беше последна на крај зива кога ја киднапираат :)
 
Леле, што убаво... имало тема за една моите најомилени серии, а јас не знаев...:icon_mrgr: За тие што имаат AXN, ја даваат моментално 3тата сезона, а исто ја даваат и третата од NCIS: Los Angeles.

Одлична серија, ептен е добра. Ептен. Интересни случаи, одлична глума и ликовите се ептен компатибилни и карактерно се супер.

Гибс е срце. Може е доста строг, ама има многу интересен сарказам и хумор. Строг, ама правичен и има мнооогу добро срце. Го обожавам како карактер, многу е супер. Еден од подобрите ликови во серии...(y)

“Никогаш не се извинувај, тоа е знак на слабост.“ - Една од неговите 50 правила.:) Башка и заушките...:ROFLMAO: Еднаш Даки му рече сакам да го плеснам понекад Палмер во лице и Гибс му рече: Плескање по лице е понижување, заушка е повик за враќање во реалноста. :)

Динозо е како Петар Пан, дете во душа, ептен е инфантилен, ама и тој е добар, иако сите постојано ги ремети и вади од такт, сепак знае да даде совет и да помогне, дури и да биде сериозен, понекогаш. :) Кога ќе ми текне колку се расправаа со Кејт... ама сепак со Зива не може баш да излезе на крај.

Аби е ѕверка невидена, ептен позитивно човече, многу ја сакам и со МекГи би ми биле ептен интересен пар.

Зива исто ептен е спремна, ама смешна ми е нонстоп ги утнува идиомите и еуфемизмите.

МекГи ми е симпатија...:love:Срцка е. Душа е, некогаш е малце збунет, ама многу интересно човече ми е.

Даки е интересен со приказните... ама не би ми сметало да го слушам, ептен интересни податоци има во главата, како подвижна енциклопедија е.

Многу добра серија. Ептен.
И NCIS: Los Angeles е добра, само малку концептот е различен, НЦИС повеќе се фокусираат баш на истрагата и убиството, а во Лос Ангелес повеќе на тероризмот и на undercover операции. Ама и тие се добри. Хети ми е многу јак лик, а Кензи и Дикс имаат некоја енергија меѓу нив, ама Кензи е малку дивтарче, не му дозволува на Дикс да и се приближи повеќе. LL Cool J ептен добро го доловува Сем, многу добро се снаоѓа во улогата, а Крис О Донел, на повеќето од нас секогаш ќе ни биде Робин од Бетмен... Детство...:ROFLMAO: Сепак и двете серии се одлични.
 
Ентони ДиНозо:cuc::cuc:
Како ја одглуми последнава епизода тоа е страшно нешто......а и да спремајте се последниве 2-3 епизоди ќе бидат ватрени.
 
Обожаам коа се развлече случај по 1-2-3 епизоди како шо беше со Ари..:drk:
 
Добро, на AXN, вчера се деси епизодава кога гипс се оправи од експлозијата и се повлече од работата....
Ќе се врати, или тука завршува серијалот?
 
Добро, на AXN, вчера се деси епизодава кога гипс се оправи од експлозијата и се повлече од работата....
Ќе се врати, или тука завршува серијалот?
Охохо па и ке се врати ли и далку е од завршуење
 
Добро, на AXN, вчера се деси епизодава кога гипс се оправи од експлозијата и се повлече од работата....
Ќе се врати, или тука завршува серијалот?

А бе AXN зезаат. Ја дадоа еднаш до кај на 4та сезона, па после пак отпочеток почнаа да ја даваат, стасаа до трета, па пак прекинаа. Сигурно ќе продолжат пак за некое време. :)
 
Обожаам коа се развлече случај по 1-2-3 епизоди како шо беше со Ари..:drk:
Само поради се чека крајот на сезоната и првата од следната епизода. Страшни краеви имаат луѓево, последнава епизода само го докажа тоа.
 
И еве го, го барав овој момент.....
Колку се смеев само на тролањево на МекГи тоа е чудо некое.
 
Серизоно никој нема ништо напишано за можеби најдоброто финале на серијава?
Ако не ви се изгледани сите сезони не читајте, многу спојлери....
Ја убија Кејт, ја убија и Џену, Тони се заљуби во ќерка на терорист, го убија и Majk, Аби откри дека Гибс извршил убиство и ред други работи.....ама ова финале е врвот на се што се случуваше во серијава.
Се е кажано за луѓево кога успеваат да изведат нешто овакво во 9тата сезона на емитување.
И да само не Даки и Аби......само не они :(:(:(
И уште нешто:cuc::cuc::cuc:
Кој ќе чека до септември само незнам.....
 
Јас почнав да ја гледам LA, после долго убедување и не згрешив:).
Доста интересна серија. Кај и да е, ќе ја почнав и „оваа“ само да си најдам HD формат.

Ако некој е љубезен нека пушти таков(HD) формат. Од која и да било сезона да се таков формат. Претходните SD ќе ги гледам. SD можам и успеав да најдам, но сакам HD.
а горенаведената, си најдов.:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom