За кочење не е страшно, дизелката има компресија, една-две брзини надолу и ке се смири за на удолнина. Додуша Австралија претежно е рамна земја, немаат угорнини од типот на Стража и Плетвар, па имаат можност да возат вакви чуда. Инаку таму ги нарекуваат road train, и на оние жолтите табли од напред и од зади го пишува тоа да знаеш што претекнуваш. Имаат забрана за возење низ град, а се возат само за пренос од еден склад до друг претежно по автопат.