Музичко име на тапет : Coldplay

  • Креатор на темата Креатор на темата Andrew
  • Време на започнување Време на започнување
^ Зашо ради вокалот? :(
Мене па баш ми се свиѓа. Брајан има еден карактеристичен глас, искомбинирано со текстовите прават некоја уникатност.
Иначе, Placebo ги слушам многу одамна.
Не можам да одвојам омилена песна од нив. Еве неколку посебно драги песни:
За да не зафаќа ептен простор затоа делетирав малце.
Инаку,како бе Брајан не ви се свиѓа брее.:(
Мене ден не ми поминува ако не ги слушнам нив.
Интересен бенд ми се,одлични песни.
Меланхолични.
Пуфка.:D
 
Ги слушав во средно многу, ги имам преслушано и уште не ми се досадни кога ќе им пуштам албум. Сега не ги слушам толку интензивно ко пред неколку години, така чат пат, одлично ми идат со врнежливо време или кога ќе ме фати депресија.
Прва песна што ја слушнав од нив е The bitter end, сеуште омилена од нив, покрај Leni, The innocence of sleeping, Without you I'm nothing, Running up that hill, Sleeping with ghosts..

А за бојата на гласот, специфична е и не може секој да ја свари, разбирливо е.
Ко јас што не можам да го поднесам гласот на Шакира.
Извинете за офтопик.
 
Placebo ги слушам откако за првпат ми беше скршено срцето, некогаш во средно :icon_lol: Првата песна што ја слушнав беше Pure Morning, кратко потоа ја симнав цела дискографија, а се` уште не можам да одлучам дали поомилен ми е Meds или Without You I'm Nothing. Омилени синглови ми се Every You Every Me, Protège Moi (францускиот на Брајан :love:), и Pierrot the Clown. Се согласувам со коментарите погоре, бојата на гласот на Брајан не е сечија шолја чај, но дефинитивно е моја голема шолја топло чоколадо за врнежливи денови.

Покрај музиката и вокалот, уште една работа што ми се допаѓа кај Placebo се текстовите. Пред неколку лета секоја вечер одев во парк со група другари, сите Placebo фанови, и секој ден имавме предизвик да научиме текст на различна Placebo песна. Така денес ги знам текстовите на повеќето нивни песни напамет, со Blind како омилена lyric-wise (If I could tear you from the ceiling // I'd freeze us both in time // Find a brand new way of seeing // Your eyes forever glued to mine).

Да не ми биде пусто мислењето, еве малку видео поддршка :D


Confession за крај, се` уште го немам преслушано Loud Like Love. Го симнав веднаш кога излезе, ама поим немам зошто не ми е преслушан, веројатно се` уште не му дошол редот. Еве давам чесен збор дека ќе го преслушам до крајот на неделава :ROFLMAO:
 
Пласибо се еден од оние бендови од детството. Како помал ги слушав многу многу повеќе, сега одвреме навреме знам да ги пушта такоџе и да ми чинат мерак. Специфичен бенд во секој поглед, од вокал до гитара и тн и тн. Во Апореа се слушаа доста на времето. Еве една песна која така почесто грмеше.

 
Од толку фанови не се најде ниту еден кој им бил на концертот во Скопје? :)
Да пише бар два-три реда за настапот. Баш тој период прва-втора средно ги слушав многу и ако за некој концерт ми било жал што сум го прошуштил во животов, тоа е нивниот. Последниве години многу ретко пуштам нивна ствар, али почитта за нив не е намалена од тие средношколски денови. Песни нема да постирам пошто сите што ми се подраги се набројани погоре. :)
 
Од толку фанови не се најде ниту еден кој им бил на концертот во Скопје? :)
Да пише бар два-три реда за настапот. Баш тој период прва-втора средно ги слушав многу и ако за некој концерт ми било жал што сум го прошуштил во животов, тоа е нивниот. Последниве години многу ретко пуштам нивна ствар, али почитта за нив не е намалена од тие средношколски денови. Песни нема да постирам пошто сите што ми се подраги се набројани погоре. :)

кхм кхм...еве еден бе :D од Дојран се дигнав да одам да ги гледам,се сеќавам многу дожд врнеше пред концертот и постоеше опција да биде преместен од лизгалиште.но за среќа баш пред концертот престана.За беља па баш пред влезот некаде имаше голем вир и мораше да се качуваме по оградата за да поминеме (имаше слика во Вест баш со ситуацијата :D ).Концертот и треба да ти биде криво што го пропушти бидејќи беше FUCKING лудница додуша малце прекраток ко за мој вкус али јеби га,тогаш уште во стариот состав беа со Hewitt na тапани и Molko со кратка коса :D тогаш баш го промовираа Мeds албумот ги свиреа Infra Red,Meds,Song to say goodbye ,можно е и уште некоја али не ми текнува 2006 беше многу оддамна :D .и многу ми е криво што по нетов нема асална снимка од концертов туку само 2-3 снимки и тоа со гомно квалитет и без аудио...
 
Ако смеам да ставам ново музичко име на тапет, нека биде вака.

MORPHINE

morphine_france_l.jpg
Morphine се американски алтернатив рок бенд формирани од страна на Марк Сандам, Дана Колеј и Џером Диупре формирана 1989 година. Престанале со работа во 1999 година, по смрта на еден од основачите Марк Сандам.

Имаат објавени 5 албуми:
Good
Cure for Pain
Yes
Like swimming
The Night

За мене, лично еден од подобрите алтернатив рок бендови на сите времиња, не да се фалам ама нон стоп си ги цепам коа сум дома.
 
Нема кој не ми ги препорачал Morphine, ама толку не ги можам значи, чудо едно. Вокалот највеќе ме нервира.
 

Кул, кул, кул!

сабајлево станав во 6, одма го пуштив на тел, оцепив глас на 100ка.. Уф, одлично беше..

Иначе омилена од овие немам песна, али највише ја издвојувам оваа..

 
Курнаски бенд со мадафакерски специфичен вокал кој додава на шмекот. Ми имаат некоја чудна смиреност која истовремено чини некоја апсорбција на нешто гласно, динамично. Онака мешање на различни спротивни работи кои припаѓаат на различни страни од дуалитетот. Особено бенд за навечер и за време на дожд. Исто така бенд измислен за патување, онака да се џариш низ џамот дури автобусот клиза по автопатот. Meшание од повеќе правци, чудна дефиниција на блузот, нешто како музички сексови од повеќе инструменти. Линијата на саксофонот е оргазмична такоџе. Нз шо да додам, штета што прерано замина Маркот, а беше еден од подобрите музички умови во тогашната сцена.

 
Некако ептен скоро на тапети ги стави по отварањето на темата за нив. Таму се испукаа љубителите, тука ќе нема мегдан за моабетче, осеќам..
Како и да е..

 
Некако ептен скоро на тапети ги стави по отварањето на темата за нив. Таму се испукаа љубителите, тука ќе нема мегдан за моабетче, осеќам..
Како и да е..



Aко не отвореше некој тема никад немаше ни да ми текне на бендов. Порано неколку пати сум ги слушал и ми останале во сеќавање.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom