Музичко име на тапет : Coldplay

  • Креатор на темата Креатор на темата Andrew
  • Време на започнување Време на започнување
сигурен сум дека еден наш член сега се подмочува од среќа :tapp:
али да не биде дека 100% ја хејтам, има само една песна која може да пројде, едвај 2-ка
 
НАЈДОБРА, ЕДИНСТВЕНА, ВИСТИНСКА ЅВЕЗДА. :cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:
Песни за сите вкусови.
 
Ок е.................ништо спектакуларно. Ко помала појака беше.

За да биди комплетен музичар мора да знај сам да си напиши музика и текст, сам да си го отсвири истото и така. Да не биде сe' во вокалот. Затоа можи да речиме дека е само пејачка, но никако музичар.
 
Каролинчето има само глас за пеење, многу лоша работа е тоа што таа како личност нема дарба или способност самата да си напише песна да компонирам музика, да направи свој спот што според мене тоа е доста лошо за една пејачка. Каролина има навистина неколку добри песни исто така и спотови кои мене лично ми се допаѓаат еден од нив е и спотот на песната Веќе не се враќаш, тој спот како спот мене многу ми се допаѓа има доста елементи во спотот кој ја опишува денешната млади и нивното пристапување кон врските. Реално гледано Каролина како пејачка помеѓу младите пејачки мене ми е на топ 1 бидејќи реално да гледаме навистина има доста добри песни без разлика тоа што самата незнае да пишува и компонира музика но сепак битно таа ги има испеано песните. Се на се добро е и не може да се каже нешто многу лошо за неа.
 
Каролина, кога бев помала ми се допаѓаа нејзините песни, сега ми е толку атипатична, секогаш некако дигната...Има добар глас но сепак е многу одбивна:))
 
Каролина, кога бев помала ми се допаѓаа нејзините песни, сега ми е толку атипатична, секогаш некако дигната...Има добар глас но сепак е многу одбивна:))
Славата ја има удрено во глава, не дека е славна ама ај да не и го кршиме филмот :D
 
Многу сте хејтери!
Што претерува Дијаманте, претерува, ама Каролина си е супер. И глас и стас. Кариерата ја почна уште на 12 години и кај неа се’ одеше пополека, без скандали и голи газови. Не дека многу сум ја следела, ама се’ што сум слушнала од неа е на место.
 
Не почна на 12, туку на 11 години на Макфест.

И она не е композитор или текстописец за да пишува и твори музика и песни, она си е пејачка. Нејзино е да пее, а цел тим се грижи за песните, за продукцијата, за маркетингот, за стајлингот итн.
 
Тоа е точно, но да биде комплетна тогаш би било добро и да е знае да напише песна и да твори музика секако и реално гледано така ќе има подобро иднина.

Имам една замерка зошто Каролина не пее на Англиски? o_O Дали таа има некоја англиски песна...?
 
Имам една замерка зошто Каролина не пее на Англиски? o_O Дали таа има некоја англиски песна...?

За кој пазар да пее на англиски?
Има неколку песни од вториот албум од 2001 кои се препеани на англиски, Мојот свет препеана на англиски, и Ideal woman e нејзина.

Е за ваква шминка и стајлинг зборам.
 
За кој пазар да пее на англиски?
Има неколку песни од вториот албум од 2001 кои се препеани на англиски, Мојот свет препеана на англиски, и Ideal woman e нејзина.

Е за ваква шминка и стајлинг зборам.
Зошто пак да не би пеела на Англиски? вака само се ограничува со пазарот може да проба доколку и оди секако.
 
Зошто пак да не би пеела на Англиски? вака само се ограничува со пазарот може да проба доколку и оди секако.
Тешко им е до Хрватска да стигнат, а не па подалеку. Си знаат Авалон каква е состојбата со музичките пазари, екс Ју земјите без Словенија плус Бугарија и толку е.
 
Доста и е на Каролина. ЕнЏру дај некоја појака пејачка, пример Елена Ристеска :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom