Музичко име на тапет : Coldplay

  • Креатор на темата Креатор на темата Andrew
  • Време на започнување Време на започнување
мизар и архангел преставуваат едни од столбовите на македонската музичка уметност, особено кога мизар ќе го додадат тој етно стил, шо викаат старите абе срце да ти заигра
песнава од што ми е толку deep, ја барам адел да се рола внатре
 
Баш сега ја слушав НОЖ од албумот Поглед кон цветната градина. Инаку ги има сите албуми на Мизар на Spotify што навистина е за поздравување.
 
Не ги можам. Воопшто!:вонзем:

Eпа и тие тебе не те можа бе :D

Инаку сум присуствувал тука на сниманово. Страшен настап имаа во Апореа. Народот ги пееше нивните песни до ниедно време.

Архангел и Мизар се едни од најдобрите рок бендови во Р.Македонија..неодамна почнав да ги слушам,пред околу 1 месец.Премногу ми се свиѓа нивниот стил на музика
 
Без намера да ги омаловажам другите членови на групата, за мене Горазд Чаповски и Горан Трајкоски се нераскинлив дел од Мизар. Таа негова боја на глас, хорско и мрачно пеење го дава шмекот. Мизар е институција во музиката. Не се за секој (не се лутете, не велам дека немате вкус, не ве потценувам) едноставно ако не ги можете заобиколете ги.
 
Не ги можам. Воопшто!:вонзем:

Се разбира. А зошто и би ги можела?

Мизар го сублимира севкупното духовно живеење на македонскиот народ низ вековите, трагите на Византија, православието, целокупната несреќа на овој народ, и начинот на кој што тој низ вековите се носел со неа, преку создавање убавина и ред во хаосот. Како дебарските везени шамии.

Зошто ти би можела една таква работа, покрај длабочината на Ламбе или Влатко?

И добро е што не ги можеш, верувај ми.
 
Фала многу Ставро што ме просветли за духовната вредност на Мизар. Посебно го ценам твоево мислење, бидејќи знам колку ти продуховено живееш како вистински православен македонски христијанин.

Морам да ти признаам дека не знам како изгледаат дебарските везени шамии. Може кога ќе ги видам, ќе знам точно на што мислиш. Штетата е на мене, баш сакам и везени работи и шамии.
 
Се разбира. А зошто и би ги можела?

Мизар го сублимира севкупното духовно живеење на македонскиот народ низ вековите, трагите на Византија, православието, целокупната несреќа на овој народ, и начинот на кој што тој низ вековите се носел со неа, преку создавање убавина и ред во хаосот. Како дебарските везени шамии.

Зошто ти би можела една таква работа, покрај длабочината на Ламбе или Влатко?

И добро е што не ги можеш, верувај ми.

И истото го исполнува низ медиокритетска музичка структура проткаена со, барем за мене, агонизирачки вокали. Мањебитно.
Зошто длабочината на Мизар треба да биде глорифицирана за разлика од таа на Ламбе?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom