Музички шунд?

  • Креатор на темата Креатор на темата MEDDLE
  • Време на започнување Време на започнување

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Можеби лошо се изразив во насловот, па еве малку да појаснам...
Што е тоа шунд во музиката? Значи, што се спаѓа во шунд? Дали воопшто може да се стави во некоја рамка, да се дефинира?
Од друга страна, значи, насловот не подразбира само турбо фолк и нему слично, туку вели шунд во музиката, односно можеби шунд постои во сите правци на музиката...
Што мислите?
Поздрав....
 
Shund - во превод од германски значи Ѓубре.

Понатамошната класификација, е лична :)
 
хахахаххах

Па добро познато ми е тоа.. хахах него друго е прашањето... што е шунд во музиката? не се ограничувај само на турбо фолк. Повеќе од јасно е дека турбофолкот е шунд.

Што со другите правци... ?

поздрав друже...
 
шунд музика ми се сите оние песни правени според една иста шема-една да чуеш ја мешаш со уште 2042520230 други.срањепесни.ѓубре што не вреди за ништо.такви се сите на пинк,планета,а и на Јован Јованов/Елвир Мекиќ(не гледам разлика во нивните песни и баш ми се шунд)
 
еее

Shund - во превод од германски значи Ѓубре.

Понатамошната класификација, е лична :)

Па ако де кажи и лична класификација, затоа е темава. хехехеххехех само напред !
 
Да слушаш и да гледаш Пинк и Планет :)

Токму такво перење на мозокот..Шунд=Смет,лајно музика..односно јас не би додал музика..зошто не е музика!

Во шундот нема музичка уметност, туку само терање филм за комерцијални цели..Штета во последниве години шундот премногу е нагласен посебно кај нашиот северен сосед, со куќата на шундот Пинк!Штета е што пример на кабловските има 10 телевизии што прокламираат шунд, и по нашите кафулиња само шунд се пушта(се пиело на тие песни повеќе:tapp::tapp:)Епа кога ќе се пијанат кинезите се прашувам дали и тие го слуишаат синан и компанија..Чудна работа
 
Со појавувањето на видео спотови, музичката индустрија се претвори во шоу бизнис. Па под шунд би го сместил секој сингл кој е направен за да се продава а не за да се искажат емоции и умешност. Онаму каде телото на пејачката и статусот прикажан преку златни ланци на пејачот се поважни од песната е ШУНД. Па така турбо фолкот е шунд како правец, како стил... исто така и Емо рок групите се шунд, модерните хип хоп артисти исто така, како и голем дел од поп пејачите... Бритни, Агилера, Џастин, ју нејм ит...
 
Наполно си во право..Ама српскиот шунд што моментално им го пере мозокот на добар дел од нашата младина мислам дека е најопасен од сите шундови!Мислам, тој е најголем шунд на сите времиња...Фифти сент, џи јунит шунд невиден..
 
Секоја песна за чие "склопување" не биле потребни повеќе од 2 минути е шунд. Секако, има исклучоци од оваа не така строга класификација - а тие исклучоци се во форма на генијални креативни идеи, кои најчесто доаѓаат не-од-балканите.

Во нашиов крај, познатите композитори додека го испијат утринското кафе, веќе имаат искомпонирано хит :) Стратешки погрешно... бидејќи, барем кај мене, после утринското кафе следи посета на ќенефот.

едит: ГеГе, не е комерцијалата шунд :) И самиот термин Комерцијала ми е дискутабилен... али ај, ако оди натака муабетот, ќе го правиме :)
 
:pos2::pos2:Леле човек, се посрав од смеење...Ејјјј..Ајде ова да го прогласиме за дефиниција за шунд..БРАВО! :):):)
 
Се сложувам со тоа дека комерцијалата не е шунд. Пинк Флојд се комерцијални, Лед Цепелин, па еве Леб и Сол кај нас (сиве овие помалку или повеќе).
Со други зборови, ако нешто продаваш значи е комерцијално.
Е сеа, дали има шунд кај рокериве и металциве?
Или и тие се дел од музичкатга машинерија која гази се пред себе, а со тоа се и подложни на шунд?
Лично мислам дека има....

Инаку јас па ни кафе не пијам од сабајле, правац у кенеф идам. :pos2:
 
ДЕФИНИЦИЈА ЗА ШУНД - ИДЕТЕ КАЈ СЕРПИКО !

:pos2::pos2:Леле човек, се пострав од смеење...Ејјјј..Ајде ова да го прогласиме за дефиниција за шунд..БРАВО! :):):)
ХАХАХХАХАХ МОЖЕ МОЖЕ !!!!!!!!!!!!!!!!!!!
 
едит: ГеГе, не е комерцијалата шунд :) И самиот термин Комерцијала ми е дискутабилен... али ај, ако оди натака муабетот, ќе го правиме :)
Па сигурно поентата на комерцијализацијата не е да се создаде уметничко дело. Прифаќам дека и добра музика се благо комерцијализира за поуспешна продажба, но се прави во преден план за слушање, не за гледање. А ако ми кажеш дека Риана има направено една песна затоа што едноставно е заљубена у чадори, тек тогаш и ја ќе се посТрам од смеење ко Кико.
MEDDLE напиша:
Се сложувам со тоа дека комерцијалата не е шунд. Пинк Флојд се комерцијални, Лед Цепелин, па еве Леб и Сол кај нас (сиве овие помалку или повеќе).
Со други зборови, ако нешто продаваш значи е комерцијално.
Е сеа, дали има шунд кај рокериве и металциве?
Јас не се сложувам. Зепелин и Леб и Сол се револуционери во тоа што го работеа, и никој не ја купуваше музиката на Влатко затоа што тој изгледа секси, туку затоа што растураше на гитара. Зепелин се вистински револуционери, тие сами создадоа еден бран на нова музика која е инспирација до ден денска за музичарите. Не е ни бран, туку е вулкан... после бранот мир има, после вулканот има нов лик околината...
 
Па сигурно поентата на комерцијализацијата не е да се создаде уметничко дело. Прифаќам дека и добра музика се благо комерцијализира за поуспешна продажба, но се прави во преден план за слушање, не за гледање. А ако ми кажеш дека Риана има направено една песна затоа што едноставно е заљубена у чадори, тек тогаш и ја ќе се посТрам од смеење ко Кико.

Грешка граматичка, не ја забележав(ја корегирав, фала на потсетување), пукнав од смеа..:)Умбрела ела ела е е е!!

Не значи дека ако се продава нештото не вреди!Сепак, може да има добра музика како примерот со Лед Цепелин(иако се продаваат вредат), а може да е премногу искомерцијализирано како фифти сенто, је је амбрела ела ела ела е е е
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom