Емиии свирам како не сум свирел! Еве vardarce нека каже!:wink: Прва љубов ми се тапаните, НО поради комшииве морав да се префрлам на помалку бучен инструмент и си одбрав гитара! И шубаво ми е сеа!
На клавир иако неам свирено бог знае од кога али 6 години свирев... на синтисајзер свирам сеа али комерцијалки, неам седнато класика да иссвирам. А сеа намислив да учам гитара, знам некоја песничка али се решив да ја учам скроз. Хармоника знам, блок флејта, виолина знам али за к*р не ме бива, и то. Заклучок: треба да се држам за пеење, за тоа бар ме бива.
бр бр Бебе....музикална си била....јас сега за сега на клавир сум супер,блок флејта сум добар и гитара по дуровите по некоја песна знам...сентисајзер свирам забавни мелодии...и хармоника уште кога бев мал ме научија по малку ама сега една нота не знам да отсвирам...усна хармоника знам по нешто ама тоа многу тешко иде а виолина знам да ги скинам жиците...за пеење сум добар само на славни песни ама да ми дадат по ноти да читам :nesvest:
Ко мала учев на пиано да свирам но пред да се запишам во гимназија напуштив зашо требаше да заминам од родното место а пак не сакав...та не учев повеке....сега пак во студентските ми денови зев па пак почнав ко за кејф ем пиано ем гитара....а по дома и на хармоника теглам по малку....ако најдев дома друг инструмен сигурно и него ке го научев...но нема....
И многу ми кеј на виолина да свирам ама професорката ми кажа дека за тоа требало да се сетам од помала...вака веке годините ми се многу сега да почнувам...макар и што сум слухарка се што ке чујам одма го фаќам (за рака за нога)...
Како и да е....
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.