Крстителот напиша:
Грешка! Не се три лица, туку три Личности.
Дај ми линк од интернет или наслов на книга во која си го прочитал она што го кажуваш:
Според православната догматика: Отецот, Синот и Светиот Дух се три лица, три форми на една иста суштина. Во суштина, тоа е едно исто битие; како појава, три различни нешта.
Имаш право. Цититраната реченица е моја интерпретација, а не извадок од пишан документ. Од друга страна, поимот “три лица“ не е измислен од мене - туку консистентно се применува во учебникот по православна догматика што го спомнав.
Веројатно црквата е (донегде) во право кога вели дека теолошките учења не трба да се толкуваат од не-свештени лица - можно е и несакајќи да се направи грешка. Специјално кога станува збор за вака комплицирани работи како што е учењето за Светото Тројство.
Од друга страна, форумот е место за дискусија - вистината е во спорот - па не е на одмет ако нешто ново дознаеме и додека грешиме!
SLaCk напиша:
- Мухамед се залагал за освојување и покорување на неверниците - Исус е Принц на Мирот (Исак 9-6-7)
Исправка: Мухамед не се залагал за освојување и покорување на неверниците. Но, точно е дека водел борба - речи ја борба за опстанок, но сепак тука е битната разлика со Исус. Исус бара од нас “бидете совршени, како што е вашиот Отец небески“. Филозофијата на ненасилството им припаѓа на совршените души. Ако сакате да нема разврат во светот, дајте го својот придонес. Не чинете прељуба. Ако сакате да нема зло во светот, придонесете. Не чинете зло.
Ганди, еден од најголемите следбеници на Исус, вели: ненасилството не значи потклекнување пред злото. Повеќе сакам да видам некого да се бори со оружје во рака, одошто без противење да го прифати злото.
Мухамед е тука негде. Не совршен како Исус, туку приземен, обичен човек. Треба да се разбере дека југот на Арабија, кадешто живеел, бил далеку посуров од софистицираниот културен центар Ерусалим, и следователно, филозофијата му е поинаква од онаа на Исус. Поедноставна, попроста за разбирање,но во никој случај не насилничка - тоа се злонамерни толкувања на исламот.
Мухамед ги повикувал луѓето на вера во еден Бог, создател на се, и пат кон вечниот живот преку добри дела. “Ако некој му дал на куче да се напие вода кога е жедно, Алах ќе го награди заради тоа“. Сега, на прашањето што е добро дело, одговорот може да биде и - одбрана на верата од неверниците. Ова е секако најчесто злоупотребуван дел, но Мухамед тука не зборува за христијаните. Господ (Алах) е тој што им суди на оние што не ја прифаќаат вистинската вера. Џихадот од времето на Мухамед е борба со неговите соплеменици кои сакале да го уништат, а не војна со Џорџ Буш.
SLaCk напиша:
- Мухамед заедно со своите следбеници убил илјадници (освојувајќи ја Арабија и Блискиот Исток) - Исус не убил никого а спасил многумина.
Мухамед не убил никого. Неговите следбеници убиле илјадници во негово име.
Исус не убил никого. Неговите следбеници убиле илјадници во негово име.
Ако сакаме апсолутни бројки, во убедливо водство се следбениците на Исус (ако може така да ги наречеме конквистадорите, колонијалистите и неоколонијалистите итн).