Муабет со партнерот за бившите

  • Креатор на темата Креатор на темата Fortune
  • Време на започнување Време на започнување
Па што знам, мене лично не ми смета да ме праша за бившата, а мене па ми е глупо да ја прашам за бившиот зошто не ме интересира.
 
Ако ме праша за бившите ќе му одговорам.Кога тогаш доаѓа до муабет за бившите онака да ми кажува нешто во контекст на муабет ок е, ама нон стоп за секоја ситуација да споредува со бившата или слично значи дека нешто не е во ред и дека дефинитивно таа уште е непреболена нема фајде од таква врска:pipi:
 
Ако нешто се спомне во муабет сигурно нема да ќутам и да се правам наудрен туку ќе одговорам. Ама сепак нема потреба од некои долги и чести муабети на таа тема.
 
Јас најотворено сум разговарала со партнерот за моите и неговите бивши. се разбира има моменти и работи кои остануваат помеѓу двајца, без разлика дали останале заедно или не. Го знае напотребното и фактите повеќе не треба да знае.
 
Колку ми зборува за неговите бивши-толку го губам интересот за него! Мислам дека има нешто нерасчистено во неговата глава:)
 
Без разлика што не ве интересира минатото на партнерот, што ако понекогаш ви спомнува партнер од минатото? Како би реагирале доколку партнерот често ви зборува за личност со која бил во врска пред вас? Дали тоа би го сфатиле како знак дека уште чувствува нешто за истата?
Што ако тој/таа постојано "плука" по личноста која некогаш ја сакал/а? Дали тоа значи дека иако ја/го спомнува во негативен контекст, дека ја преболел/а?

Дали зборувате за бивши партнери или љубовници?

Нејќу да зборам за бившите. Нема потреба за тоа. Може нормално уз муабет некогаш да спомнеме, како дел од искуството, али во глобала нејќу да зборам, нејќу да слушам.

И да,често спомнување на девојката, според значи дека или се уште чувствува нешто за неа или опсесивно мисли и размислува за неа.
А јас се правам наудрена во такви случаи.
 
Колку ми зборува за неговите бивши-толку го губам интересот за него! Мислам дека има нешто нерасчистено во неговата глава:)

И јас исто се чувствувам за таквите муабети. Башка и што не ме интересира, не сакам ни да прашувам, ниту да ме прашуваат. Ама женишча што ке правиш, мора да си прашаат, а ако не им одговориш се дурлат одма.
 
Муабети за бившите ме замараат и не сум расположена да ги слушам.На почетокот на врската дечкото ми зборуваше каква била неговата бивша,па имала ова напраено,па она.И еднаш збораше лошо за неа,а следниот пат пак добро.И тогаш се уште немаше расчистено целосно со неа,очигледно уште имал чувства за неа.Му дадов до знаење дека такви муабети мразам,да не ми ја спомнува,ни шо било ни како било и прекина да ги спомнува.Шо било поминало нема потреба да се спомнуваат.
 
Ни зборувам, ни сакам да ми зборуваат, било поминало.

Во ред е да се спомне уз муабет или на шала, ама да посветиш цел разговор за бившите партнери.... чиста глупост.
 
НА почеток на врска отварам екс досие и се кажуваат најважни работи.Тоа трае 10 минути и после за затвора тоа досие и го фрлам.НЕма потреба од зборување за бивши ако сакам иднина со партнерот.
 
ни под разно немам за што да се замарам со некој од минатото ме интересира денешницата а и иднината секако
 
ZOSTO DA NE?PA BIDEJKI ZIVEAM VO MALO MESTO I SE SE ZNAE NEMA STO DA SE KRIE.E SEGA NE E DOBRO TOA DA SE SLUCUVA CESTO ILI MOZE I NIKOGAS DA NE SE ZBORUVA ZASTO COVEK STO ZIVEE SO MINATOTO E VEKE MRTOV COVEK.ZIVOTOT E POLN SO MNOGU PREKRASNI MOMENTI I E PREKRATOK DA SE SPOMNUVAAT RABOTI STO POMINALE.E PA LUGE MOE MOTO:ZIVEJTE GO ZIVOTOT PRAKTICNO I KORISNO

Исклучи Caps Lock! - Crazy in Love
 
nejkam da prasuvam, nejkam da kazuvam. najubavo e taka. ama sepak, kolku i da se trudis nekoi raboti nekogas isplivuvaat na povrsina.
 
Не ме интересира...а и мразам кога ме прашуваат такви работи
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom