- Член од
- 23 март 2007
- Мислења
- 2.370
- Поени од реакции
- 62
Тука можете да постирате дела кои ви оставиле силен впечаток, ве импресионирале и ве обогатиле. Тоа може да се писатели, историчари, физичари, научници, спортисти, хемичари, дизајнери, кувари и сл.
Му се поклонувам на делото на ФРИДРИХ НИЧЕ "Така зборуваше Заратустра".
Ниче, еден од најголемите филозофи на минатиот век кој ќе изврши големо влијание и врз оние кои по него следуваат, создавајќи еден нов и радикален филозофски систем на вредности и размислување, во ова свое дело говори за Новиот Човек- за Натчовекот.
ЗА ДЕТЕТО И БРАКОТ
Имам едно прашање само за тебе, брате мој: ова прашање го спуштам во твојата душа како пљумбе за да дознаам колку е длабока.
Ти си млад и сакаш дете и брак. Но јас те прашувам: дали си ти човек што смее да посакува дете?
Дали си ти победник, дали си се совладал самиот себе, дали си станал господар на своите чувства и на своите добродетели? Тоа те прашувам јас.
Или преку твојата желба зборуваат животното и нуждата? Или осаменоста? Или незадоволството од самиот себе?
Сакам твојата победа и твојата слобода да копнеат по дете. На својата победа и на своето ослободување треба да им градиш живи споменици.
Треба да градиш над себе. Но прво мораш самиот да бидеш изграден, со исправено тело и душа.
Не треба да се расплодуваш само што е можно повеќе, туку се повеќе да се расплодуваш во височина! Во тоа нека ти помогне градината на бракот.
Треба да создадеш едно повисоко тело, прво движење, тркало што се врти само од себе - треба да создадеш творец.
Брак: така ја викам јас волјата на двајца да создадат едно суштество што ќе биде повисоко од оние што го создале. За мене бракот е заемност на страхопочитување, страхопочитување на оние што ја сакаат таквата волја.
Тоа нека биде смислата и вистината на твојот брак, Но како да го наречам она што многубројните, премногубројните, тие одвишни луѓе го викаат брак - ах, како да го наречам тоа?
Ах, таа сиромаштија на душата на двојката! Ах, таа кал на душата на двојката! Ах , тоа окаено уживање на двојката!
Сето тоа тие го нарекуваат брак и велат дека нивните бракови се склучени на небото.
Па мене не ми треба тоа небо на одвишните! Не, не ми требаат тие животни заплеткани во небесна мрежа!
Не смејте се кога зборувам за таквите бракови! Кое дете немало причина да плаче над своите родители?
Еден човек ми се стори достоен и зрел за смислата на земјата но кога ја видов жена му, земјата ми се стори лудница.
Да, би сакал земјата да трепери во грчови кога замно се справуваат светец и гуска.
Овој тргна како јунак да ја бара вистината, а надокрај си плени мала, нагиздена лага. Тоа тој го вика свој брак.
Оној беше непристапен во своето однесување и долго избирање. Но одненадеш го уништи своето друштво засекогаш: тоа тој го вика брак.
А пак оној бараше слугинка со добродетели на ангел. Но одеднаш тој стана слугинка на жена си па сега сигурно да стане и ангел.
Мислам дека сите купувачи се грижливи и дека сите имаат итри очи. Но и најитриот ќе ја купи жена си како мачка во вреќа.
Многубројни кратки лудости - тоа се вика кај вас љубов. А вашиот брак е крај на тие многубројни кратки лудости, како една долга глупост.
Вашата љубов кон жената и љубовта на жената кон мажот : ах, барем да беше сомилост кон страдалничките и скриени богови! Но најчесто тоа е само меѓусебно запознавање на две животни.
Но дури и вашата најдобра љубов е само восхитена споредба и болен жар. Таа е факел што треба да ви свети кон повисоки патишта.
Некогаш треба да љубите над самите себе! Дури така учите да љубите! И затоа моравте да ја испиете горливата чаша на својата љубов.
И најдобрата љубов претставува чемер во чаша: така таа буди копнеж кон надчовекот и предизвикува жед во тебе, творецу!
Жед за творец, стрела и копнеж за натчовек: кажи брате мој, тоа ли е твојата волја за брак?
Таквата волја и таквиот брак за мене се свети.
Така зборуваше Заратустра.