MTV се гаси - крај на една ера

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
Во 90тите пораснавме со МТВ. Имаше секаков вид на музика, а и музиката беше подобра каде каде него ли сега. Се сеќавам се чекаа VMAs и EMAs пошто беа прав спектакл. После се умеша Вива како европска опција и мораше МТВ да понуди мешто поразлично па се пребација на reality show програма што беше интересно првите години, али после стана досадна бљувотина.
 
Јас сум од '84, 3 години помал од MTV, па така од 80-тите не се сеќавам многу, а на тоа малку на кое се сеќавам, не е за спомнување. :sramezliv: Ама ова се првите 2 видеа на кои ми текнува кога некој ќе го спомене зборот MTV:

Двете со од 1991, тоа е годината кога станав прваче. Јас немав кабловска во тоа време, но не знам дали се сеќавате дека на тогашниот Трет канал, или Канал 3 на МТВ (имаше многу кул лого, а денес тоа е Собранискиот канал) преку ден пренесуваа програма од други телевизии: RTL, TV5 и MTV, најчесто, меѓу другите, а студиската, најчесто забавна програма ја имаа после 20:00 навечер, некаде до полноќ, кога почнуваше пак преносот од Rai Uno и секогаш најочекуваната емисија Чин Чин (со цицињата :D ), а понекогаш TV1000 и тие еротските филмови во кои се се гледаше освен кур и пичка. :D Е па мене освен овој делот после полноќ кој (не)ретко го фаќав, омилени ми беа цртаните на RTL пред 12:00 и MTV покасно. И едвај го чекав спотот на Мајкл Џексон, а богами и тој на GnR.
Околу спотот за Don't Cry на GNR:

Одеше некаква Топ Листа емисија за млади на МТВ, мислам дека Поце од Меморија беше водител. Имаше гласање, секоја недела ученици од многу основни школи во државава испраќаа уредно потпишани гласачки листи на хартии од блок за ликовно, заедно со некаков артворк кој го цртаа талентираните за ументност. Финалето беше Don't Cry против некоја песна на Мадона или некоја друга Златно Славејче песничка, се сеќавам дека се органиравме масовно, испративме тон хартија за Don't Cry и ги урнавме сите надежи на противниците. Едноставно беше недопустливо ГнР да загуби таков дуел.

Чувството кога водителот ќе ја покаже листата од твоето школо, бесценето. Имавме повеќе гласови отколку што има деца сега во школото.
Автоматски споено мислење:

Во 90тите пораснавме со МТВ. Имаше секаков вид на музика, а и музиката беше подобра каде каде него ли сега. Се сеќавам се чекаа VMAs и EMAs пошто беа прав спектакл. После се умеша Вива како европска опција и мораше МТВ да понуди мешто поразлично па се пребација на reality show програма што беше интересно првите години, али после стана досадна бљувотина.
Вива беше добар канал во тоа време.
 
Двете со од 1991, тоа е годината кога станав прваче. Јас немав кабловска во тоа време, но не знам дали се сеќавате дека на тогашниот Трет канал, или Канал 3 на МТВ (имаше многу кул лого, а денес тоа е Собранискиот канал) преку ден пренесуваа програма од други телевизии: RTL, TV5 и MTV, најчесто, меѓу другите, а студиската, најчесто забавна програма ја имаа после 20:00 навечер, некаде до полноќ, кога почнуваше пак преносот од Rai Uno и секогаш најочекуваната емисија Чин Чин (со цицињата :D ), а понекогаш TV1000 и тие еротските филмови во кои се се гледаше освен кур и пичка. :D Е па мене освен овој делот после полноќ кој (не)ретко го фаќав, омилени ми беа цртаните на RTL пред 12:00 и MTV покасно. И едвај го чекав спотот на Мајкл Џексон, а богами и тој на GnR.
МТВ3(собранискиот) да не беше ќе потпадневме под Цеца, Зорица БрунЦлик и Џеј од Рамадановци. Едно време почнаа да пуштаат пренос од MTV Alternative Nation емисија,од каде пола мое друштво станаа рокери/металци, и тоа ги држи до ден денес :) После почнаа да даваат преноси и од ВХ1 особено навечер и мислам дека то е пресудно за нашиот правец на музика.

А инаку, мене кога ќе ми ја спомнат МТV прво нешто ми иди е:

Вчера баш слушав песни од таа 1991 и изгледа има многу повеќе видеа на кои се сеќавам од што мислев. Овие сигурно не сум ги гледал подоцна, туку се баш од тоа време и од MTV:

Дали се сеќавате на МС СМС?
Негде ги имаше околу 2005година. Преку пораки си бараш песни и ти ги пуштат, беа само за странски и наши забавни песни.

Не отепаа последните години 20 год со глупи квизови и турски серии. Ништо друго нема освен тоа. На Лила глупион квиз трае 15год веќе.
 
Турскиве серии мислам скоро за беспари им ги даваат да лупаат султанска пропаганда по овие простори.
 
Дали се сеќавате на МС СМС?
Негде ги имаше околу 2005година. Преку пораки си бараш песни и ти ги пуштат, беа само за странски и наши забавни песни.

Не отепаа последните години 20 год со глупи квизови и турски серии. Ништо друго нема освен тоа. На Лила глупион квиз трае 15год веќе.

Како се викаше таа една што водеше емисија беше добра многу.
 
Кога почнаа да ја емитуваат кај нас (на трети канал или на некоја лева фреквенција), сеуште имаше само два МРТВ канала и ништо друго.
Тоа беше крај на 80-ти. Тогаш и Симпсонс даваа на MTV. Сеуште чувам видео-касети со Yo! MTV Raps, со Dr. Dre & Ed Lover (не, не тој Dre сите што мислите дека е). После се појавија и Бивис енд Батхед, а и други. Yuka Brothers & Happy Tree Friends ми се омилени.
 
Радио слуша секој додека се вози во автомобил.
Thats the point. Тоа го зборам дека радиото еволуира. Исто така стариве додека шетале со транзистори и слушале емисии, вести, музика сега ние а највеќе зумериве слушаме поткасти, вести и музика.

Телевизијава полека се претвори у компјутер. Ставаш интеренет и сам си селектираш музика од музичка платформа, филм од филмска, спорт од спортска ....
 
А инаку, мене кога ќе ми ја спомнат МТV прво нешто ми иди е:

Страшен хит беше ова. До ден денес не знам што пее човекот :pos:
 
Не отепаа последните години 20 год со глупи квизови и турски серии. Ништо друго нема освен тоа. На Лила глупион квиз трае 15год веќе.
Квалитетот на ТВ програмата е мнооогу опаднат. Не е само турските серии, туку колку фалат квалитетни документарни емисии на било кое поле, Македонија е непресушен извор на теми на кои може да се обработат квалитетни документарци. Македонска серија да не правам муабет од кога не е снимена. А сите живеевме во период на: „Погрешно време“, „Трст виа Скопје“ „Салон Хармони“ „Македонија може“ „Опстанок“ „Обични луѓе“ „итн. кои продукциски можеби не беа којзнае што ама беа наши. Сега нашиве актери единствениот ангажман му е синхронизатори на турските серии, и по некоја театарска претстава.

Културата е дотерана до сам ќош, а на сцената владее кич и шунд, за жал...
 
Страшен хит беше ова. До ден денес не знам што пее човекот :pos:
Сега баш гледам што прај човекот, и дали се занимава уште со музика или е конобар во МекДоналдс, и имал 4-5 албуми и се ама се прослави само со таа песна и толку.
 
Јас немав кабловска во тоа време, но не знам дали се сеќавате дека на тогашниот Трет канал, или Канал 3 на МТВ (имаше многу кул лого, а денес тоа е Собранискиот канал) преку ден пренесуваа програма од други телевизии:

Да не беше розев знакот т.е. беше пишано Канал 3 со розеви букви? :) Имам касети од братучеди кои преснимувале песни тој период од 91 до 94та, па се прашував кој канал бил тој :icon_mrgr:

Дали се сеќавате на МС СМС?
Негде ги имаше околу 2005година. Преку пораки си бараш песни и ти ги пуштат, беа само за странски и наши забавни песни.

МС СМС и Рок Кафе со покојни Влатко Морал :icon_mrgr:

IMG-20251019-150056.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom