MTV се гаси - крај на една ера

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
Ерата заврши реално негде пред 10 години кога заменија музика со најдебилни реалити шоуа.
Баш само таа со реалити шоуа, MTV HD ќе остане, а ги гасат 80-ти, 90-ти, 2000-ти.
 
Тоа беше само на оригиналниот MTV канал, американскиот. Овие британските, кои всушност згаснуваат, освен видео спотови и концерти, никогаш не прикажувале ништо друго.
Тие канали ги пуштија од кога касно им текна дека никој не гледа глупи реалити, веќе кога спотифај и јутуб постоеа.
Ама секако за стари спотови беше VH1, MTV беше за нови премиерни спотови, така џабе, пропала инвестиција.
 
Битно е Planeta Payner да опстои, се други нека иде у ѓавола
 
Единствено нешто за кое пуштав телевизија, вртеше така во позадина.
Како што пратам и помалце спорт со годините веќе плаќање телевизија нема никаква поента.
 
Колку што знам само неколку MTV канали се згаснаа, а не сите.
VH1 на пример уште постои а тој е исто под MTV.

MTV сам си се закопа уште пред многу години кога ја сменија програмата со реални шоуа.
 
Нема сега емтиви, идемо :icon_mrgr:
МТВ ти е американски пинк. Дури и Фазлија е измислен за пола од срањата што ги даваа таму. Lick my pussy тип на песни, Дрејк, мамбл рап и овие шоуа што ги спомна Анон, со лижење мишки и слично.
 
Штом се гаси MTV сигурно и VMA повеќе нема да има,штета голема
 
VH1 на пример уште постои а тој е исто под MTV.
Постои само американскиот VH1, за територијата на САД. Тој што го гледавме ние на времето, VH1 Europe, во 2021 се ребрендираше во MTV '00s. Така што, во Европа VH1 нема веќе 4 години.
MTV сам си се закопа уште пред многу години кога ја сменија програмата со реални шоуа.
Аманте бе со ова! Реалните шоуа се само на оригиналниот, американскиот MTV. Сите овие канали (британски) што згаснуваат никогаш немаат емитувано реално шоу.
 
Денешните генерации кои се растени со YouTube не можат да разберат колку важна беше појавата, растот и развојот на MTV во изминатите децении.
Ова ^^

Не се опишува со зборови каков гигант беше MTV кон крајот на 80-те и почетокот на 90-те. Кога музичката индустрија престана да вложува во квалитетни видео спотови, престана и причината да постои. Дека MTV било пинк и шунд може да зборуваат тие што го гледале подоцна. Во пикот, MTV беше глобален феномен и да не постоеше, ние овде ќе бевме затуцани за музика, само луѓе што се занимаваа со музика професионално или имаа можност да патуваат во тие времиња ќе имаа претстава што е што. MTV ни беше прозорец кон светот за музика, се до интернетот. Господ здравје да им даде и на сите оние кои отворија пиратски телевизии во секој град и село и ни пуштаа се за без пари, додека ги изрегулираа видовме се од MTV, Wrestle Mania, до германски RTL ако знаете на што мислам. :D
 
Јас сум од '84, 3 години помал од MTV, па така од 80-тите не се сеќавам многу, а на тоа малку на кое се сеќавам, не е за спомнување. :sramezliv: Ама ова се првите 2 видеа на кои ми текнува кога некој ќе го спомене зборот MTV:

Двете со од 1991, тоа е годината кога станав прваче. Јас немав кабловска во тоа време, но не знам дали се сеќавате дека на тогашниот Трет канал, или Канал 3 на МТВ (имаше многу кул лого, а денес тоа е Собранискиот канал) преку ден пренесуваа програма од други телевизии: RTL, TV5 и MTV, најчесто, меѓу другите, а студиската, најчесто забавна програма ја имаа после 20:00 навечер, некаде до полноќ, кога почнуваше пак преносот од Rai Uno и секогаш најочекуваната емисија Чин Чин (со цицињата :D ), а понекогаш TV1000 и тие еротските филмови во кои се се гледаше освен кур и пичка. :D Е па мене освен овој делот после полноќ кој (не)ретко го фаќав, омилени ми беа цртаните на RTL пред 12:00 и MTV покасно. И едвај го чекав спотот на Мајкл Џексон, а богами и тој на GnR.
 
MTV imase razni sekojdnevni emisii, nedelni ili godisni kako VMA.

Eve edna od niv koja mi se svidjase:

MTV му доаѓа у стилот, се во свое време.
Ми текнува како чекавме да пуштат премиера на новиот спот на Металика, на Продиџи. Сега таквиот маркетинг се прави преку социјалните мрежи а видеото се пушта на Јутјуб.
Инаку за слушање радио во кола, додека работев во рент-а-кар муштериите најчесто бараа помош за да ги поврзат телефоните и преку нив да пуштаат спотифај.
Како и да е, последниве 10 години многу подобра музика може човек да чуе на FTV (Fashion TV) отколку на било кој музички канал.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom