dragonsky
Hate leads to suffering
- Член од
- 25 декември 2010
- Мислења
- 43.424
- Поени од реакции
- 85.395
Истрага на местото на злосторството (Лас Вегас и Мајами), Озборувачка, Натприродно, Менталист, Фринџ, Семејни убиства... Ова се само дел од најпознатите светски сериски филмови кои ќе се емитуваат на националната телевизија.
Фантастичната комедија „The Big Bang Theory“, почнувајќи од денеска ќе се прикажува секој ден од понеделник до петок во 19 часот, информираат од МРТ1.
„Озборувачка“ исто така стартува од денес во 21 часот, а потоа ќе продолжи да се емитува секој понеделник и вторник од 21:30.
Долгоочекуваната нова сезона на „CSI: Las Vegas“ ќе може да ја погледнете уште вечер во 22 часот, за неа е резервиран и секој нареден понеделник во истиот термин.
Во вторник и петок во 22:10, ексклузивно на МРТ1 ќе се прикажуваат новите сезони на „Фринџ“ , додека во петок и недела од 21:30 гледачите ќе имаат можност да ја гледаат крими-драмата „Менталист“.
Недела-22:10 е термин резервиран за новите сезони на „CSI: Miami“.
Репертоарот е пополнет со богата програма, но националната МРТ1 не ги заборави најмалите.
Телевизијата која некогаш беше пример за тоа што треба децата да гледаат повторно си ја враќа титулата- најавува нова и богата детска програма.
„Пингвините од Мадагаскар“ и „Дора истражува“ синхронизирани на македонски јазик, дечињата ќе може да ги гледаат секој ден од 10 часот.
Земете го далечинскиот во рака, стиснете на 1 и уживајте во богатата и разновидна програма која ви ја сервира националната МРТ1.