МРТВ - Македонска радио телевизија

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Не мислам на тебе, сите гледам пишуваат од септември од другата година, за 10 години... муабети кои во моментов не гледам некаква разлика за МТВ освен што има пренос од олимпијада.
Ќе ги сопрат сите булшит програми и од септември нови. Искрено не верувам.
Имаат ФБ страна МТВ Промо и дечките се погрижиле скоро на сите да им одговорат на прашањата и како што спомна член погоре гледај МТВ промо и таму ги најавуваат сите серии а да и ќе имале ново лого ете го септември и втора програма на Македонски јазик
 
Имаат ФБ страна МТВ Промо и дечките се погрижиле скоро на сите да им одговорат на прашањата и како што спомна член погоре гледај МТВ промо и таму ги најавуваат сите серии а да и ќе имале ново лого ете го септември и втора програма на Македонски јазик
Колку што разбрав јас Ова со вториот канал на македонски јазик го најавија како дел од плановите за во иднина...
 
Уште Pcysh и ке бидам најсрекна на свет <3.
Исто и јас. :vozbud:
--- надополнето: 17 август 2012 во 16:11 ---
Колку што разбрав јас Ова со вториот канал на македонски јазик го најавија како дел од плановите за во иднина...
Исто и јас така разбрав. Вториот канал од 2014 или 2015 мислам дека ќе биде пуштен :)
 
тие програмата ке ја обноват а малце врските/линковите да ги средат не е лошо од маратонот беше катастрофа преносот или аце и прави пречки хехе
 
А некој примети ли каков беше преносот на Охридскиот маратон ,се губеше тонот, коментаторот како во дупка да коментираше толку слабо се слушаше ,шуштеше тонот и се беше катастрофа во преносот
 
тие програмата ке ја обноват а малце врските/линковите да ги средат не е лошо од маратонот беше катастрофа преносот или аце и прави пречки хехе
А некој примети ли каков беше преносот на Охридскиот маратон ,се губеше тонот, коментаторот како во дупка да коментираше толку слабо се слушаше ,шуштеше тонот и се беше катастрофа во преносот
Ајде од септември ќе биде подобро..... :sneaky:
 
Лига на шампиони во Македонија: еден меч на македонски, а сите други на српски јазик


Најголем дел од преносите од последното квалификациско коло од фудбалската Лига на шампионите, кои се играат денеска и утре, ќе бидат емитувани со коментар на српски јазик преку телевизиската платформа Макс ТВ во сопственост на фирмата „Те-Хоум“, која е носител на телевизиските права за најпрестижниот клупски спортски настан во Европа, дознава МКД.МК.


Српскиот јазик ќе доминира на преносите од фудбалската ЛШ во Македонија
Макс ТВ од викендов почна со најава за натпреварите кои спортските вљубеници ќе можат да ги погледнат на каналите на овој оператор и тоа преку каналите на телевизијата „Арена спорт“ во стандардна и во висока резолуција. Но, на рекламите не е најавено на кој јазик ќе бидат коментирани средбите, прашање што изминатиов период преокупира многумина поради напливот на преноси од спортски настани на јазикот на северниот сосед, кои на гледачите им се сервирани преку неколку кабелски телевизии како „Спортклуб“ и „Евроспорт“.
Според информациите до кои дојдовме, коментар на македонски јазик ќе има само на еден меч додека сите останати ќе бидат пренесувани на српски јазик. Мал исклучок ќе има денеска со оглед на тоа што средбите се играат во два термина (18 и 20.45 часот) поради што македонскиот јазик ќе може да биде слушнат на два натпревари. Коментатори на македонски јазик најверојатно ќе бидат новинарите од Македонската телевизија (МТВ).
Проблем со емитувањето преноси од најеминентното клупско фудбалско натпреварување нема никој во државата, пред се во Советот за радиодифузија (СР), кој е задолжен за следење на случувањата со телевизиите. Оттаму велат дека „Те-Хоум“ неодамна регуларно го регистрирал реемитувањето на каналите на „Арена спорт“, чија матична земја е Србија и кои без никаков проблем може да зрачат програма на оригиналниот српски јазик во Македонија.
Ова само значи дека нема никакви правни пречки за емитување на преноси од ЛШ, но и од Лига Европа (ЛЕ) со српски коментар, но, сепак, останува моралниот аспект на проблемот, кој е наметнат уште од пред извесно време со реемитувањето на останатите спортски канали на јазикот на северниот сосед. Најголема замерка на ваквиот начин на работа е преголемата глорификација на спортистите од Србија на сметка на Македонците. Тоа значи дека во претстојната сезона од најсилните клупски фудбалски натпреварувања на Стариот континент (ЛШ и ЛЕ) на најголем дел од средбите среде Македонија ќе слушаме пофални зборови за Немања Видиќ, Бранислав Ивановиќ или Дејан Станковиќ наместо за Дарко Тасевски, Агим Ибраими, Горан Пандев…

Превземен текст од MKD.MK
 
^ Се знаеше ова некое време веќе.
Вака е низ цела Европа ама со таа разлика што во Европа имаат повеќе канали. Така да реално кај нас би требало пр.еден меч на МТВ а друг на Канал 5 ама ова е МКД така да..
 
Шо има текстот врска со Македонска телевизија? Не е крива телевизијата што натпреварите ќе одат на српски јазик, има по моќни приватни телевизии од државната која може да фрлат пари за да се емитуваат натпреварите на нивните телевизии, ама неќат, па сеа ќе трпиме, уствари сеедно ми е мене, секако нит фаќам арена спорт, нит ќе слушам српски коментатори.
И нели е време да се промени насловот на темата во МРТВ (Македонска Радио Телевизија).
 
Moжеше T - Home да им отоври уште неколку посебни канали на МТВ што ќе се наплаќаа и таму коментаторите наши да си ги коментираат натпреварите или веќе ако пуштаат Т - Home Arena sport нека го пуштат целиот програм не само за Лига Шампиони и Лига Европа ,некако вака е глупо ама тоа е што е ,. да не забегуваме со моабетов што нема врска со МТВ во темава;)
--- надополнето: 21 август 2012 во 19:57 ---
Фудбалската Лига на шампионите од денеска и на MaxTV !!!
Со коментар на македонски по еден или по два меча дневно..

на МТВ ќе оди само еден меч - Среда, а на МaxTV со коментаторите од МТВ по еден или по два меча дневно другите сите со србски коментатори од Арена Спорт така бар јас разбрав
 
Што е финтата, во Битола на Моби (Телекабел кабелска) ја гледам МТВ1 на сигналот од дигиталната Jungle TV?

Според квалитетот на сликата можам да кажам дека не ќе да е баш дигитализирана нашава национална телевизија, највероватно конвертираат аналоген сигнал. Како и да е не ја бива :notworthy:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom