МРТВ - Македонска радио телевизија

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
И Ова е Македонија е ископирано од РТС. Таму имаат емисија Ово је Србија со ист концепт.
Оваков концепт на емисии и претходно ги имаше на МТВ , програма на градовите како и Скопска програма сега единствено се преименувани .Можеме да кажеме дека РТС копирале од нас ;)
 
:pos:
Невозможно е РТС или ХРТ да копираат од нас, тоа се класа од телевизии во споредба со нашава. И концептот на РТС-овата е од одамна, што значи сепак МТВ го ископирала името како што и српскиот превод на The big bang theory го ископирале од Србите.
 
МРТ1 | Што ќе понуди МРТ во 2013-та?



МРТ1 | Програма 2012/2013 - Домашна продукција



МРТ се врати на голема врата. Ребрендирањето и новата програмска шема повторно го ставија јавниот сервис на првиот број на далечинскиот управувач речиси во секој дом. Тенденцијата на постојан раст на гледаноста продолжува. Маркетинг агенциите беа првите кои ѕирнаа дел од она што се подготвува за следната година.

„Целта да го вратиме имиџот на МРТ успеа, сега ќе работиме на подобрување на рејтингот на гледаноста, иако, по дефиниција, јавниот сервис не треба да се стреми кон висок рејтинг, туку кон законски утврдениот јавен интерес“, изјави Марјан Цветковски, генерален директор на МРТ.

Квалитетната странска програма ќе биде надополнета со сопствена продукција. Наскоро почнува снимањето на високобуџетна домашна играна серија, повеќе шоу програми и квизови, едукативни детски и младински емисии, документарни филмови. Спортот останува во сржта на понудата.

„Се прават нови играни серии, нови ток шоуа како ЏИШ со Игор Џамбазов и Тунел со Живкица Каленикова, но и други изненадувања кои во текот на наредната година ќе бидат дел од програмата, меѓу другото и сопствена продукција на “Танц со ѕвездите“, вели Слободан Младеновиќ, раководител на Секторот за маркетинг на МРТ.

Амбициите на Јавниот сервис не запираат овде. Се враќаат оркестрите и детското драмско студио. Процесот на напуштање на аналогниот сигнал ќе заврши до јуни в година. Паралелно се работи и на дигитализација на архивите кои ја содржат колективната меморија на македонскиот народ во изминативе речиси 70 години.
 
МРТ ќе надсинхронизира шпански серии

Толку од надежта дека МРТ ги откупиле популарните шпански серии „Интернат“, „Соседи“ и „Физичар и хемичар“! Всушност, тие откупиле шпански серии, но историски. Згора на се, Јавниот сервис најавува дека истите ќе се емитуваат со македонска надсинхронизација.
А1 и Сител се обидоа да надсинхронизираат шпанска серија, па сите видовме каков беше резултатот. Липсингот на македонскиот и на шпанскиот јазик е сосема различен, затоа сите шпански надсинхронизирани серии поминаа неславно. Но, како и да е, наскоро очекувајте многу повеќе информации поврзани со оваа вест, како и синопсис за двете откупени шпански серии „Легендата за Шпанија“ и „Империја“.


g4q-Image1.jpg http://www.tvpaket.com.mk/serii/1681-2012-12-13-21-45-16
 
вака некако би биле надсинхронизациите на историските шпански серии ,бар јас тоа така го замислувам
 
Како поинаку ќе го гледа човек Mad Max пак, ако не на ТВ :)
Бетмен, Матрикс, Адвокатот на ѓаволот.....добри се добри
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom