МРТВ - Македонска радио телевизија

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Eдинствено добро шо гледав на МТВ летово беше ова серијата Бостонски адвокати мислам се викаше нека земат да ја средат програмата нека направат новитети нешто и не мора сите серии да им се нови нека земат Мистер Бин нека го даваат незнам дали некој нема да гледа,Цртани филмови некој квиз нека ги префрлат лотото и бингото на МТВ одма ке привлечат гледачи,поке спорт нека даваат некоја фудбалска лига нека земат и најважно да ги сменат овие спикерите на вестите за никаде се не можам да ги гледам
 
На 6 нови серии ти мистер Бин го бараш, то ти е исто ко тропски горештини пак да оди. :D Не дека е лош бин, напротив.
 
Него го зедов за пример има и серии од порано што се добри ама не сега само нив да ги даваат секој сака да види нешто ретро од порано ама не секои 3 месеци да ги гледам истите
"Се плашите ли од темнината" го имаат давано скоро одамна ја неам гледано таа серија
 
И вие не сте фер, кај се единствени што не даваат ниедна турска/индиска серија (барем мислам дека не даваат) пак мрчите.
За мене самиот факт дека не даваат уопште ниедна ваква серија ги става у предност пред другите, не па да ги донесат серииве.
Само да се мрчело еј.
Чилекс се зафркаваме :D (ова за сите важи.од многу зијан нема.)
 
Морам да ги пофалам колку на ниво одговараат и не паѓаат на провокации кога некој ги прашува на фејсбук. Очигледно се работи за професионалци, а не за некој како Саше или Филе.
дај линк од нивната фб страна:)
 
После се ова знам дека годинава два канали ќе гледам: МТВ и Спортклуб.
Друго не ми е потребно!
 
Прво, супер тоа што почнаа да купуваат нови серии, филмови итн. Ќе ја разбие монотоноста што владее веќе над 10 години на МТВ. Немам ништо против тоа, позитивно е. НО, за мене МТВ ќе ја обнови програмата во оној момент кога ќе почне да продуцира македонски серии, приказни и слично. На времето само македонските серии (за возрасни, детски...) беа во поголем број отколку сега што имаат купени странски. За TBBT е лесно, имаш интернет - имаш се, за македонска продукција е проблемот. Значи нема мрчење, само да направиме разлика.

Друго, нели ќе се ребрендираше МТВ, лого, ова-она. Нешто инфо кога ќе биде тоа?
 
Секоја чест за МТВ, заличуват на вистинска ТВ, се повеќе квалитетна програма, се помалце шкарт. Но, се е џабе ако јавниот сервис, значи потенцирам јавен сервис својата информативна програма не ја смени.

Реално знам дека никогаш нема да бидат скроз неутрални, едноставно така се поставени работите кај нас, меѓутоа моментално нивните вести се најбедна политичка пропаганда, на ниво на некоја локална партиска ТВ од некоја ебиветер општина во источна македонија, ајде може со новиот тим на уредници и новинари ќе се управат.
 
Секоја чест за МТВ, заличуват на вистинска ТВ, се повеќе квалитетна програма, се помалце шкарт. Но, се е џабе ако јавниот сервис, значи потенцирам јавен сервис својата информативна програма не ја смени.

Реално знам дека никогаш нема да бидат скроз неутрални, едноставно така се поставени работите кај нас, меѓутоа моментално нивните вести се најбедна политичка пропаганда, на ниво на некоја локална партиска ТВ од некоја ебиветер општина во источна македонија, ајде може со новиот тим на уредници и новинари ќе се управат.
A кој нормален гледа вести на МТВ (освен ако не фаќаш друг канал на тв) ?
Како што кажа некој погоре, фали македонска продукција на серии (од типот на сапуници, комедии ситкоми, квизови и сл). За ББТ и другите серии постои интернет, и досега сигурно кој сакал и го интересирало ги гледал. Не значи дека ова е лош потег, напротив сите тука формуџии го оправдуваат и подржуваат.
Ама сепак ни фали македонска продукција, нешто што не може да го најдеме на интеренет, и веувам сите ќе бидат залепени за тв, од старо до младо, ќе има и рејтинзи и се.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom