МРТВ - Македонска радио телевизија

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
италианско првенство на Мтв немат шанса бар Бранче кажа на почеток од оваа сезона дека била одкупена на уште 5 6 години така да ...

Јас па прочитав дека на Телма оваа година и завршувал договорот за пренос на италијанската лига, а која од овие две информации е точна незнам. Германско сигурно нема да пренесуваат, до 2015 ќе оди на еуроспорт. Истото важи и за англиската и шпанската лига (од наредната сезона) кои (ќе) одат на спортклуб а како што сум запознат овие телевизии ги откупиле правата за пренос на лигите во сите екс-ју држави.
Инаку, да, уште неколку работи да се средат како дигитален (па зошто не и хд) сигнал, подобрување на забавната програма и неколку добри серии и мислам дека ќе го вратат приматот најгледана телевизија. Добар дел од македонските граѓани гледаат како да се ослободат од турско-индиските глупости кои се прикажуваат по цел ден, така да оваа промена ќе дојде и повеќе од добра :)
 
Имаат веќе ХД сигнал во Скопје преку антена т.е. DVB-T,ако си од Скопје побарај го на 52 канал мислам дека беше.Само уште ХД програма да продуцираат,спортовите ги пуштаат со ХД баш гледав формула пред некој ден на ХД.А за знакот веќе имаше конкурс,би требало да одбрале лого само рекоа ќе требале да ги средат студијата па после да го пуштат новото лого.
 
Време е МТВ да го фати последниот воз!
Македонската Телевизија веќе со години тоне, како во квалитет така и во гледаност. Одвреме – навреме ќе се појават некои знаци на живнување, но ништо посериозно не се средува.
Радиодифузната такса веќе некое време е задолжителна, па срамота е веќе МТВ да се жали како нема пари за нови инвестиции. Да, МТВ се дигитализираше, ова веќе не е период на најголемо дно на националниот сервис, но време е веќе да се направи следниот чекор – комплетна промена.
Рејтингот на Првиот програмски сервис е апсолутна катастрофа, и тешко е да се промени преку ноќ. Но, спортските преноси од ова лето ќе ги има во изобилие, почнувајќи од Европското првенство, продолжувајќи со Олимпијадата и завршувајќи со најдолготрајната инвестиција – Лигата на шампиони, која ќе се емитува од оваа есен во среда.
Сега е моментот кога МТВ мора да проработи со полна пареа и да го фати вистинскиот чекор за да може повторно да пламне. Работниците веднаш мора да се зафатат со работа, да најдат нови сили, идеи и програми, и да се започне со враќањето на вистинскиот сјај на Македонската телевизија.
Бидејќи, ако се испушти ова лето за промовирање, кога ќе емитуваат две големи спортски натпреварувања (првпат по 2004-та година), ќе треба да чекаат уште две години за да добијат летна платформа за рекламирање, преку СП во Бразил. А минатото СП, МТВ го искористи да ја промовира Маја Даниелс и ТВ Крстозбор (!).
Замислете, колку само добра подлога за промовирање би имала МТВ ова лето, ако се искористи како што треба? Тоа е практика секаде низ светот (посебно во САД, каде што мрежите се „тепаат“ за големите спортски натпреварувања, кои иако им носат загуба, им се премногу корисни за промоција).
А, на што би требало да се фокусира МТВ за наредната сезона? Снимајте нова драмска серија, сапуница. Тоа ќе се прошири меѓу народот. Формирајте ваш ТВ јунак. Направете бренд. Од кога МТВ нема свој бренд? Од Бушава азбука и Македонски народни приказни?
Време е! Време е конечно МТВ да се заангажира сериозно за работа, и да почне да работи светски, како што треба.
И да, под итно да се промени цел визуелен идентитет, со што ќе се смени и општата слика дека МТВ е вистинска катастрофа. Така сите ќе добијат впечаток дека нешто се работи во најголемиот македонски облакодер.
Извор
 
Имаат веќе ХД сигнал во Скопје преку антена т.е. DVB-T,ако си од Скопје побарај го на 52 канал мислам дека беше.Само уште ХД програма да продуцираат,спортовите ги пуштаат со ХД баш гледав формула пред некој ден на ХД.А за знакот веќе имаше конкурс,би требало да одбрале лого само рекоа ќе требале да ги средат студијата па после да го пуштат новото лого.

Не сум од Скопје, а и неможам да ги барам каналите преку антена затоа што користам макств :) . Би било добро да направат договори со операторите, па да се вметне тој каналот во нивните понуди (слободно може да ги отстранат мтв 2 и мтв 3). Ф1, ЕП, олимпијада и ЛШ би било одлично да се пренесуваат во хд.
 
Добро годинава не се толку лоши,ТРОТОАР ги донесоа,Формула 1,СЕХА им се погоди,документарците за 20 год. незаивност беа јаки,е сега некоја серија да снимат нема да биде лошо ама од Македонски народни приказни,Во светот на бајките,Бушава азбука......РЕАЛНО сушен период е кај нас барем кога станува збор за квалитетни глумци,тогаш се погоди таа НЕЗАМЕНЛИВА генерација предводена од Колозов,сега нема кој ни да ги смисли ни да ги одглуми,целосно е изгубен и тоналитетот на глумците,порано беа одлични и за слушање,сега кога ќе треснат некој србизам да ти се згади животот.
Серии една препорака од мене DREAM TEAM да ги откупат уште 4-5 сезони им останаа зошто 10 има а до 6 знам дека ги прикажуваа,да ги почнат од почеток и да биде мераци ! :)

Има уште многу работа за МТВ ама на добар пат да се вратат се.
 
Уште едно спортско изненадување од МТВ, пренос од фајнлфор турнирот во АБА кошаркарската лига од Израел.

Полуфинале сабота
Цедевита - Партизан
Макаби - Будучност

Би требало ова да биде најава за идната сезона кога МЗТ ќе настапува, најверојатно они ќе го пренесуваат МЗТ.
 
Се помалце некако ме боли срце за 190-те денари што им ги плаќам..ама уште многу ќе треба да работат за да ги оправдаат и да не ги жалам тие пари.
 
Се помалце некако ме боли срце за 190-те денари што им ги плаќам..ама уште многу ќе треба да работат за да ги оправдаат и да не ги жалам тие пари.

Ти ги плаќаш или мајка ти?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom