МРТВ - Македонска радио телевизија

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
После избори нешто ако се среди откако ќе се формира влада па да има oдвоено парички повеќе и за МРТ :)
Делумно испадна како што кажа ти, после избори, но пред да се формира влада, на сајтот на МРТ ги додадоа новите канали :)
 
Навистина, ова е меилот што ти го вратиле? Напишан на латиница со печатни грешки, и објаснување на правилата на квизот на овој начин? Срамота за МТВ.

Кога на државни институции праќам мејлови исклучиво на кирилица пишувам, но ете сите државни институции ако ми одговараат на мејлови тоа го прават постојано на латиница.
Така ете и МРТ ми враќаат мејлови со латиница.

Квизот ќе им биде фијаско тоа го имам чувство.

Плус на рекламата на МРТ за квизот, се слуша гласот на актерот Дејан Лилиќ.
Побогу, зарем мора да земат за водител актер? Треба да му се плаќаат хонорари. И нормално повеќе пари од хонорари ќе зема водителот-актер отколку што пари ќе освојат натпреварувачите во сите епизоди вкупно снимени. Таков е случајот со Се или нешто, повеќе пари зема Лила за цела сезона отколку што натпреварувачите освојуваат пари, и Лила ќе си се шетка по разни егзотични места со народски пари од спонзори.

Можеле да земат за водител и сосема обичен и непознат за јавноста новинар кој е веќе вработен во МРТ. Нормално тој обичниот новинар само да знае убаво да се изразува и да зборува течно, отсечно и да користи литературен јазик, а не како што Дејан Лилиќ додека беше водител на Листа за 300 на тв Сител знаеше да уфрлува Скопски дијалект, истото го прави и сега Марко Новески во листа за 300 на тв Сител.
Автоматски споено мислење:

Све, дали сериозно пишале све?

Кој знае кои неписмењаци ќе си играат квиз на знаење.

Да, се што гледаш од мојот пост да е на латиница се е тоа од мејлот на МРТ за квизот, тоа што е кирилица е мое напишано.
 
Која е сврхата на МРТ3 кога сите спортски натпревари идат и на МРТ1, а некои како ПМФЛ и на Арена.

Sent from my SM-G960F using Tapatalk
 
Која е сврхата на МРТ3 кога сите спортски натпревари идат и на МРТ1, а некои како ПМФЛ и на Арена.

Sent from my SM-G960F using Tapatalk

Изговорот на Драган Николовски на фејсбук гласи: Исти натпревари одат и на МРТ 1 и на МРТ 3 од причина што ја немало МРТ 3 во понудата кај сите тв и кабелски оператори.

Во реалноста немаат којзнае што да понудат во програмска содржина на МРТ1.

А за ПМФЛ, тв правата ги поседува Арена.
 
Kojа е логиката да ја нема МРТ 3 кај сите оператори? Нели МРТ каналите се задолжителни да ги имаат операторите?
 
MRT po mene treba da se zatvori da ne postoi kako medium bidejki nema nikakva produkcija nitu kvalitetna programa dzabe drzavata trosi budzet za toj medium koj za nisto ne vredi nitu imaat sopstvena produkcija nitu filmovi nitu emisii web steanata im e za potsmev sramota drzaven medium da ima takva web strana neznam koj seuste ja sledi MRT kako televizija

Podobro vo Mk da imame РТС kako vo vremeto na jugoslavija sto bilo MRT e svetlosni godini nazat vo sporedba so РТС.
 
Што е тоа ПТЦ?

Инаку да, срамота е за МРТ да немаат на веб страницата програмска шема за сите тв канали на МРТ.

Сега веќе 5-6 денови ниту на фејсбук спортскиот новинар Драган Николовски не објавува распоред на програмата за МРТ 3.
До пред 5-6 денови редовно Драган Николовски на фејсбук објавуваше програмски распоред за МРТ 3, а сега ниту тој не објавува ништо за програмата за МРТ 3.
Сега што стигнат по сто пати репризираат репризи на репризите на МРТ 3.

Прашање е дали воопшто во оваа сезона 2020/2021 ќе има по еден пренос од секое коло од фудбалските првенства на Италија и Франција.
 
Доколку се деси затворање на МРТ јас сум да се случи како во грција што ја затворија државната телевизија па пак ја отворија.
 
Доколку се деси затворање на МРТ јас сум да се случи како во грција што ја затворија државната телевизија па пак ја отворија.
Da ja zatvorat i ako se otvori da bide nova televizija so nov koncept inaku dzabe da ja zatvorat i da ja otvorat ako prodolzat so istiot koncept.

Што е тоа ПТЦ?

Инаку да, срамота е за МРТ да немаат на веб страницата програмска шема за сите тв канали на МРТ.

Сега веќе 5-6 денови ниту на фејсбук спортскиот новинар Драган Николовски не објавува распоред на програмата за МРТ 3.
До пред 5-6 денови редовно Драган Николовски на фејсбук објавуваше програмски распоред за МРТ 3, а сега ниту тој не објавува ништо за програмата за МРТ 3.
Сега што стигнат по сто пати репризираат репризи на репризите на МРТ 3.

Прашање е дали воопшто во оваа сезона 2020/2021 ќе има по еден пренос од секое коло од фудбалските првенства на Италија и Франција.
Ne e PTC tuku na pecatno e РТС ( Радио Телевизија Србија )

Vo Jugoslavija drzavniot kanal za Makedonija bil Radio Televizija Skopje.
 
Што е тоа ПТЦ?

Инаку да, срамота е за МРТ да немаат на веб страницата програмска шема за сите тв канали на МРТ.

Сега веќе 5-6 денови ниту на фејсбук спортскиот новинар Драган Николовски не објавува распоред на програмата за МРТ 3.
До пред 5-6 денови редовно Драган Николовски на фејсбук објавуваше програмски распоред за МРТ 3, а сега ниту тој не објавува ништо за програмата за МРТ 3.
Сега што стигнат по сто пати репризираат репризи на репризите на МРТ 3.

Прашање е дали воопшто во оваа сезона 2020/2021 ќе има по еден пренос од секое коло од фудбалските првенства на Италија и Франција.

Програмата на еден државен телевизиски канал била објавува единствено на фејсбук профилот на некакво си спортско новинарче?
:yid: :yid: :yid: :yid: :yid:
 
Програмата на еден државен телевизиски канал била објавува единствено на фејсбук профилот на некакво си спортско новинарче?
:yid: :yid: :yid: :yid: :yid:

Нема, ја нема програмата за каналот МРТ 3 на интернет страницата на МРТ.

Веќе 10-тина денови ниту Драган Николовски не објавува распоред за тв програма за МРТ 3, веројатно ниту самите во МРТ 3 немаат план што повеќе да репризираат.
 
Sigurno prv si ti prijaven edvaj čekale da im piše nekoj . Šala na strana ako doznaeš nešto povekje za kvizot osobeno za nagradite nešto piši tuka. Pozdrav.

Вчера ми се јавија од продукцијата која ќе го организира снимањето на квизот.

Ми побараа да им кажам моја електронска мејл адреса на која ќе ми испратат прирачник за правила и информации за учество во квизот 20 секунди. Во текот на разговорот ми кажаа дека поради ситуација со корона снимањата првично требало во Август да бидат, но е одлучено снимањата да бидат во Октомври месец, и јас да го прочитам на мејл правилникот и правилата за квизот, и да им вратам на нивниот мејл повратен одговор дали ќе учествувам во квизот.
И ми кажа жената во телефонски разговор дека имале многу пријавени од цела држава и дека ќе имало и тестирање на кандидатите и ќе бидат известени кандидатите за тестирањата.
Подоцна на мејл отворив тоа што ми пратиле и им вратив повратен одговор дека сум согласен со правилата за квизот и дека прифаќам учество во квизот.
Сега на продукцијата останува кога ќе имаат снимања да ме контактираат.

Во атачмент ви пуштам тој прирачник со правилата за квизот, во него имате телефонски броеви и можете да се пријавите ако сакате форумџии.
А ви ја пуштам копи - пејст и целата нивна порака од мејлот во кој ми го испратија и атачментот, сега е на кирилица ;)

Информација за Учество во Квиз 20 Секунди2
Yahoo Mail/Inbox

  • photo

    20 sekundi Kviz <20sekundikviz@gmail.com>
    To:

    Thu, Aug 27 at 3:27 PM

    Почитувани,
    ДФП “3Д-ПРОЕКТ СТУДИО“ ДОО од Скопје, организатор и технички реализатор на КВИЗОТ „20 СЕКУНДИ“., со овој Допис се обраќа до сите пријавени кандидати за учество во истиот.
    Споделуваме информација дека снимањето т.е. техничката реализација на овој проект ќе започне во почетокот на месец октомври од причина што секојдневно ја следиме состојбата со вирусот и бројките на активни случаи, бидејќи досега имаме пријавено над 60 кандидати кои се од сите градови на Македонија.
    Ви благодариме за интересот, што особено не радува, но бидејќи реализацијата т.е. снимањата на емисиите ќе се реализираат во затворен простор принудени сме да обезбедиме најповолни услови за учесниците и техничката екипа.
    Исто така, Ве известуваме дека снимањата ќе се реализираат според точно дефиниран протокол и тоа:
    1. Мерење на телесна температура на секој кандидат / учесник во квизот на денот на снимањето т.е. на зборното место кое дополнително ќе го соопштиме преку електронска пошта или порака (SMS, VIBER);
    2. Организиран транспорт од наша страна од зборното место до студиото / локацијата на снимање според протокол утврден од страна на Комисијата за заразни болести;
    3. Доколку некој од кандидатите сака да дојде со сопствен превоз до студиото, Ве молам да не известите како би можеле да Ви доставиме координати до локацијата;
    4. Постојана дезинфекција на раце пред снимањата, но и во текот на снимањата;
    5. Задолжително носење на маска (обезбедена од наша страна) за време на престојот додека се снимаат емисиите;
    6. Престојот на сите кандидати кои ќе чекаат за да учествуваат во емисијата, ќе биде на отворено доколку дозволуваат временските услови или во пространа просторија не повеќе од 4-ца во неа со обезбедено место за седење на растојание од 1.5м до 2м;
    7. Дневно се снимаат 7 емисии;
    8. Освежување, (кафе, чај, вода, сок) е обезбедено од наша страна, како и закуски (кетеринг) за време на престојот додека да се учествува во емисијата;
    9. За учество во емисиите сите пријавени кандидати ќе поминат on-line тестирање (zoom, skype, video call viber) и така ќе го потврдат своето учество;
    10. Квизот доделува утешни награди за секој учесник кој ќе излезе веднаш по првиот, вториот или третиот круг, од типот (енциклопедија, USB, слушалки, звучник, и друга техничка роба), натпреварувачот кој продолжува понатаму освојува парични награди во секое наредно ниво почнувајќи од 3.000,00 ден до главната премија од 62.000,00 ден. Персоналниот данок е на наш товар.
    11. Во прилог на овој маил Ви доставуваме атачиран документ со информации за игрите, правилата на натпреварување, распоредот на снимањата.

    За сите дополнителни информации, Ви стоиме на располагање секој работен ден од 09-17.00 часот.

    Доколку се согласувате со сите горенаведени ставки и информациите во документот во attach, Ве молам повратно потврдете на овој е-маил.

    Ви благодариме за разбирањето и пројавениот интерес,
    Се гледаме наскоро…
    Останете во добро здравје
 
Attachments

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom