Вчера ја догледав цела сезона.
Да бидам искрен, не бев сигурен дали серијава навистина вреди со оглед под 1) Самото име Mr Robot и под 2) USA. Доволни фактори за серијата да те одбие. Но, по првите епизоди добив нешто сосема ново, необично, дури незамисливо за мрежа како USA. И да, уште од самиот старт серијата постави една цврста и јасна линија, со можеби пар непотребни работи. Сепак наградите што ги лапна на Critic's Choice Awards (за Глобусите очекував дека ќе наградат по дифолт нешто ново и хајпувано, така да овие се ирелевантни) малку не бев сигурен дали навистина со таква структура може да се смести во таква категорија. Но, последните 3-4 епизоди
Тоа беа моментите кога ја запознаваме вистинската природа на она што се вика Mr Robot.
Самата нарација на серијата за почеток е за пофалба, каде што Елиот во неговиот монолог, односно дијалог со нас гледачите сака да не воведе како активен учесник во самото дејство на серијата, сака да воспостави контакт, да не тера активно да размислуваме, дури по она фамозно откритие во осмата епизода Елиот не' прашува:
Знаевте за ова цело време, зар не? Извонреден лик и извонредна интерпретација на Рами Малек.
Режијата, кадровите... Mother of God
И она што е најважно според мене и клучот за успехот на серијата е самата социјална критика која серијата ја дава, каде се претставени најтемните страни на капитализмот во денешното општество, за се поголемиот удел кои корпорациите го имаат во креирањето на политиката.
Финалето на сезоната... Остави доста отворени прашања, работи кои допрва треба да ги откриеме. Но едно што знам е дека авторот сакал по самиот крај уште еднаш да ја погледнеме сезоната од друга перспектива.
Всушност ако ова било планирано да биде долгометражен филм, не е ни чудо што првата сезона е само еден мал вовед за она што би следувало. А според зборовите на Рами Малек втората сезона ќе била доста "потешка" Од првата. Не знам во која смисла го има спомнато тоа, но знам дека со НЕТРПЕНИЕ ја очекувам втората сезона.
Доста е споредувана со Fight Club, има некои ситници позајмено да, но филмот и серијата не би рекол дека имаат баш некои допирни точки. Mr Robot како и Fight Club ја има Where is my mind од Pixies, а интересно е што истиот инструментал од Mr Robot е користен и во The Leftovers, па прочитав дека Линделоф (кој наводно исто бил фан на серијава) го известил дека ќе го користи истиот инструментал.
Се' на се', презадоволен.